Барам еден филм со мало слонче,значи го киднапираат од Кина и го носат некаде на друго место за продажба или за нешто друго,не ми текнува бидејки од одамна ми е гледан.Ако некој го знае нека пише
како се викаше филмот што го даваа вечерва од 21h на сител? Со едно дете и психијатар,не го гледав целосно и не разбрав што уствари се случи и како заврши филмов?
Сум го подзаборавила, ама на крајот знам дека испаѓа дека Брус Вилис бил дух, односно мртов но не бил свесен за тоа, а можел да комуницира со момчето.
Филмов го имаше на сител3 пред некој ден. Со Анџелина Џоли е и еден друг познат актер, само никако не можам да се сетам на името nick мислам беше. Тие се крадци на коли и треба да украдат 50 коли за една вечер за да го спасат братот а тој во главната улога што е. Го фатив при крај и сакам да го гледам од почеток, иако знам како ќе заврши.
Ако не грешам,ова не е филм туку шоу на МТV The hills.Мислам дека го имам фатено еднашка А ова мислам дека е The protector(2005),имаше еден глумец кинез
Барам филм,ако постои таков филм.Каде што главниот лик вежба,фитнес, или нешто слично.Како се труди и е упорен нешо такво.
Филмов го имам гледано одамна се сеќавам само на една сцена една жена незнам дали беше бебиситерка сакаше да бања бебе во врела вода за да го убие и памтам дека на крајот од филмот ке падне од тераса и така ќе умре.Ако некој го има гледано нека пише како се вика
Сакам да кажам... Да не знае некој кој филм или серија е оваа ? извинете што прашувам тука не знаев каде
Порано имав гледано еден филм, не се сеќавам баш, ама нешто знам дека популарната лоша девојка умира и е дух, кој го гледа само една девојка од истото школо, која скоро никој не ја приметува. И сега не знам кој и кажува дека ако сака да не оди во пеколот, лошата девојка треба да ја направи девојка кралица на матурската вечер, или така нешто беше. И мислам дека успеа