Барам филм , шпански е , сличен на Slumdog millionare, со детенце 12 години, сред војна е ,живее со мајкаму и сестраму во куќата.. Само тоа успеав да видам, а ме интересира
Ме мрзи сега да копам по интернет, ми кочи не знам што е работата, ми треба насловот на филмот со Чарли Шин каде глумеше психопат што си ги малтретираше соседите.. така нешто беше? Неколку пати сум го начекала а секогаш од средина или некаде при крај
Не знам дали за тука е прашањето но ајде да прашам.Значи ја барам приказната за 9 браќа мајстори кој правеа мост и мостот навечер се срушуваше, па затоа мораше да ја заѕидат жената на еден од мајсторите.Инаку мислам дека го гледав на МТВ ама не сум сигурна , ако некој знае каде да го најдам нека пише.
Имаше ваква приказна во светот на бајките знам ми текнува и јас ја имам гледано порано. Мислам дека оваа епизода ја имаше на тракер.мк, али за жал веќе не постои оваа страна
Дечки имаше еден филм, на Телма порано го даваа често, јапонски или кинески нешто ама е сихронизиран на англиски. Се работи за еден робот што е многу моќен и полиција од Америка оди во Кина и таму работат со роботи и има 3-4 агенти од кинеската полиција, млади се и нонстоп прават глупости и другар на еден од овие четворицата го направил тој моќниот робот и го бараат и на крајот еден од јапонските агенти, од најглавните што ја водат целата операција излегува предавник. Anybody?
Филмов паметам го гледав пред две лета на Канал5. Приказната беше следна: Главен лик беше една мајка која имаше мало девојченце и мислам дека се преселија во една зграда која не беше во добро стање, и домарот беше морбиден и имаше улога да ги застрашува, знам имаше случка со прокиснување на плафонот од станот над нивниот и кога отиде женава да провери мислам дека цело купатило беше поплавена со вода. На некој начин филмов беше драма/трилер со доза на благ хорор. Ениуан?!
Прашањево може не е за тука,али сакам да ги гледам сите делови на бетмен.Зборам за поновиве и незнам како одат по ред.Па ако може некојда ми помогне малце
^ Па еве јас ги гледав пред некое време. Ако мислиш на оние со Christian Bale вака идат : Batman Begins (2005) The Dark Knight (200 The Dark Knight Rises (2012)
Гледав еден филм на една Охридски канал, не ми текнува името. Се работеше за една плава русинка и американец ќе се заљубат, нешто имаше поврзаност со некоја змија знам американецов ќе ја сонува девојката како ја дави змија. Мислам дека нешто беа поврзани со циркус ама не сум сигурна. Ќе испадне дека девојкава имала маж, па американецов ќе се налути и ќе ја остави. На крај кога пак ќе се спојат мажот на девојкава ќе ја убие и така завржува филмот како американецов го носи мртвото тело на девојкава во една нива, ливада и го става на земја и одеднаш на него се собираат пчели и го покриваат цело тело. И во цел филм нараторот е американецов, тој зборува и раскжува. Не знам дали ќе сфатите, ама ни јас не знам да го објаснам добро зашто на делови го гледав.
Барам еден фил го гледав многу од дамна се работеше за американска фамилија кои отидаоа на одмор во Италија мислам и се случи престелка и го погодија детето во глава.Пробаа да го спасат но не можеше и на крај му ги донираа органите на други деца.Знам на крајот како објаснување имаше дека во таа земја после се многу зголемил бројот на донирани органи од луге што се на машини на одршување. Ако некој знае да ме оправи оти стварно сакам да го гледам пак
Мене ова ме потсеќа на легендата за Радин Мост. За најпрочуениот Радин мост се раскажува потресна легенда за тоа дека во темелите жива е заѕидана Рада. Според приказната, мостот го граделе деветмина браќа, но тој постојано паѓал и, за да го зацврстат, одлучиле најмладата снаа жива да ја заѕидаат. Таа имала машко дете доенче и плачејќи побарала да ѝ ја остават слободна десната града, за да може да го дои чедото. Мостот се наоѓа на Манцева Река и подигнат е во 1833 година на две високи кули, од кои едната е висока 28, а другата 29 метри.
Сношти гледав еден филм со едно девојче по име Луис. Правеше се што сакаше со помош на едно магично ланче кое и го даде една магионичарка. Мислам дека беше на mgm. Ако некој случајно го гледал филмот нека ми каже како се вика.