Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија Леле луѓе од кој филм беше сценава ? или барем глумицата кажетемија никако да ми текни Спојлер извинете за офф топик итно мие
Здраво феминки! Барам еден анимиран филм во 2Д анимација го гледав многу одамна како дете беше најверојатно од Дизни а беше нешто како хорор и антологија од неколку приказни а дејствието се одвиваше на Божиќ.Памтам во едната приказна имаше една жена со бели нараквици и го молеше еден друг човек да ја спаси,а се сеќавам и за другата приказна беше со еден човек ноќта на гробишта како да копаше гроб.Филмот ми е гледан да не речам пред дваесеттина години па може да претпоставите колку е стар! Само толку ми текнува и ако на некој му текне за таков анимиран филм нека ми одговори!Многу одамна го барам!Поздрав до сите!
Значи се изнамачив барајќи еден филм, имаше еден човек што го однесоа во затвор мислам дека комедија беше и овој кога сакаше излеваше и одеше правеше глупости низ градот и после пак се враќаше, полицајците се сомневаа во него но тој им докажуваше спротивно, на крајот мислам дека беше пуштен од затворот... а и актерот беше многу убав
сакам да кажам во притвор го однесоа... и кога полицајците излегуваа надвор овој испаѓаше и се враќаше пред овие да се вратат и повторно се заклучуваше во ќелијата...
овој да не е Law Abiding Citizen (2009) http://www.imdb.com/title/tt1197624/ ама овој не е комедијаhttp://www.youtube.com/watch?v=rA10RDU9quU
Филмов што го барам е од 90тите. Почнува со девојче на пруга и потоа прикажуваат неколку години подоцна. Имаше една жена која пишуваше книга за деца и одеше во дом за да зборува со нив. Таму едно девојче многу ќе ја засака и накрај женава ќе го посвои девојчето. Потоа прикажани се други 2 другарки, од која едната ќе си ја запали куќата и родителите бидејќи не ги сака. На крај таа ќе се самоубие. И последната сцена е кога авторката на книгата го посвојува девојчето и и дава примерок од книгата што ја напишала. Некој го гледал филмов?