Јас како мала (6-7 години) на телевизија гледав хорор, но не знам кој е, а многу би сакала да го гледам пак. Не се сеќавам на многу работи но се работи за 10+ деца сите со некоја моќ и со многу, многу плави коси (скоро бели). Ако некој знае ве молам кажете ми, фала
Јас би ти го препорачала Combustion Од истите продуценти на трес метрос и тенго ганас де ти..Не сум го гледала се уште ама ми фати око уште оддамна http://www.youtube.com/watch?v=Vcp3NdiQORM
Може некој дa ми препорача некои добри тинеџерски филмчиња....период средно школо ,може и некој со например некоја дебела тинеџерка па послем да ослабе :rofl фала
Девојки многу ми треба ваша помош оддамна го имам гледано стар филм е. Двајца друари тинејџери беа едниот со кратка плава виткана коса а другиот со така подолга кафена накај црна коса. Се сеќавам дека играа против смртта некои игри требаше да ја победат и само тоа ми е во сеќавање. Другиот беше со неколку другари што идат на концерт на кисс групата исто така постар филм ама на едниот мајка му е мн побожна и им ги кине картите пошо тие биле сатанисти и толку се сеќавам... Некој помош?!
Може ли некој за помош? Барам филм веќе сто дена. Ги знам глумците, ја знам скоро цела приказна и на врвот на јазикот ми е името на филмот. Татко и две ќерки патуваат со брод,односно преку некоја приказна на мајка им на ќеркиве(што е умрена),поточно повеќе е како бајка филмов,и сега таму минат авантури и глупости. Знам дека имаше еднорог, пола човек пола коњ (како се викаа тиее? ) знам дека имаше една жена со змии на главата и не требаше да ја погледнеш во очи затоа што ќе се претвориш во камен.Имаше и лавиринт во кој помалата се изгуби и таму се запозна со пола човекот пола коњот и заедно го бараа излезот. Има 2 дела филмов,постојано го даваа на ТВ1000. Ќерките беа уствари ко принцези и поголемата се заљуби ова она, абе што ви кажувам 100 % некоја знае за кој филм зборувам. Де имево ако може?