Јас барам еден филм кој што мислам дека е малку постар. Памтам дека девојки беа заминати на камп каде вежбаа за нешто(мислам дека беше танцување), и таа главната шо беше ја фати треба. Другарките за да и помогнат ја однесоа да го гледаат тој што им беше како учител кај што се капи, и уште ми текнува дека тој танцуваше додека ги слекуваше алиштата. А и девојката мислам дека носеше наочари. Му текнува на некој за ваков филм?
Јас не доаѓам со приказна за филм кој не знам како се вика туку барам предлог за филм. Ми треба некој латино-матино, филм, со некоја топла нота у него. Од типот на Вики, Кристина, Барселона, Сонцето во Тоскана, она со кога Пенелопе Круз ќе биде готвачка и слично ми ти... Нешто такво што топли.
To Rome with love или Midnight in Paris и двата филма се на Вуди Ален, исто ко и Вики, Кристина, Барселона.. не е баш латино, ама многу се убави
На TV1000 веќе 4 пати начекувам еден филм и тоа се од иста сцена го фаќам 15 мин пред крај . Значи мајка и ќерка тинејџерка се во едно мало градче во зима и таму нема возрасни, само мали деца, ама децава се некако чудни - ги убиваат возрасните. Мајкава и ќерката се во една куќа и идат две дечиња, машко и женко со нож и сакаат да ја убијат женава. После овие две ќе побегнат со колата во шума и нешто ќе им се расипе колата и ќе им се појават многу деца и наеднаш и ќеркава ќе стане како нив. Ме интересира зашто децава се такви и затоа сакам да го гледам филмов од почеток.
Ако ми поможите со информација кај можам да го најдам и да го гледам филмот ЦЕЛ ЖИВОТ ке ви бидам благодарна http://mk.wikipedia.org/wiki/Мултиплеј_(ТВ_филм)
http://www.imdb.com/title/tt1172571/ мислам дека овој го бараш гледај го ако си љубител на хорори....интересен е....
Тоа е дел од мини серијал од Стивен Кинг и содржината е иста како што кажуваш но ова не е многу стар филм ама сепак провери го.Ти препорачувам да ги изгледаш и другите делови од серијата! http://www.imdb.com/title/tt1251212/
Неколку пати го фаќам филмот на ТВ ама се крајот. Филмот мислам дека е многу стар. Едно семејство одат на викендица,во едно пусто место како џунгла нешто, и таму ги напаѓаат лавови. Група од многу лавови им ја обиколува куќата и пробуваат да им влезат внатре,има и неколку жртви И на крајот прават едно како корито и се пикаат под тоа и излегуваат од куќата и влегуваат во кола. Ако некој го знае филмот, ќе му бидам благодарна ако ми го каже.
Ako го сакаш Вуди јас би ти ги препорачала Annie Hall и Manhattan малку постари, ама според мене неговите најдобри дела(јас баш Вики Кики Барселона не го сакам но прашање на вкус е сепак). Сличен малку барем на Пoд сонцето на Тоскана и оној со Пенелопе Крус(и Мурило Беницио од Клон) ми е No Reservations иаку овој е похоливудски а тие се латино. Ако не си го гледала Like Water for Chocolate ти го препорачувам, одличен филм кој ептен одговара на твоите барања за латино филм.
Ани Хол и Менхетен се култни, нема шанси да не се гледани. И Како вода за чоколадо го имам гледано ми се чити повеќе пати и од Глуп и поглуп. Ноу резрвејшнс го немам гледано,ама...ме одбиваат некако такви филмови,не знам зошто... Ама ај ако нема што да се гледа во некоја доцна летна ноќ,може ќе го гледам. Искрено речено и јас не го сакам преемногу Вики,Кристина, Барселона, ама ја сакам Барселона,а веројатно не ја сакав Скарлет, омилени сцени ми беа со Пенелопе и Хавиер. Ноќта ме задоволи Казабланка по милијардити пат,па кога си рикнав да си плачам (онака,баш клише жена,глупа,сама), па Стилинг бјути вчера и ми се намири душата за благо.
Ааа те потценив извини, требаше да претпоставам дека ги имаш гледано. Ако сакаш шпански ти го препорачувам Алмодовар, ма да он нема да те згрее толку колку што ќе те запрепасти од што е болно искрен. И има доста филмови снимени во Барселона. Фрида Кало си го гледала сигурно инаку тој ептен е таков латино да те стопли. Јас од тие латино актерки не ја сакам Пенелопата ич, баш Селма Хаек ми е она нај нај латино. Едино ова што е баш Барселона, ама не ми е гледено не знам како е. Тежок човек си се имап гледано па http://www.youtube.com/watch?v=hnytcMClO38
Jersey Girl http://www.imdb.com/title/tt0300051/?ref_=ttqt_qt_tt Инаку луѓе ќе може да ми препорачате некој интересен анимиран филм? Порано не ги гледав но во последно време ептен ги засакав.