Барам еден филм, знам пред неколку години на телма го даваа. Се работи за една група деца (две девојчиња и две машки мислам дека беа, или три машки и едно девојче...) и тие беа во потрага по скриеното богатство. Имаа една мала куќарка, распадната и таму се сретнуваа. А нивните противнички беа 3 девојчиња, таа ''главната'' имаше руса коса. Исто така и они имаа куќичка, ама средена, розова, со мебел ова она... Знае ли некоја девојка како се вика филмов?
Еден филм одамна гледан веќе заборавен, но останале неколку сцени во глава. Тој црн висок крупен, таа блонд мислам беше, стара љубов која ќе се обнови откако ќе се сретнат на еден протест. Во брак се и двајцата но ќе се среќаваат повремено мислам дека на брод оти тој рибар е или нешто такво, но за последното не сум сигурна. Тоа е се што паметам,ако знае некој нека изволи.
Мислам дека го бараш филмот Salt on our skin, преубава романтична драма која морам да ја симнам за да ја гледам пак. http://www.imdb.com/title/tt0105306/ http://en.wikipedia.org/wiki/Salt_on_Our_Skin http://www.youtube.com/watch?v=y4U5ThLP_7c
Пред неколку години загледав почеток на еден филм но морав да излегувам и го баталив ама многу ме бендиса . Беше некако лефтерен.Насловот му беше нешто со Cupid, и како мајка му божицава ќе го прати на земја како човек а имаше и нешто врска со ограничено време, нешто да направи за тоа време. Дали он да се заљуби или некого да заљуби. На некој му е ова познато??
Вчера гледав еден филм... Нешто како индијанци се тие и го бркаат едниот од нив, Јагуар Шепа. ЖЕна му е во една дупка со детето и е бремена, а тој бега од тие шо го бркаат. Рипа од водопад, паѓа во жива кал или како и да се вика тоа, па ваму, па таму. Почнува да врне, и он конечно ги убива нив ( уствари двајца останаат, али они се на брегот да видат кој доаѓа). Се враќа кај дупката. Скоро полна со вода е, жена му породена, едното бебе во рака, другото дете за рака. . Им помогнува да излезат од дупката, продолжуваат, и таму покрај брагот, Колумбо дошол на експидиција. Тие продолжуваат да имаат нов живот заедно. Како се вика филмот? Иначе, можеби има и пред ова некоја сцена, ама јас од тука го фатив.
Го барам филмот remember me но никако неможам да го најдам целиот филм да го гледам ако може да ми кажете како можам да го најдам филмот цел .
Јас барам еден филм... значи вака одамна го гледав и се работеше за киднапирање на едно девојче кое го грабнува еден човек од нејзиниот дом потоа долго време ја бараат родителите потоа нз понатаму ако знае некој нека каже
Во суштина барам серија.Да е онака интересна,лесна,да и се излезени повеќе епизоди( најбитно).Исто така да е онака популарна серија,повеќето да збораат за неа,да се зборува на англиски (уште еден битен факт).Па може да ми кажете повеќе наслови на вакви серии?Да си го искористам јас распустов што е можно повеќе