Јас поодамна гледав еден филм во кој семејството патува негде и нешто сестрите одпозади се скарале и малата сестрра ја турнала поголемата и се отворила вратата мајката која возела се завртела и вниманието и го одвлекло тоа...додека таа пак да се сврте кон воланот колата удрила во камион и настанало несреќа и сега само Џенифер поголемата сестра преживеела и потоа кога пораснува таа се чувствува виновна за тоа и ја гледа сестра и крвава...и се плаши па оди на психијатар па на крајот има чуди повици од некој кој ја прогонува сепак тоа била најдобрата нејзина другарка која на крајот ја убива во нејзинот стан...и пред да умре дошла помалата сестра и ја повикала да ОТИДЕ СО НЕА ВО РАЈОТ. Го има ли некој гледано филмот јас не се сеќавам како се викаше :\
Clueless (1995). До скоро време се вртеше на нашиве телевизии преведен како Откачената русокоса или така нешто. Rush hour 3 (2007)
Овој пат, јас барам македонски филм! Го давале неколку пати на тв. Се работи за станари, коишто се измамени. Требаа да се вселат во зграда која уште се гради. Имаше еден турчин, србин, македонец, албанец, ромка... Јас го памтам само србинот, е овој беше: Спојлер А турчинот го памтам само по фаца. Со бела коса.... малку подолга... И албанецот го памтам само по фаца. Исто со црно-бела коса, малку подолга... Македонецот и македонката беа нова брачна двојка. А ромката само им позајмуваше нешто... А србинот беше побогат.
Барам филм кој ми останал во сеќавање од помала, ама не знам ни актери, ни наслов на филмов. Се работи за три девојчиња, кои како мали играат една игра, и во играта умира едно момче.Всушност девојките го убиваат. Едно од девојчињата полудува ради момчево и ја сместуваат во лудница,а она воопште не е луда.После неколку години,девојкава излегува од лудница и се собираат пак трите да ја играат истата игра, и девојката шо била во лудница дознава дека овие две криеле од неа за момчето дека е закопано во подрумот на куќата, во кој ќе живее кога ќе се врати од лудница. И девојкава ќе почне да ги убива овие двете.. Некој да ми помогне,ако го има гледано филмов? Ептен сакам да го гледам,ама неможам да го најдам никако.
Не знам како се вика филмот само на крај го фатив,изобилува со музика... т.е се зборува нешто за музика.Знам дека има едно мало дете во филмот се вика Август,на крај излегува на бина и диригира поточно композитор бил.Претходно се сретнува со еден Луис во парк и свират заедно на гитара...како што успеав да дознам Август е грабнен од еден човек но на крај се спасува. Кој може да ми помогне нека пише...сигурна сум дека филмот е прекрасен Фала однапред
Веќе некое време го мислам филмов ако може некој да ми помогне би била благодарна. Се работи за недоразбирање и поради тоа еден човек го осудуваат на доживотна казна затвор. Тој не е ништо крив дури е премногу добар човек а и е неверојатно надчовечки силен. Може со глава затворот да го сруши Таму во затворот многу го малтретираат и омаловажуваат и мислам дека на крај добива смртна казна на електрична столица. Човеков е црнец и е огромен ќелчо Ај нека ви текне??
барам еден филм го имам гледано 2 пати ама поодамна беше. филмот се случува на бившите југословнески простори.. со.. харисон форд.. кога.. и помага на една босанка мислам да . се породи потоа.. ја убиваат неа ..во една река со чук а при тоа таа пее на своето дете нани нуни за да не заплаче за да го спаси. харсион форд го стиснува силно и го придушува .. потоа го врака во живот му прави пасоош и го прака во америка . дејствијата се многу тажни и вистинити што се случувало мегу братската војнна во југолсавија линк ке ве молам многу сакам да го гледам пак актерите се од бивса југославија само харисон форд е американец