Да не е онаа со 4 сестри што беа мислам, и живееа само со татко им ?! На глава му се качуваа со женски проблеми.
Девојки, да не знае некој како се вика еден филм во кој се работи за мачењето на босанците во текот на распаѓањето на Југославија? Се снимаше тука во Македонија. Не е нешто многу познат, ама сакав да прашам да не сте слушнале за него. Фала однапред.
Resident на кинотека можете да го најдете,а ако сакате поубава слика даунлоуд! ) Иначе интересен е филмов! Како мистерија е !
барам 2 филма првиот беше со еден писател, ќе доживее сообраќајна несреќа и ќе го изгуби сеќавањето.. но една жена ќе го спаси, ќе му дозволи да живее во нејзината куќа, но со цел да извлече пари од него, и ќе го тера да пишува книга.. вториот.. исто со писател еден млад писател има намера да пишува книга, па за помош кај него ќе дојде една девојка, и ќе се заљубат еден во друг.. е сега знам дека тој дејството во книгата ќе го менува во зависност од нивната љубовна врска... на крајот ќе останат заедно... ги има некој гледано?
Дали знаете филм документарец за религија, се објаснувало во филмов зошто да се верува или не во Господ такви некои работи и знам дека документарецов бил 3 дела. Првиот за религија, вториот за кулите и третиот незнам за што. Јас би сакала да го најдам тој за религија ама незнам како се вика, па ако некој знае нека каже.
За првиот, види да не е овој? http://www.imdb.com/title/tt0100157/ А за вториот, овој? http://www.imdb.com/title/tt0318283/
Леле , се свртев наопаку за да го најдам филмов Знам за кој филм мислиш и јас го барам Кога го прочитав мислењето помислив дека е мое и баш се зачудив бидејќи оваа тема не ја знам И јас само толку памтам од филмот, барем еден глумец да знаев од нив, полесно ќе го најдев Нон стоп го даваа на мтв1 кога бев малечка. Ај нека му текне на некој
Барам еден филм гледан како помала ама никако да ми текне, можеби некој го знае.. Едно семејство добива ми се чини милион долари или многу многу пари кои мора да ги потроши за ден, два или така нешто ама малерот беше мислам беше недела па не беа многу продавници отворени Купуваа глупоси, косилки, мислам 10 фрижидери, на еден му рекоа сакаме да ти ја купиме цела продавница, цепки. Но мора да ги сочуваат сметките на сите работи кои ги купиле за да после добијат билион или така нешто Многу беше смешен и исто постар 80ите или 90ите тука негде. Ама не е со Еди марфи, знам има сличен филм со него. Овој е друг со цело семејство. Знам на крај некој ќе зафркнеше работа, ќе купеше нешто без фискална Ама незнам што се случи на крај. Лудо филмче
Eј луѓе, сум се утепала од барање, ама го најдов . Ми текна дека тоа малото девојче во филмов глумеше во една серија на Телма, па го најдов името на серијата, па името на девојчето и еве го името на филмот Се вика The song spinner http://www.imdb.com/title/tt0114499/
^ ^ Не ми се верува , го пишувам името на google и ми излегуваат линкови од филмот, пола од нив се лилакови - значи сум ги кликала ама не сум знаела дека тоа е тоа што го барам, никаде немаше слика, еве сега баш зачитав, и да - тој е Пресреќна сум !! Ти благодарам многу, ти должиме частевка со Chocoholic
Cе секавате на еден филм,мислам го даваа на Mтв или A1 така често,така беше страшен,имаше еден убиец што ги силуваше па убиваше сите девојки па ги фрлаше некаде в река телата,па мајката на една девојка ке одеше на суд ,па ке бараше правда,и на крај ке го осудеа убиецот на многу години в затвор,така беше потресителн филм,мислам вистинска приказна беше? Anyone?
Барам еден филм вака нешто... Тој оди на Филипините за истражување и таму се заљубува во една девојка, но ѓи апсаат за нешто и одат во затвор,а таа останува бремена во затворот...Пред еден месец го даваа на FoxCrime или FoxLife не сум баш сигурна на која... Знае некој како се вика?
И мене сега ми текна на еден филм што незнам како да го барам. Го даваа многу на МТМ ми се чини. Човекот е композитор, професор по музика и таму каде што ќе предава, ќе држи аудиција и ќе има една девојка која преубаво пее, он така малце ќе се заљуби во неа, ќе напише композиција за неа. Исто така, ќе му се роди син кој ќе биде глувонем.. Ви се чини познат? М?
Девојки барама еден филм..сега за божиков играше на ТВ имаше едно девојче кое на дедо мраз му рече дека за божиќ сака момче а тој таа година и испрати украс и и рече дека ќе и го испрати вистинскиот кога ќе бидат двете срца подготвени.по 20 години тој и испрати едно момче кое таа го засака но се врате незиниот бивши и понуди брак но таа го одби и си остана со божиќниот подарок.. Преубав ми беше филмов и сакам пак да го гледам
Значи многу одамна го имам гледано филмов и слабо се сеќавам.Знам дека беше хорор, и дека имаше една рака(отсечена од тело)што ги убиваше сите.Знам дека имам премалку информации ама толку се сеќавам, доколку некој може да ми помогне фала однапред