Не знам ништо за филмов, ни глумци, само дека е трилер. Ова само ми го кажаа-Жената во затвор осудена за убиство кое наводно го направила. Мажот ќе и помогне да избега.
Филмов само што го гледав на 5+, го имам гледано како помала што значи постар е. Се работи за еден авион кој доживува несреќа на Андите, некој умираат а некој преживуваат. Таму се повеќе од 60 дена, премрзнати и пргладнети, па затоа почнуваат да го јадат месото од умрените... На крај двајца ќе ги потрошат сите свои сили и ќе успеат да стигнат до нормален свет и ќе дојдат со хеликоптери по останатите и така сите ќе се спасат. Филмот е сниман според вистинска случка и на крај дадоа како сите загинати ги закопале и на тие планини поставиле метален крст. Пишуваше и еден текст им оддаваме почит на 29те загинати и 16те преживеани. Потоа дадоа и еден човек како раскажува за ова.. Мислам дека ова е јасно објаснето па можеби некој ќе се сети на филмот. Фала од напред
Девојки дали некоја знае точниот наслов на филмот Како да украдеш невеста или така слично. Секако пребарав по странициве ама неможам да го најдам. Во филмот глуми актерот од вовед вио анатомија Др. Шепард што го глуми. Го знае некоја филмот?
Да, да тој е. Фала ти многу. А кај нас на локална тв. го најавуваа за прикажување и насловот што го преведиле значи врска нема. Е ај сега одам да гледам .