Вчера во ситните саати го фатив по стоти пат филмот... Со типот во болницата што раскажува приказна на малото девојче (што краде таблети за него)...Абе десет пати сум го начекала на тв, ама никако да го фатам на почеток да му го видам насловот или одјавната шпица, се ми ја кратат Ах или на канал 5 + или на телма....не забележав тоа баш...Ама доста е популарен филмот го давале претходно милион пати дури и мајка ми се сети на него... Не е многу стар судејќи по продукција, но не е ни нов
Доста време барам еден филм или е украински или руски и беше сличен како 12 месеци имаше едно девојче кое имаше маќеа и полусестра, маќеата ќе ја потера еден ден да појди длаи да наполни вода од бунар беше нз.. и неа ќе и падне клопчето во бунарот, ко ќе се врати дома маќеата ќе ја натера да појди и да го побара клопчето и да го донесе. Таа ќе појде и ќе влезе во бунарот и ќе паша и ќе појде на едно место каде што прво ќе треба да бери јаболка, потоа ќе треба да печи леб и на крај ќе појде кај една жена и ќе седи кај неа. Таа ќе и работи се таму и жената ќе и рече дека ко ќе си оди ќе ја чека наградата на вратата. Ко ќе си оди девојчето од вратата ќе падни злато и целата ќе ја позлати па ко ќе си појди дома, маќеата ко ќе ја види ќе ја праша шо како и оваа ќе и каже, па таа ќе ја потера ќерка си исто во бунарот. Нејзината ќерка ќе биди многу мрзелива и исто ќе појде кај бабата ама нишо нема да работи и на крајот ко ќе си оди дома за награда ќе биде натурена со катран... Дали некој го знае филмов како се вика пред 7-8 години го даваа на ТВ можеби и повеќе години има. Го барам цела зима за да го гледам ...
Барам еден филм многу одамна го даваа на А1 се мислам беше. Во филмот имаше една девојка со плава коса , живееше со татко и кој беше богат . И ми текнува еден дечко отиде кај неа нешто да и помага , таа гледаше некој шоу се мислам а тој вести и се карааа.Но како што поминуваше времето тие се засакаа и таа почна да гледа вести се како него и тој се чудеше . Само на овие делови се сеќавам. Одамна го барам но никако да го најдам
Јас вчера се загледав во еден филм го даваа на вис....Се работеше за една девојка која е новинарка и има задача да напише ,,Како да откачиш дечко за 10 дена"...Таа отиде на забава а таму едно момче се обложи дека може да направи некоја жена да се вљуби во него за 10 дена...И така тие двајцата се запознаваат...Девојката е плавуша и е новинарка и на забавата беше со 2 другарки....Јас не го догледав филмот ни знам како се вика ....Ако некој го знае филмот да каже како се вика и ако може да го гледам на интернет free или да го симнам преку торент...Ако некој знае нека пише
Фала многу тој е тој филм што го барав А знаеш ли како да го гледам цел филм free или линк да го симнам преку торент?
http://loombo.com/arzbb81oprdh/How_To_L ... .divx.html Eве за онлајн линкче, јас само така гледам филмови
Дечки барам еден филм како помала 2-3 пати го имам гледано беше се сеќавам со едни птици и тие ги јадеа луѓето, ги напаѓаа не се сеќавам баш на други сцени само тоа . ако знае некој нека го каже насловот
Juice понов ли е филмот или постар ? Јас најдов еден еве види http://www.youtube.com/watch?v=R2Im8Lu5pP0
http://www.youtube.com/watch?v=oeMotYgM ... re=related сега го најдов ова видео , ако не е и тој ке побарам пак .
^^ Google и се е можно! Инаку филмов го немам ни гледано, ама мило ми е што го најдов, твојата потрага заврши