Јас барам еден филм од многу одамна.. Беше со тинејџери на кампување и го памтам само по една песна што ја пееа Кукамангаа оо јее Нешто така ако му текне на некој нека ми пиши
Па тогаш ми беше многу интересен, го немам гледано од тогаш ама ќе го изгледам да си се потсетам на детските спомени
Барам една серија. Ја даваа пред 15 години , беше една од многуте јужноамерикански сапуници и имаше машки лик кој се викаше Леандро. Бев вљубена во глумецов и сега сакам да ми текне и на серијата. А секако сакам да го откријам и вистинското име на глумецов бидејќи ми беше прва љубов.
^ Ова да не е, El Noveno mandamiento http://www.youtube.com/watch?v=--OYPPLH4q8 Глумецот у серијава се вика Леандрo, а стара е од 2000та.
Луѓе помагајте, плис. Филмов го барам мислам дека со години и никако да го најдам, значи не ми се верува дека сеуште не сум го пронашла како се вика. Е сега јас ќе пробам да објаснам нешто што ми текнува од него,зошто е прилично стар. И колку што ми текнува толку, така да ова објаснувањево може ќе биде лошо склопено али тие настани ми текнуваат.. И комедија е иначе филмов. Значи се работи за една група на деца кои еден човек како водич му доаѓа на таа група , ќе ги носи во планина , како дневна екскурзија, така нешто .. ама тој мислам дека врска везе си нема со водич Нема да знае како да ги води, кај да ги носи, на погрешни места ќе ги носи блабла.. И глупости ќе се случуваат одејќи низ шумите во планината, ќе има случки со мечки знам, па една вечер покрај оган ќе седат ќе им кажува глупости, ќе преспијат мислам дека една ноќ или две во планина итн итн.. И како што реков, дека овој нема врска од водич ,случајно е избран за водич или по грешка не ми текнува како беше, и на крај на филмот ќе го прогласат за најдобар водич демек и награда добива за тоа.. Епа толку ми текнува искрено.. и како објаснив боже сачувај , а иначе филмот е со Rob Schneider, и знам дека ќе ми речете прегледај биографија негова и филмови во кои има глумено, тоа направив и тоа незнам колку пати ниеден филм не е тој што го барам.. значи не е можно. Незнам како да барам веќе, дури се мислам да не не е тој глумец,ама сигурна сум дека он беше на филмот.. Ако некој знае за кој филм зборувам да пише ве моламммммммм!!!!!!!!!! Ќе частам! И уште еднаш ќе кажам филмот е прилично стар, скоро 10 години ,може и повеќе.. ако не грешам.
Што ќе ме частиш сега а? Овој е знам, сум го гледала само ми требаше време да се сетам како се вика, али не е со Роб Шнајдер туку типот многу личи на него. Bushwhacked http://www.imdb.com/title/tt0112602/
Лелеееееееееееее!!!!!!!!!!!!!! Не ми се верува!!! Тој еееееееееее !!! Конечно значи !! Па ете зошто не сум можела да го најдам јас, ради глумциве! Па колку си личат бе, ги знам и двајцава сега гледам, а уствари мислев дека целовреме еден ист е! Каква збунка Леле, се израдував многу, фала ти Хипстер највеќе! Како да знаев дека ти ќе ми го најдеш, само чекав да пишеш Сега одам одма да си го гледам, а ти што сакаш тоа ќе те частам! П.С. Сега гледам филмов не 10 години, туку скоро 18 години е веќе стар !
Јас барам една серија ја даваа на Skynet може пред едно две години. Мислам дека се викаше Приказни од стомачето. За еден млад брачен пар кој ќе добие бебе, за нивните пријатели итн. Не можам да ја најдам серијава според насловот. Веројатно ова Приказни од стомачето е во слободен превод
Мајка ми ми го раскажуваше.Мислам дека е стар некаде 20 год. Се работи за маж и жена кои се обидуваат да имаат деца.Таа никако не може да остане трудна.Тој секој вечер излегува на терасата и поправа некои радиа,вокмени и со антена слуша некои чудни звуци.Испаѓа дека тој е нешто како вонземјанин и таа го убива така што по цела соба става вода и со кабел струја го убива.По неколку години, родила негови деца-близнаци и ги вози во автомобил а и тие како него слушаат такви звуци. Ако некој знае кој е овој филм нека пише.Многу е кратко ама тоа е се што паметам од раскажувањата
барам еден филм се работи за едно кралство во средниот век но ќе ги има сите модерни технологии филмот е комедија знае ли некој? фала однапред