Како се вика филмот со Памела Андерсон што вчера го имаше на сител 3? Беше за некои леќи, не го разберав. На крајот го фатив.
Од филмот КЛИП е мислам, не е од серија (п.с иначе безвезе филм) а некој да знае од кој филм/серија е ова сцена http://vukajlija.com/reakcije/44457
Значи имам гледано еден филм,многу ми се допадна ама незнам како се викаше.Го гледав пред неколку години.Се работи за едно глуво-немо дете на кое му ги убиле родителите.Убиецот на родителиве е сетрата на момчето,односно ќерката.Само детево знае дека сестра му ги убила родителиве,но незнае како да им објасни на полицијава и другите,па пробува со некакви знаци да им објасни. Однапред фала
Пред неколку години гледав еден филм,многу беше убав,ама само на крајот се сеќавам.Се работеше за еден што беше двојна личност.Една девојка имаше оранжерии и копаше нешто и најде порака од него,во тој момент него го носеа во затвор и мислам дека ги отклучи лисиците и така заврши.Да не знае некој кој е филмот?Можеби не дадов добар опис ама само на тоа се сеќавам.
Дали ви текнува на серијата Чекор Напред (Un passo adelante)? Малку сум носталгична и сакам да почнам пак да ја гледам но не можам да најдам ниту торент да ја спуштам ниту страна некоја онлајн да ја гледам.
Провери да не е Identity, и тој е така со повеќе личности во едно тело, ама не сум сигурна дали е тој.
Како би можела да го гледам онлајн филмот „Трето полувреме“ ? Барав и на интернет, и во темата на форумов, ама некои линкови не се отвараат, а пак некои страници бараат да им направиш некоја „услуга“ за возврат
гледав еднаш еден филм со постар маж. ќерка му Барбара има околу дваесет и нешто години. Тој често се женел, но таа му е единствена ќерка. Потоа демек тој починал, па жените се караат дали да го закопаат или да го изгорат телото. Едната без да праша го гори телото, па се караат каде да ја истурат пепелта. Тепајќи се урната пжсе крши, собираат некое делче и одат во катедрала. Тој ае појавува жив и здрав, умрениов вил некој друг. Тој излегува дека имал 6-7 жени и една свршеница. Го знае некој филмов т.е. како се вика?
Е алал да му е како постигнувал! Мажиште Ај ако го најдеш да ми пишеш кој е, баш се заинтересирав да го гледам