Однамна гледав еден филм на Канал5 за пријатели кои одат на патување во пустина и ќе најдат дијаманти. Еден од пријателите започнува да ги убива сите и помеѓу сите се појавува сомнеж и недоверба. За време на патувањето со камера цело време снимаа и на крај полицијата ќе ги најде сите тела заедно со снимката и ќе го пронајдат убиецот. Фала
Барам.... хорор да речиме. Маж, жена и девојче возат со автомобилот кон новата куќа што ја купиле, да се вселат џанам. Бидејќи патот е тесен и низ шума, за влакно се спасуваат од несреќа. Одат во куќата, каде почнуваат да се случуваат чудни работи, духови и триста други ствари. Еден ден мајката ќе тргне по патот од каде што доаѓаа со автомобилот и ќе ја види нивната кола надвор од патот, на местото каде за малку ќе настрадаа на почетокот. Во колата се сите тројца, мртви. Всушност тие биле мртви цело време и постоеле како духови. Мајката ќе се врати назад и нема да каже ништо од тоа што го видела. Ете толку. На толку се сеќавам. Anyone?
A дали некој знае како се вика еден филм , хорор каде на 80 минута му пукнува жолчката на режисерот и на тие у филмот ? или така нешо слично со пукање на жолчката -_-
пак барам филм, одамна го имам гледано се работи за едно момче кое игра кошарка и ќе се спријатели со куче и целото дејство мислам дека е тоа пријателството на детето и кучето, и на крајот детето ќе има кошаркарски натпревар и кучето ќе влезе во игра мислам и така ќе победат.. му текнува на некој?
ХАхахах и на крај на сите им пукна жолчката... И мене ми пукна жолчкава од смеење, баш у 80 минута запримети Филмов да не се вика Пукање на жучот?
Леле само за мојот филм нема решение???? Ај дур е актуелна темава, да ве потсетам, може на некој ќе му светне сијаличката "И мене сега ми текна на еден филм што незнам како да го барам. Го даваа многу на МТМ ми се чини. Човекот е композитор, професор по музика и таму каде што ќе предава, ќе држи аудиција и ќе има една девојка која преубаво пее, он така малце ќе се заљуби во неа, ќе напише композиција за неа. Исто така, ќе му се роди син кој ќе биде глувонем.. Ви се чини познат? М? "
ООооо да да да!!! Благодарност огромна, не би го погодила насловов ни во милион години!!! И малку офф топик, не ја ни препознав дека е уствари типката од Yes, Dear Каков глас!!
Барам еден филм во него игра 50 Цент. Во филмов се раскажува за едно семејство каде таткото ќе се разболи и за лекувањето ќе сака куќата која скоро цел живот ја исплаќал да ја даде под хопотека. Син му ќе биде против тоа и ќе почни да работи како електричар. После тоа син му некако ќе дојде до некој пакет и во пакетов ќе има адреса. Ќе појде на адресата и ќе се најде со некој мафијаши ли се незнам што се и ќе треба да игра руски рулет. На крајот излегува победник и ќе ги земе тој парите и на враќање за дома ќе го отепаат ама битно парите ќе ги испрати до дома.
Не не е тој. Еве го го најдов се вика 13 (2011) http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 503E1Lnyjk
Однамна гледав еден филм на Канал5 за пријатели кои одат на патување во пустина и ќе најдат дијаманти. Еден од пријателите започнува да ги убива сите и помеѓу сите се појавува сомнеж и недоверба. За време на патувањето со камера цело време снимаа и на крај полицијата ќе ги најде сите тела заедно со снимката и ќе го пронајдат убиецот. ХЕЛП!!!
Ми текна на уште еден филм кој го барав ама никако да го најдам. Една мајка ја губи својата ќерка на многу мала годишна воздраст, заради некоја повреда која е вон животна опасност. Тоа создава мистерија и вчудовоидување и кај лекарите. На средба со една видовита, таа и кажува дека господ направил грешка, наместо некоја баба од 90 години го земал животот на нејзината ќерка. Интересно беше што таа работеше во компанија за чоколади, и во внатрешноста на секоа чоколадо беше некоја приказна која таа ги пишуваше. Бев сигурна дека беше Audrey Tautou главната актерка но не најдов таков филм... Any help
Барам еден постар тинејџерски филм, порано го даваа нон стоп на нашиве канали. Се работи за едно моче и девојка, не ми текнува како баш беше, се сретнаа мислам дека случајно во воз.Момчево се заљуби во неа, но никако неможеше да ја пронајде пак. Му текна преку весници да ја бара, даде оглас, и на крај имаше еден голем плакат во центарот на градот, каде што пишуваше дека ја бара и дека ја сака. Девојката инаку е црномуреста, со црна коса, а момчево мислам дека беше плав или смег така нешто. И на крај се пронаогаат на железничката станица, тој и признава дека ја сака... и така завршува....Паметам еден детал на крајот девојката беше облечена во црвена кожена јакна, и носеше мини здолниште. Плисс некој???