Дечки јас барам еден филм,го имам гледано неколку пати додека бев помала.Еве некои работи што ги помнам:Значи имаше две жени,една голема куќа со базен итн...Едната жена кога ја испукаа со пиштол знам сакаа да ја фрлат мажот и љубовницата во најлонска вреќа ама оваа оживеа со дупка во стомакот Беа кај една вештерка или што ти јас знам и таму се бореа да го испијат некој сок кој вечно ќе ги држи млади...А кој требаше да го пие немам појма На крајот од филмот е сцена со погреб,во црква,а една жена како иде паѓа по скалите и целата се растура. Многу ме интересира дали некој чул за филмот. Инаку убаво во сеќавање ми е дека типката во главна улога со дупка во стомакот има глумено со Мел Гибсон во еден филм.
Филмот се вика Death becomes her, со Брус Вилис, Мерил Стрип и Голди Хоун во главните улоги и Изабела Роселини како вештерката. Постар е, од почетокот на 90тите, мислам.
Леле багуфче и јас го имам гледано филмов од поодамна и се секавам потполно на истите ствари што ти ги набројa. На крајот кога излегуваа од црквата се секавам и дека на оваа едната и беше распадната кожата, и се лупеше нешо незнам, и оваа зема спрејот нели за да ја корегира за да изгледа нормално пак, али и падна и они се сопнаа на него баш пред удолни скали и цели се распарчија, и глави и раце и се.. али пак беа живи Иначе филмов е рангиран како комедија/фантазија, а ја колку што се секавам ми беше малце на хорор
Еве еден ја филм што барам. Прилично интересен ми беше го гледав пред некоја година, анимиран е, и се работи за едни луге заедно само со една женска на брод и патуваа..треба да стигнат до остров ли каде незнам, али секое место им носеше нови неволји..се секавам имаше еден дел со сирени кои сакаа да ги намамат маживе а они вакви по нив, за да паднат у морето и да се удават, пошо нели на брод екипаж на такво патување се само мажи, а оваа женскава едина што остана, нормално магијата врз неа не делуваше, и она сите ги спаси, цел брод и лугето . После имаше нешто ко орел бел еден во снегови ги бркаше... Авантуристички филм и многу многу интересен.бар за мене Целта на патувањето, искрено не се секавам.
Oва е Синбад легендата за седумте мориња. http://movies.yahoo.com/movie/1808405886/info Навистина многу интересно филмче.
Јас многу одамна гледав еден филм и сакам да го најдам ама никако не ми текнува како се викаше.Зaпаметив само нешто ќе раскажам ако некој го знае да ми каже кој е.Се работеше за еден убиец жртвите му беа жени,прво ги затвораше во еден бункер длабоко во една шума,ги измачуваше без храна и вода неколку дена и потоа ги силуваше и убиваше.Имаше во филмот една полицајка живееше во таа шума сама во една огромна куќа.Ја киднапира и неа,но таа успеа да избега и после беше сведок.Убиецот беше еден друг полицаец така нешто беше.Знаете кој филм е
1209 мислам дека филмот што го бараш е овај http://www.youtube.com/watch?v=pC0Ul29wCj4 Kiss the girls се вика со Морган Фриман и со Ешли Џад. Инаку еден од моите омилени трилери...
^Леле да тој е...фала многу знаеш колку време го барав, многу ми беше интересен кога го гледав ама одамна беше.Фала уште еднаш
Девојки за заблагодарување само стиснете ми се допаѓа, да не се полни темата со благодарам, фала, лелееее
Јас долго време не можам да се сетам на еден филм како се викаше, па еве да побарам помош од вас. Значи вака, во филмот во главната улога е црнец кој има брат со кој се потполно идентични, но брат му го убива мафијата. Луѓето на брат му ќе дојдат и ќе го земат него, а брат му дека бил богат и познат тој ќе ужива во луксузот, но ќе сакаат да го убијат оние од руската мафијата кога ќе дознаат дека е жив. И незнам нешто ќе соработува со нив тој, ама ќе има и смешни моменти сите ќе се чудат зошто така се однесува, а нема да знаат дека всушност станува збор за друга личност. На крај мислам и со таа девојка што била н брат му останува. Не знам колку бев јасна ама ај некој ако се сети нешто нека помогне
Црвената боја на љубовта е индиски филм во кој се случува да еден пар мора да биде раздвоен поради тоа што машкото оди во војна, тој таму со еден станува неразделен другар и му кажува за девојката, во една акција другарот ранет го наоѓа една девојка во која се заљубува а тој другиот го водат како исчезнат во акција, пред самиот крај на филмот се срекаваат другарите баш за роденденот на жената а уставри таа е девојката со која тој сакаше да се ожени пред да оди во војната, и ја пее песната Заборави ги нашите спомени, нормално на индиски. Многу добар филм.... не знам на индиски насловот како е за да можам да го симнам, ако некој знае нека пише. http://www.youtube.com/watch?v=-6xRHNF-QhY
И јас имам еден ваков сличен гледан филм...Една девојка е во спортската сала со еден дечко и по зајдувањето на сонцето таа оди во иднината и таму е нејзината другарка која веќе има дете женско и е крстена по незнам како беше името ама името тие кога биле млади сакале која од нив прва ќе роди дете да го даде името на својата ќерка или син и после ќерката на другарката пребарува на интернет и наоѓа нешто што ќе им помогне и таа ќе се врати во своето време! и јас го имам гледано на Hallmark или ТВ1000...Ама незнам како се викаше...
Барам 2 филма 1.Филмов го гледав пред неколку години и неможам никако да се сетам на насловот. Се работи за неколку средношколци (мислам дека беа 6) кои се здружуват и решаваат да ги украдат тестовите за да можат да поминат матура. Така изработуваат план по кој секој има одредена улога. 2.Се работи за едно момче кое сака да биде кошаркар но никако не му оди. Еден ден еден човек му подарува патики кои кога ќе ги облече игра неверојатно. Се пријавува во училишниот тим и на големо изненадување на сите станува главен играч на тимот. На крајот неговата тајна е сепак откриена.
Девојки случајно наидов на еден прекрасен филм, на Хрватска 1 го даваа, ама го фатив само на крајот и незнам како се вика. Се зборува за едно момче кое спаси волк од борби организирани за борење на кучиња, волк кој претходно бил чуван во домашни услови, припитомен, ама од лошиот однос на луѓето кои го купиле само да заработат пари во борбите, тој станува агресивен. Момчето, кое е многу сиромашно и без родители, го наоѓа после една борба во која волкот е многу повреден и го лекува. Откако ќе заздрави волкот, повторно е агресивен и се однесува со недоверба кон сите луѓе, но момчето е трпеливо и го припитомува повторно. Од тука па натака, тие стануваат најверни пријатели. Момчето доживува несреќа во еден рудник, волкот го спасува. Притоа наоѓаат злато во рудникот и тука треба да се разделат зошто момчето мора да се пресели во друг град. Е овде ме погоди филмот ептен Како и да е филмот имаше хепи енд, не се разделија. Остана момчето да си живее во селото заедно со волкот. Ако некој случајно знае како се вика филмот, нека пише Инак е се работи за постар филм
На која дата го даваа? Можеш да провериш на нет, на страната на хрватската телевизија http://raspored.hrt.hr/