Еднаш поододамничка на ТВ гледав еден филм. На македонски филмот се викаше Хемиски оргазам, но англиското име не му го знам. Во филмот се работеше за еден дечко, кој не се сеќавам дали од помало гратче или село замина во друг град да дојде до пари затоа што беа многу сиромашни. Одеше по болниците и даваше крв, донираше сперма и се друго само да дојде до пари. Најпосле виде на оглас дека некој научник измислил инекција за појачување на сетилата. Инекцијата ја тестирал само на глувци и сакал да ја тестира и на човек. На секој доброволец му даваше и пари. Тој се осмели и на тој чекор. Ја прими инекцијата и сетилата навистина му се појачаа. Докторот го советуваше да ги прима инекциите мислам една дневно дека беше и да не ја зголемува дозата, во спротивно едно од сетилата ќе му се намали. Дечкото советот не го прими и си ставаше по 2-3 инекции на ден и од тогаш почна целата комедија во филмот.... Да не знае некој? Барам уште едно филмче. Мислам дека и тој го имам гледано на ТВ. Една девојка имаше еден маж и мислам дека беше политичар. Маж и умре а таа по неговата смрт од својата куќа не беше излегла две години. Две години не излегнала на тераса или отворила прозорец, значи воопшто не вдишала чист воздух. Еден ден незнам зошто еден млад дечко дојде кај неа дома и имаше некоја хемија меѓу нив, но од тој ден откога се запознаа на неа по дома почнаа да и се случуваат чудни работи, на крајот испадна дека маж и бил жив и дека цело време си бил дома и немал појма за каква смрт зборува жена му. Но тој сакаше да ја убие и се гонеа по дома и на крај таа немаше каде да бега па мораше надвор, а имаше голем страв, но сепак излезе... И така да не ви бидам здодевна ако некому му текне нека пиша
ДА да да овој е филмот леле се смеам како луда на трејлерот а камо ли да го изгледам цел... Фала Спаркс
Феминки, штом се обраќам тука, значи дека ни чичко Гугл не ми помогнал да го најдам филмот што го барам. Се работи за една од тие типични американски лимонади, романтична комедија што ја имам гледано пред неколку години, значи постар е филмот. Во главните улоги се дечко и девојка (девојката беше плавуша, ама не ми текнува ни на фацата за преку нејзе да го најдам филмов). Беа пар подолго време и девојкава цело време очекуваше да ја побара тој за жена. Таман ќе помисли дека и купил прстен, ќе го отвори кутичето и ќе види обетки. После некое време пак тој ќе и подари нешто, ама наместо прстен - некој привезок за ланче. И се така ќе и подарува некои глупости, она ќе си се смешка, ама на крајот ќе и ск**чи. Како и да е, happy ending имаше, се земаа на крајот. Интересна комедија е филмот, онака баш за опуштање Не знам дали ќе успее некој да го најде, или едино ако некој го гледал па да се сети. Би му била благодарна
Пред некое време гледав филм на Сител. Паметам дека некој од друга планета или нешто украл неколку деца за да прават некакви си експерименти со нив. Е, сега, сите тие мајки на децата требало да заборават дека воопшто имале деца. Ама проблемот е што една мајка не заборавила, дури има и видео снимки со својот син, слики со него и слично. И сега мажот и и' вели дека тие воопшто немале син. (навистина ни тој незнае.) Жената се лечи кај психијатар, а тој всушност ја знае вистината, дека таа има син. И како што таа се обидува да им покаже на мажот и на психијатарот дека има син, видео снимката е избришана, сликите во албумите ги нема. Потоа таа мисли дека мажот и сето тоа го направил. Таа, веќе очајна оди кај еден нејзин не толку познат сосед, порано заедно ги чувале децата кога оделе во парк. Таа оди кај него дома, но овој исто не памети дека некогаш имал ќерка. (зашто и на него му ја земале и му ја избришале меморијата.) Таа му вели да и помогне, да си ги бараат децата, и оди во детската соба (сега негова дневна) и ѕидот беше малку одронет и таа целиот го излупи, а позади имаше цртежи од неговата ќерка. Но, тој и вели дека тоа било од претходните станари. Ја пријавува во полиција, но потоа тој се сетува, ја наоѓа и ја почнуваат потрагата. Им се дешаваат различни случки, едно време ги брка полицијата.. А тие што им ги земале децата се обидуваат да ги натераат овие да заборават на своите деца, но не успеваат. Тие дури ја избришаа меморијата на мажот на оваа жената, и тој сега живее сосем друг живот, вели дека никогаш немал жена.. Како и да е, покрај сите пречки, жената накрај го наоѓа својот син, а мажов својата ќерка и незнам така завршува. Значи, буквално го памтам секој детал на филмов, но никако да ми текне како се вика. Помош?
Да не знае некој како се вика еден филм на телма го даваа стално со три деца ќе бараат едно богаство од некој човек преку загатки и цело време ке ги прислушкуваат едни три девојчиња за тие да го земат богатсвото а исто ке има еден човек кој исто ке го бара богаството и на крај ке испадне дека му бил внук на тој што го имал богаството а и исто ке имаат една комшика стара баба и со неа ке има неколку случки Фала однапредд
Да, и јас го имам гледано филмов неколку пати а и уште еден ваков филм со загатки и истражувања што ги правеа истиве деца. Само незнам како се викаат. А и јас ги барам..
Леле и ја знам за кој филм станува збор ама не знам како се вика! А имаше 3 дела со тие децата богатсво бараа,па принцеза...А многу ми беше интересен.Ај ќе прогуглам јас па ако најдам ќе ви кажам!
да не е Нарнија(иако не ми се верува да си ја пробам среќата) http://www.impawards.com/2005/chronicle ... drobe.html Или да не е Со Џим Кери Lemony Snicket's A Series of Unfortunate Events http://en.wikipedia.org/wiki/Lemony_Sni ... ate_Events ПОздравче.... се надевам дека е некој од 2та барем како за помош
Не е ни тој. И јас знам на кој мислите, ама никако да ми текне како беше. Нели во едниот дел, едното девојче испадна дека е принцеза...