Филмов ми е гледан одамна ,но ми остави многу убав впечаток. На македонски го преведуваа Ткајач на звуци ,но не го знам оригиналниот наслов. Стануваше збор за едно девојче кое требаше да спаси некоја традиција да пронајде нешто налик на виолински клуч...Живееше во село како од бајките ,впрочем и целата приказна беше бајковита ,а како главна преокупација на мажите од селово им беше дување на стакло.... Ако некој случајно се секава на филмов и ако го знае насловот на англиски ,нека ми пиши...
Божиќен филм.Се зборува за едно дете кое изгради снешко.На детето таткото беше поинат и неговата душа влезе во снешкото.Толку се сеќавам,некои идеи :
Едни луѓе купија куќа од една жена(куќата мислам беше блиску до една шума). Беа мајка ќерка и син, а мајката и таткото мислам дека беа разведени и таткото работеше во друг град/држава. Ќерката и синот знаеја дека таму некаде во шумата имаше нешто како некои чудовишта кои сакаа да навлезат во куќата и да земат некоја книга поврзана со нив(може ова и да не беше баш така), но имаше едно мало суштество кое им помагаше на децата. Знам дека посадија печурки мислам околу куќата за да ја заштитат или сол ставија незнам... Потоа знам дека некако отидоа до жената од која ја купиле куќата и таа им даде некаков совет и на крајот чудовиштето навлезе во нивната куќа преправајки се и изменувајки си го изгледот како нивниот татко ама се спасија некако... Така некако беше, сакам пак да го гледам ај хелп
Вака,пред 2 години гледав еден добар филм,само заборавив како се вика..Имаше едно семејство и мислам дека таткото умре во сообраќајка,и по некое време детето на таткото се враќаше од школо со мајкаму со кола,и едно куче трчаше по нив а тоа всушност таткому (фактички по смртта се претворил во куче),па после незнам уште што се случуваше,само се сеќавам дека на крајот пофторно се врати во живот т.е како нормален човек не куче..ако знае некој нека пишее И уште нешто,како помала гледав еден филм ама се сеќавам само дека беше жален на крајот,беше со едно како чудовиште,дали марсовец беше незнам така ко плавко беше и им помагаше нешто на децата па на крај требаше да си оди..леле ич не се сеќавам, ако му текне на некој.. Ииии уште нештоо,вака морам да пишам али сега ми текнаа филмовите што ги барам долго време,ако не напишам сеа ќе ги заборавам утре.. Имаше едно дете,и брат му имаше една како кутија мислам како куќичка беше,и во неа кога ќе ставеше некои човечиња (ииграчки) оживуваа,и после играше со нив,и имаше уште нешто се случуваше ама не можам да се сетааам.. Девојки кажувајте вие..
Ми текнуваат неки сцени од филмот само го гледав можеби пред 5-6 години но сакам да го гледам пак а неможам да го пронајдам Значи се работи за семејство т.е жена која е алкохоличарка или наркоманка мислам ,има 4-5 деца мали цело време ги измачува па доаѓаат да ги барат за посвојување ,не ги дава па насилно ги и ги зимаат мислам дека за нив се грижеа постари луѓе или нивната тетка незнам точно ... му текнува ли на некого за филмот ? Се надевам дека ќе ми помогнете доколку знаете