бројче, сигурна сум дека ќе ти текне на филмов, сличен е како тој што го бараше, ја од филмов си имав некои симпатии http://en.wikipedia.org/wiki/File:Bushwhacked.jpg 100% си го глеала http://www.youtube.com/watch?v=kr4x_nbD ... re=related да не бидам офф, јас барам еден филм, ама многу е стар, порано идеше на мтв сигурно е накај 1980тите, се работеше за друштво што ќе се трка со кола, ама колава фичо им беше, па на трки отидоа, ја напраија колава ја пустеа и на крај победија нартавно тинејџерски филм, ама доста стар така да не верувам дека некој го знае за жал кога бев ептен мал кепец го гледав и ми остана у меморија
Еј На а1 имаше еден филм го преведоа ''Лажење'' се работи за девојче која што е умрена мајка и и таа оди во некој интернат,таму сретнува пријателка која што ке и упропасти животот и ке убива луѓе и ке ја наклевети другарка и.мн е интересен филмот ама не знам како да го најдам.. HELP
Мене ми текна на еден исто стар филм. Го гледав како малечка и омилен ми беше. Главна улога беше девојче кое имаше некакви способности да поместува предмети или нешто така. Имаше една прекрасна учителка која многу ја сакаше, но тука беше и еден негативен лик - жена која личи на маж и ми се чини дека беше директорка.. знам имаше сцени кога и ги крадеа чоколатцата,.. ахх којзнае дали на некој ќе му текни. И на крајот мислам учителката го посвои девојчето, кое патем се си мислам дека Матилда се викаше..
Одамна го имам гледано филмот, како во сон се сеќавам, но ајде...Стар црно бел филм...девојче кое ќе остане само откако татко и ќе замине во војна мислам...па ќе и кажат дека татко и погинал, таа ќе биде во дом или нешто сл. и таму лошо ќе се однесуваат со неа...на крај знам татко и се врати...а јас се утепав од плачење...
Овој да не е A Little Princess само во боја е филмов, а не црно бел. http://www.youtube.com/watch?v=PDJ8lipa ... re=related
^ Тој е, само постариот снимен 1939, овој претпоставувам истиот е само во ново издание... фала ти многу
Да да истиот филм е и еднииот и другиот, само мене многу повеќе ми се допаѓа вториот филм од 1995 год.
барам два филма првиот обично го даваа на тсм се работи за едно семејство кое ќе се преселат во некоја проколната куќа имаше три деца едно постаро девојче,мало момче и мало девојче.малото девојче една ноќ ќе биде однасено од еден дух и ќе се обидуваат да го вратат откако ќе го вратат ќе се шреселат пак во друга куќа и пак таму малото ќе го одвадат пак духови и накарај ќе живеат во канцеларијата на такото без телевизор.а вториот се работеше за една жена која заедно со мажот ќе се вратат во населбата каде што порано жената живееше имаат и еден болен син.А жената ќе биде проколнувана од едно дете кое одмана е мртво а се знаело дека е пронајдено мртво во шумата но всушност неговите родители го убиле и таа жената ќе се обидува да ја дознае вистината и накрај кога ќе ја дознае родителите на детето ќе се обидат да ја убијат жената а исто така и мажот и филмот завршува така што вистината ќе се дознае и синот на таа жената и мажот ќе оздрави
Не барам филм туку македонска драма - Народен пратеник. Не знам дали воопшто ја има на нет но сакам да ја гледам пак
Барам филм. Стар е го даваа често на мтв1. Се зборува за едно дете, тинејџер кој е болен од една неизлечлива болест поради која не смее да има контакт со други луге или да излегува надвор во природа. И така дома има еден заграден простор со Фолии само за него каде што тој престојува. Потоа се заљубува во една девојка која стално го посетува дома и еден ден излегува надвор со неа и ја победува мислам болеста. Така некако беше, само се секавам дека глумецот многу личеше на Џон Траволта. Едит- го најдов. Инаку Џон Траволта бил глумецот Филмот се вика The Boy in the Plastic Bubble.
Ми текна на еден филм се мислоам дека на НВО го гледав, се збореше за едно девојче нешто магии правеше и имаше метла и нешто ќе речеше 1,2,3 ајде летни ти и лета со метлата. И во еден замок се затвори. Само толку ми текнува. hock:
Порано гледав еден филм ама неможам да се сетам како се викаше..Се работи за двајца мажи кои се преправаат во плавуши..Му текнува на некој за филмов?? hock: :?
Го барам So Undercover со Miley Cyrus низ нетов ама не можам да го најдам да го гледам, па дали знае некој каде можам да го најдам онлајн??
барам еден филм се работи за едно девојце ке ја удри кола но ќе преживеее и кога ќе порасне ќе биде пеачка само на тоа се сеќавам одамна го имам гледано )
Барам еден македонски филм со македонец и албанка кога ќе се заљубат, па оваа ќе бега преку езеро. Ако го знае некој, го молам ЛП! Итно ми е, навистина.