Филмов го имам многу одамна гледано. За едно семсјсво имаат машко дете и татково го бркаат од работа и сеа имс немуваат пари а порано биле богати. И мајкава и татково ке крадат по банки маскирани и така за да најдат пари ке одат по туги куки. Филмов беше ептен смешен...
Да не знаете еден филм,американски,ако добро се сеќавам дејството се одвиваше во Италија. Една девојка готви на бензинска во Америка,на бензинската доаѓа сопственик на реномиран ресторан во Италија. Девојката после некое време заминува во Италија,му го наоѓа ресторанот и почнува да работи пробно. Во меѓувреме се случуваат некои работи,двајцата се заљубуваат и на крај двајцата ресторанот го претвораат од оној луксузен реномиран ресторан со Мишелин ѕвездички во обичен семеен ресторан. Многу долго го барам филмов,ако на некој му текне,ептен ќе бидам благодарна.
Одамна имам гледано еден филм, имаше еден човек во подрум го најдоа, беше бел целиот и на крај го погоди гром и умре. Како се викаше?
^^^ Мислам дека зборуваш за Powder. Еве ти линкче провери дали е тој http://www.imdb.com/title/tt0114168/
Одамна имам гледано еден филм, но длабоко ми е останат во сеќавање, би сакала да го гледам повторно, но не можам да го најдам... Имено се зборува за едно момче кое ги губи чевлите на сестра му, а е сиромашно и истите патики ги носат и двајцата, момчето по училиште трча да се сретне на пола пат со сестра му и да ги разменат патиките со папучи. Тој дознава дека има училишен натпревар во трчање и за 3то место наградата се патики и се пријавва. Во тек на натпреварот паѓа и губи ориентација каде е, а бидејќи трча навистина брзо, по грешка освојува прво место и ништо од патиките... Се сеќавам само на овој дел од филмот, но мислам дека е доволно некој што го има гледано да го препознае.
Филмов го имам гледано одамна на порано со беа тоа PPV каналите мозеби ги знаете ако сте биле на cabletel сеа blizoo. Имаше еден филм небеше баш страшен. За една група надругари одат во Мексико во тоа шумата и имаше една ко пирами e во ваква форма и сеа ке им викаат да не се качуваат тоа домородното население ама они ке се качат и после нема да им дават да се симнат оти ке се заразат ке има нешто ко некои растениа кои ке им се пикаат во под кожата така нешто беше филмов. Па после они ке се пикаат како во некоја дупка ако го има некој гледнао или па зане како се вика нека пише.