Долго време барам еден филм никако да го најдам, ни актери ми текнува како се викат ни ништо, романтики е знам целиот, едни двајца ке се сакат и незнам зошто како ке се разделат и ке се имат договорено на тој и тој ден да се сретнат кај некое дрво мислам во еден парк, и тој ке оди таму ама таја нема да дојди мислам и тој ке остај едно писмо кај дрвото и после то таја ке го прочита така некако беше, ако разбра некој шо напишав и ако го препознај филмот нека пиши. фала однапред.
Eве повели мислам дека ова ќе биди од корист... http://thepiratebay.org/torrent/3761403 ... -_Season_1 http://thepiratebay.org/torrent/3617189 ... -_Season_2 http://thepiratebay.org/torrent/3641268 http://thepiratebay.org/torrent/3756639 ... -_Season_4 http://thepiratebay.org/torrent/3774686 ... -_Season_5 Се надевам дека не утнав
Да даааааааа!! тој е ти благодарам вик44е ех сега кога ке им седнам има да проплаче компјутерот од мене
Ајде да видиме дали ке ми помогнете уште со еден филм. Значи филмот го имам гледано многу одамна. Еден човек испи еден напиток и отиде од минатото во иднината т.е. сегашноста а пак друг човек од сегашноста исто така испи ист напиток и се врати во минатото. Сега не им е јасно што се случува. Овој од минатото не ги гледа новите изуми на човекот и неможе да сфати што е сега пак тоа (пример гледа во телевизорот и се чуди како се собрал човекот во него или што ти знам ), се плаши и прави секакви збрки а пак оној во минатото незнам како се справуваше. Филмот беше цепажа. Со сестра ми се смеевме ко луди. И навистина ми текна на филмот и баш сакам да го најдам да го гледам повторно, но нема шанси да ми текне на насловот.
Епа вака.. Знам дека филмов го даваа пред некое време на Крт, и како и да се вика таа програма, арно ама дадоа реклами, и јас заспав на рекламите( од што траеа мн малку ! ) Знам дека е од Дизни продукција, Почнува како еден човек е на Антартикот. Мнооооогу, премногу е поврзан со своите хаски, кучиња. Знам дека на сите им имаше име дадено. Арно ама знам требаше да иде ваљда дома, или незнам каде, ама да не седи на Антартикот , и не ги зема кучињата со него.. Немало место во авионот ли незнам.. Понатака.. Кученцата сами си опстануваа на островот.. Така едно 100-200 дена.. иии... натака незнам Ај ве молаааам ако некој знае да ми каже како се вика да го догледам..
хахах интересен е филмот но не е тој, станува збор за двајца што само си ги заменуваат местата. Сепак благодарам
Филмот се вика Just Visiting Го обожавам и јас филмови го имам гледано 3-4 пати http://www.tv-links.eu/movies/Just-Visiting_4344/ Еве пробај овде имас доста линкови од него
Сепак испадна да не е тој филм. Многу многу сличен е на овој. Но добар беше се изнасмеав за цела година, интересно филмче
Барам еден филм што вчера братучедка ми ми го раскажа. Го давале на телевизија пред 1-2 недели, но она не го фатила од почеток за да го види насловот. Луѓе ќе бидат во маркет, и наеднаш надвор ќе има бела густа магла. Тие ќе останат во маркетот уплашени дека надвор има нешто што ќе убие неколку луѓе. Чудовиштето е со пипки како октопод, а потоа ќе им дојдат некои огромни бубачки во маркетот и ќе се борат со нив. Главни улоги се татко и син. На крај осум души од маркетот ќе искочат некако и ќе стигнат до колата на таткото. Кога ќе им снема гориво, таткото плашејќи се дека ќе ги изеде чудовиштето, сакајќи да им помогне, луѓето ќе му побараат да ги убие со пиштол за да не се мачат. Тој ќе ги убие нив и својот син, и ќе искочи на чудовишетето, но по некое врем маглата ќе исчезне и ќе дојдат тенкови да ги спасат. Крајов е многу грд.. Кој знае како се вика филмов... МОРАМ ДА ГО ГЛЕДАМ!
Филмот се вика Магла Режија: Frank Darabont Актери: Nathan Gamble, Marcia Gay Harden, Thomas Jane Сценарио: Frank Darabont, Stephen King
Еден филм многу пати сум го гледала на ТВ ама никогаш од почеток до крај, секогаш го фаќам во средина. Сега незнам од каде една мајка со две деца се најдоа на пуст остров. Но машкото дете мислам дека беше посвоено и децата не беа брат и сестра. По некое време мајка им умре па тие продолжија да живеат на островот. По неколку години на островот доплови еден брод и тие ѓи примија луѓето. Во бродот имаше една млада девојка која сакаше да има нешто со момчето а и тој покажуваше интерес кон неа затоа што му била интересна облечена и сакал да ја види без облека, но сепак ништо не се случи затоа што тој си ја сакаше својата жена т.е. сестричката. Додека па еден маж сакаше да ја силува девојката.... мислам дека скоро сите го знаете овој филм но не знам како се вика и сакам да го гледам од почеток до крај.