Старо филмче е, паметам го гледав како мала...Се работи за една бабичка која откако ќе види еден фустан на жената во куќата кај што чисти, се опседнува со него и решава да собира пари и да оди во Франција или Италија да го купи...Познато му е на некој?
Некој филм работен по роман на Агата Кристи?? Не барам некој конкретно, кој било, таков ми се гледа...
^^ http://www.imdb.com/title/tt0279250/ Го немам гледано филмот, барав по името на книгата. Видов имаше неколку верзии.
И јас барам едно филмче, од 90тите чинам, детето ќе биде генијалец, така слатко едно, со фризура тенџерче, многу напредно за негови години, ќе го запишат на факултет, таму ќе си најде едно другарче, на крај во една емисија за деца-генијалци ќе изрецитира песни за едрилици, зашто ќе му скурчи сите да го форсираат и напнуваат.... Ви текнува на филмот?
Не знаев каде да пишам, па морав овде . Јас барам еден глумец многу личи на Хит Леџер,само што овај е помлад , има црна коса со средна должина, глуми во еден филм со Леонардо Ди Каприо. Anyone
Барам едно англиско филмче, мислам дека сум го гледала на тв т.е. мислам дека не ми е симнувано Се работи за индиски имигранти во Лондон кој се обидуваат да ја задржат традицијата па на керката и наоѓаат момче. Еден од синовите е во Америка, нешто со филмови работеше мислам таткото се откажал од него а мајката кришум оди во говорница со другите деца да се слушнат... Дали некој го гледал филмот?
Јас барам еден филм. Се работи за едно девојче кое ќе најде мајмунче и ќе се здружи со него. Мајмунчето ќе краде и девојчето ќе го одвикнува од сите лоши навики. Доаѓа и сопственикот на мајмунот и ќе се обиде да го украде од неа. Успева, но на крај мајмунчето се враќа кај девојчето. Познато му е ова на некој?
Да тој е филмот. Фала многу. Инаку барам уште еден филм (ИСТО ТАКА СО МАЈМУН) хихихихх. Се работи за деца кои ќе најдат мајмун и ќе го кријат во хотел. Баш во хотелската соба каде што ќе биде сместен мајмунот ќе има најмногу порачани банани. Ќе има и голема забава во хотелот и мајмунот таму ќе се појави и ќе ја расипе забавата. Во хотелот ќе биде и човекот кој што ќе го брка мајмунот? Некој го гледал овој филм? На сител често го даваа, стар е филмот од 90 тите. Некој знае?
Провери овој да не е http://www.imdb.com/title/tt0116151/ На овој да не мислеше http://www.imdb.com/name/nm0330687/
барам еден филм со Пенелопе Круз, глумеше ми се чини италијанка, во филмот се случува некоја војна, а таа се запознава со еден војник ми се чини беше Николас Кејџ.... и толку ми текнува...???
Го барам овој филм,многу ми се допадна по трејлерот и сакав да го извадам. http://www.youtube.com/watch?v=0ko928w-QNk Го симнав по името но ми искочи сосема друг филм http://www.youtube.com/watch?v=uSCzahFXMrs Ми искочи овој... И сега како да го барам првиот филм кога ми покажува сосема друг?