Го барам филмот веке долго време и никако да го најдам.. Се зборува за една адвокатка која живее сама и еден ден запознава девојка,тинејџерка-бездомиЧка која е осудена и треба да лежи во затвор..Адвокатката успева да го реси проблемот и одлуЧува да се грижи за неа,носејки ја кај неа дома.Во мегјувреме адвокатката ги бара родааителите на девојЧето и открива дека нејзин пријател е татко на младата,таа кога дознава сто прави адвокатката се налутува,ја ограбува и бека со деЧко и.. Незнам дали е се така,го гледав многу одамна,па ако можте да ми помогнете.... Фала унапред
Знам дека не е филм туку серија, ама прееска ми текна на поентата на серијата и сега многу ме мачи и + мислам дека е најсоодветна темава, па ќе си прашам тука. Значи беше со една девојка што ги спасуваше луѓето од смрт. Во текот на денот ќе умре некој и после тоа мртвото тело ќе побара помош од неа, денот ќе се врати назад и она треба да ја открие причината за смрт и да го спаси човекот.
Јооој пак јас ми треба нов филм....ЗнаЧи јас поцхнав да го гледам од поЧеток али не го имам изгледано целиот.. Работата се одвива вака 9 Членови треба да полагаат испит..И професорт кој беше одговорен им ги кажа правилата...всушност она што несмеат да прават.. Им даде празни бели листови и си отиде тие останаа затворени во *уЧилницата* каде што треба да се снајдат сами што да прават и поЧнуваат разговор помегју нив и сега сите бараат на некој наЧин да фи дисквалификуваат другите.....хелп тоа е само поЧетокот...ако ви кажува нешто....
Го имам гледано оддамна, пред едно 10-тина години. Се викаше “Потера по Јети“, едно малечко Јети кое случајно му влегува во торбица од зимовање и знам го ладеа со се можно бидејќи тоа живее во студена клима... никако на интернет да го најдам.
Многу долго време барам еден филм што го имам одамна гледано а никако да го најдам. Се работи за неколку студенти, што ке треба да полагаат некој испит, и скоро цел филм е една вечер како они пробиваат незнам кај беше и ги крадат тестовите по математика мислам дека. И после идат на полагање. И мегу тие мислам дека беше и еден кинез. И многу сакам пак да го гледам а ич немам идеја како се викаше. Помош?
Пред подолго време гледав филм ама беше стар и сеа неам појма како да го најдам..Беше со една девојка која шетајки со коњот здогледува како авион се урнува во нејзина близина и оди да види шо се десило.таму има едниот (црнец) беше само повреден а другиот умрел (уствари дух кој само она може да го види).Сите ја правеа луда како може да го видела кога тој е мртов,а она со него оди во болница и му го гледа телото.Подоцна ќе му докаже и на црнецот кој ја преживеа несреќата дека тој цело време е со нив.таа се заљубува фактички во духот.Бидејки татко и е починат таа несака мајка и да се премажи,па духот поради тоа неможел да почива во мир(или као и да се вика).Таа некако се помирува со тоа и го засакува новиот "татко" и дозволува да се венчаат,но таа нема време да се збогува со дечкото бидејки е на свадба кај мајка и.Нешо вака беше за крајот неможам да се сетам мислам дека таа ќе се види пак со него ама да не ве лажам,стварно не се сеќавам Баш би сакала пак да го глеам ако го има некој глеано ве молам пишете ми име,да си го симнам!
вака овој филм ми го раскажаа ама незнам како се вика,а многу сакам да го гледам,нешто како тинејџерски филм.Се работи за една девојка која другаркуте ке ја наместат да излезе со некој нивен братучед мислам,а тој само ке сака да ја легне и ке ис тави екстаза у пијалокот и ке сака да и ги украде парите.Али татко и е полицаец или нешо слично и незнам дали ке излезе на истото место и ке ја види како игра на маса и овој како пробува да и ги земе парите.И татко и ке ја извлече од таму и после ке ја заклучи дома и оваа ке го моли да ја пушти дека она не е крива и на крај ке ја пушти.А мајка и незнам што работи али ке и донесе многу убави работи за носење и ке почне да ја средува,шминка...за во школо.Оваа дека незнаела да се средува нешо ко мушкоданка била и така малце подебелка али мајка и ке ја тера да трца да ослабе.И кога ке дојде во сколо никој скоро нема да ја познае.А тие 2те другарки ке речат нешо као еве ја нашата другарка и оваа ке ги тресне и двете од зид.И во школото ке стане многу популарна и овој што и стаил екстаза у пијалок ке се заљуби во неа,али она ке го откачи и потоа ке се заљуби во некој Емил мислам/А девојката била со кафена коса.Многу сакам да го гледам.Некој ако знае некој ваков филм или нешо вака сличен нека каже
Барам серија Се сеќавате ли серија е постара македонска серија МАКЕДОНИЈА МОЖЕ во главните улоги со Кирца (Драган Спасов - Дац) и Ачко (Ѓорги Јолевски). Сакам да ја најдам неможам. Ако знае некој ќе частам
Го гледав филмот пред неколку години.Во филмот се зборува за една девојка која е тинејџерка и која живее со нејзината помала сестра и мајка.На една забава таа игра "Вистина или предизвик" и треба да бакне едно момче.На забавата се наоѓа и нејзината симпатија кој е другар со тоа момче.Кога ќе заврши играта сите одат на плажа или река и се бањаат.Тогаш таа и симпатијата одат во една куќа и таа ја губи невиноста.Момчето кое претходно го беше бакнала во играта ги гледа цело време.По некое време истото момче доаѓа во нејзиниот дом и ја силува.Инаку тоа момче и е другар и имаат исто друштво.Таа на никого не кажува за тоа што се случило,знае само сестра и бидејки таа беше дома кога ја силуваа.Еден ден со сестра и ќе одат до една продавница и нејзиното друштво ќе биде таму како и тој што ја силуваше.Тогаш таа ќе и каже дека тој ја силувал и ќе си замине.Кажува и на мајка и дека е силувана.Во училиштето никој не и верува дека е силувана,ниту симпатијата.Во вц. пишуваат ку*ва и слични зборови за неа.На влезот на училиштето има големо платно на кое се напишани погрдни зборови за неа.Ангажираат и адвокат за да докажат дека е силувана.Оди и во болница за да докаже дека е силувана,но резултатите не покажуваат дека е силувана.На крај другарот и симпатијата одат на поле и двајцата носат пушки.Другарот признава дека ја силувал.Девојката одлучува да го продолжи своето школување во друго место.Симпатијата ја среќава на една улица и и кажува дека ја дознал вистината.Не се сеќавам баш како заврши.Филмот е стар некаде 20 години.А,момчето кое го глуми симпатијата е познат глумец. Се надевам дека ме разбравте.
Од Project X е сценава, ама филмот е далеку од комедија и е страшно глупав. Јас не ти препорачувам да го гледаш, да си губиш два часа за ништо.