Пак јас тука. http://www.youtube.com/watch?v=mCPZaX_foxU 1:52 - сцената со Метју. Знае некоја како се вика филмот? Фала ви.
^ И Ghosts of girlfriends past е катастрофа. Ако речеше дека е тој, ќе те предупредев да не губиш време.
Овој филм го имам 100 пати гледано, еве вчера пак го фатив на тв. И секогаш плачам како нездрава на него . Се работи за едно куче Мајло се викаше мислам кое се присеќа дека во минатиот живот бил човек, па оди кај неговото семејство и го напаѓа човекот кој му бил другар а мисли дека е виновен за неговата несреќа а после ќе испадне дека не било така. Имаше едно друго куче шт му беше пријател Рамбо. Верувам дека повеќето сте го гледале, често го дават на телевиија. Ама како се вика?
Во филмот се работи за мајка и ќерка кои не се согласуваат многу, но ќе се случи нешто и тие ќе си ја сменат, како да кажам, не телата, туку личноста. Натаму не се сеќавам како беше.
Девојчики, од кој филм се извадоците од овие видеа на Аеросмит? Ко од филм да се ми личат, актерката ми изгледа познато, ама не знам кој е филмот. И би сакала да го чекирам. http://www.youtube.com/watch?v=zSmOvYzSeaQ Мислам и тука за истиот филм станува збор, или не? http://www.youtube.com/watch?v=qfNmyxV2Ncw
А јас мислев дека се работи за The Crush, па дури го ставив и да ми се симнува. Шејм он мај блонди хед.
Имаше една сцена кај што еден човек (ама крупен, висок) седеше потпрен на едно скршено дрво, а од двете страни имаше по едно мало девојче, мртво. Мислам дека плачеше и дека не беше крив. Ми се чини дека беше од Зелената милја, но не знам точно ..