Јас не знам дали ова ќе може некоја да ти го дешифрира од кој филм е. Па види, ни фаците не им се распознаваат.
Филмов е акционен, го имаше вчера на TV 1000 од 20:00 до 21:30. Бивш пожарникар е сега капетан на брод кој поставува нафтена платформа. Се оди добро додека не им се придружи група активисти за зачувување на животната средина. Наредниот саат-време содржината се испреплетува по вклучувањето на ФБИ, кога заробениот екипаж пробува да избега, како и кога ќе се испостави дека еколошката група е всушност руска терористичка организација... не видов како заврши, ниту пак како се викаат актерите, само знам дека капетанот е анонимец глумец-црнец што треба да го чува детето на неговиот најдобар пријател кој загинал во пожар. За кој филм се работи?
Дали некоја од вас феминки вчера го гледаше филмот на FoxLife? Или знае како се вика ...Приказната на филмот беше : тинејџерка е опкружена со дебели луѓе меѓу кои и нејзината мајка и нејзиниот брат. Нејзината мајка се разболува и едвај успева да се спаси. Инспирирана од тоа што го предизвикува дебелината решава да се трансформира во дебела девојка (со помош на костум) и да сними документарен филм со цел да види како се однесуваат другите луѓе кон дебелите луѓе и зошто е тоа така.