Пред 2-3 саати го даваа мислам дека на телма беше, фатив само една сцена, на едни дечки ќе им се расипе школскиот автобус и ќе ги нападне едно суштество ко плашило што е.. морав да одам не го догледав а ми изгледаше на смешен нискобуџетен хорор
Овој? http://www.youtube.com/watch?v=gj1rwFz_ffY Инаку јас барам еден хорор со едно страшило значи не е Бугиман ни Dont be afraid of the dark се работи за неколко луѓе ке бегаат од темнината бидејќи страшилото ги брка и накрај ке има голем пожар и така ке се ослободат од него... и не е ни Vanishing On 7th Street.
Тој е, фала многу А инаку вака ова за што збориш ти ме потсеќа само на еден филм одамна што го имам гледано и само се сеќавам дека на крајот имаше пожар, па види да не е House of wax
Не е тој, овој беше со страшило како тоа од Boogeyman и овие луѓето мораа да останат на светло за тој да не ги фати... или вештерка беше незнам...
Овој е тоа што го бараше членката погоре.. иначе во тоа што јас го барам имаше едно детенце кое се плаши исто така од темница а и повозрасен човек кој знае што се крие во темнината бидејќи го обвинуваат како мал дека си ја убил мајка му а всушност страшилото му ја уби... и сега ова детенцево го носат во болница и го стават во една комора а внатре темница и човекот доага навреме да го извади од комората за да не го фати страшилото... потоа бегаат во тунел или незнам што беше и овде имаше мрак и светлина...
Порано додека имаше А1 имаше еден филм беше со едно девојче Дали ана се викаше ама не сум сигурна Нејзиниот татко знам работеше нешто со погреби, со мртви нешто Знаете ли за кој зборувам.. на друго неможам да се сетам во моментов ?
Барам еден филм кој мислам дека е малку постар и многу одамна го имам гледано. Се работи за еден бел кит кој беше огромен и еден капетан ќе појди да го лови, нешто знам бура имаше браној големи, а памтам дека на крајо кито ќе му го срушеше бродо со главата оти бродо беше дрвен, му теклнува на некој за ваков филм?
Барам филм во кој станува збор за трговија со човечки органи. Значи турист од Америка се зближува со девојка и добар дел од случувањата во филмот се движат во насока на нивните авантури, и доколку не беше целата атмосфера мрачна и доколку не беше нагласена загонетката во дејствието, се добива впечаток дека станува збор за драма. На крајот туристот станува жртва на цела организација за трговија со човечки органи, а девојката е посредникот за наоѓање на жртвите. Ми треба насловот на филмот...