Не ми се верува дека овој е филмот што го барам со годинии И јас мислев дека црнецот е Еди Марфи,сум се утепала од барање.. Огромно фала од мене кравче
Значи вака барам еден филм што одамна го имав гледано на А1.. Човек на кој ќе му биде запрено срцето, но цело време ќе зборува но никој нема да го слуша. Па после ќе најдат змија во неговата опрема за голф.. на крај мислам дека ќе оживее. Мислам дека сето тоа било од јакиот отров од змијата што го пуштила и тој имал парализа. ХЕЛП ХЕЛП ХЕЛП ХЕЛП ХЕЛП навистина сакам да го гледам пак.
Тинејџерско филмче. Се работеше за едно девојче кое имаше полустестра која беше богата и ич не ја дружеше. Сега памтам само дека оваа полустестрава со другарките направиа сјај за усни, ама сега повеќето шо го купија беа алергични и ова сиромашното девојче им помогна со овесна каша. Му текнува на некој кој е филмов?
Ајде некоја нека ми помогне. Филмов ми е како низ магла, го гледав еднаш и не го догледав до крај од не знам кои причини, па сакав да отепам некој саат со него вечерва. Приказната беше нешто во стилот сајнс-фикшн со некоја си слична тематика како прочуениoт 2012. На почеток е малку језив, случувањето се одвива во школо со многу дечиња, кои добиваат за задача да напишат/нацртаат нешто и сите цртежи ги ставаат во некаква си капсула која ќе биде закопана во школскиот двор и ќе се откопа по 50 години. Во меѓувреме даваат како едно „чудно“ девојче кое очиглено има некои проблеми, цело време си чкрта некои бројки низ целиот лист, додека сите „нормални“ деца цртаат сонциња и други детски глупости. После нели, доаѓа моментот после 50 години и ја вадат капсулата, а секое учениче добива плик во кој има цртеж и погодувате претпоставувам, едно дете кое има проблеми со слухот го добива листот од девојчето, неговиот татко беше во тие некои истражувачки води и се обиде да го дешифрира хаосот од бројки, па видоа дека всушност девојчето внесувало некои датуми на кои се случиле одредени несреќи, меѓу кои и смртта на неговата жена ... Не се сеќавам како одеше понатаму, можеби на крај ќе излезе дека е глупост во боја, ама ете, од досада почна да ме копка како би се одвивале дејствијата и сакам да го изгледам. Се сеќава некоја како се вика?
1.значи вака како помала го имам гледано филмот и еве што ми останало во сеќавање знам дека имаше некое дете па тоа мислам дека падна во море па долу во морето имаше некаков чуден свет незнам само толку се сеќавам ако може да ми помогнете многу беше добар филмот 2.исто така и на уште еден ми текнува играше порано на A1 многу добар хорор филм памтам дека беше во 3 саатот после полноќ и му реков на таткоми да ми го снима и после некое време ми се скина касетата па не го памтам добро филмот само знам декабеше со еден човек кој немаше глава и јаваше коњ и исто така им ги сечеше главите на другите ... само тоа го памтам ве молам помогнете ми навистина сакам да ги гледам, благодарам однапред