Филмов го имам гледано пред 7-8 години можеби... Станува збор за мало кученце, златен ретривер... И сега мислам дека се изгуби некаде, и само шеташе на различни места. Во меѓувреме си најде друштво, некое папагалче го водеше секаде, па со некои други животинки имаше случки, ми текнува дека имаше и злобна црна мачка што го малтретираше цело време... На крајот кученцето си се врати кај мајка му. И животинкиве збореа во филмов. Многу го сакав филмов ама ич не ми текнува како се викаше.
Филмов го гледав на ТВ1000 пред неколку недели ама незнам како се вика. Вака: Во филмот се раскажуваше за брат и сестра кои немаат родители туку живеат кај една жена. Таа жена беше лоша и не ми дозволуваше скоро ништо. И еден ден додека си седеа во собата низ прозорецот видеа едно мало кутре и многу им се допадна и го внесоа внатре. Е арно ама жената не дозволуваше миленичиња и затоа го криеја од неа. После неколку дена го однесоа во една напуштена зграда или хотел незнам што точно беше(целата срушена градба) и таму не само него туку и други кучиња кои талкаа по улиците ги носеа таму и тоа им стана веќе дом. Секој ден им носеа храна. И после неколку дена тие формираа група од неколку деца и сите тиа заедно се грижеа за миленичињата и формираа вистинско живеалиште за кучињата. И по неколку дена полицијата ги откри (бидејки не смееја да чуваат кучиња на туѓо место) но еден адвокат ги спаси и после тоа тие се преселија кај други луѓе и беа среќни. Знае некој кој е филмов? Стварно сакам да го гледам пак многу ми се допадна Енибади?
Татко ми и сестра ми бараат некој филм. Мене не ми текнува, ама го прераскажаа. Некои деца, црнец и белец, кај некое езеро, биле... се заљубиле во иста девојка. И се скарале. После едно 15тина години, повторно се среќаваат. И се караат кој од нив да ја чува ќерката на таа девојката. Е сега, они се сигурни дека едниот црнец е Еди Марфи. А јас ги пребарав сите филмови во кои глумел он, ама нема. После тоа, се среќавале со некои лоши, во шума нешто... лав... За некои чек се карале нешто, го кинеле.. наследство... Па црниот се направил бел, а белиот црн. Едниот имал син, па нешто стрела... Toj белиот секогаш носел капа... Ај ве молам ако некој знае, да каже. Оти 2 саати го барам. Ниту еден глумец не знам од филмот.
Стар филм е, затоа не можеш да го најдеш Мене уште ми текнува првиот пат кога го гледав пред милион години многу се смеев http://www.imdb.com/title/tt0111787/ http://www.imdb.com/title/tt1559040/
на fox life рекламираат еден филм го преведуваат како "пријателите си се пријатели", но не можам да го најдам некој?