1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Барајќи го Доминик (Ана Миланова)

Дискусија во 'Книги' започната од Raven, 30 ноември 2012.

  1. Raven

    Raven Активен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    http://sphotos-c.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 9634_o.jpg


    http://www.youtube.com/watch?v=Ji0xDg6E ... re=related

    Сите и сешто беше во разонода. Патем, секој почеток на самракот беше таков во тој град. Сите некаде брзаа... Освен таа. Потпрена на оградата на врвот на една висока зграда, со тенката цигара в рака, замислено го разгледуваше брзиот живот во градот. Немаше намера во скоро време да се врати дома. Знаеше дека никој не ја чека. Секогаш си одвојуваше време за себе си. Црвената коса и паѓаше по плетената дебела блуза на рамениците, а нозете и беа преплетени една со друга. Гледаше право пред себе без трепет воздивнувајќи и отпушувајќи по малку од цигарата. Немаше никаква причина за нејзиното присуство на ова место. Па, и никој не би дошол на тоа место, на врвот на дванаесет каттната зграда. Немаше ниту клупи, никој не ни планирал дека некогаш таму ќе се најде Џејн Купер. Времето беше смирено, почетни есенски денови, Септемви. Се слушаше само далечната врева од улиците и џагорот на луѓето што изгледаа како мравки. Ја испуши цигарата и извади нова. Знаеше дека тоа не е добро за нејзиното здравје, но и беше дневна рутина. Некој да ја погледнеше би си помислил дека е во големи проблеми или депресија. Но не. Напротив, таа беше многу смирена и опуштена девојка. Носеше розов ранец кој постојано го преместуваше од едното на другото рамо. Очигледно и тежеше. Штотуку се врати од библиотеката. Но, тие не и беа позајмени книги, туку штотуку се запозна со едно русо момче кое се договорија да украдат неколку книги.Се запознаа на влезот од самата библиотека. Нешто ги привлече да си прозборат еден на друг. Џејн замислена си поставуваше едно исто прашање. Сакаше да знае кое е тоа момче, бидејќи после нивната кражба се разбегаа секој на своја страна и веројатно никогаш повеќе немаше да се сретнат. А таа, таа веќе одамна го бараше нејзиниот Доминик, кога еднаш како деца се сретнаа во едно детско одморалиште. Имаа само десетина години и никогаш повторно не се видоа. Си мислеше дека таквите еднократни пријателства и се клетва од Бога, бидејќи незнаеше кој друг да го обвини. Но токму за тоа и се замисли. Момчето од библиотеката толку многу и заличи на нејзиниот Доминик што ја натера да дојде на ова место и да размислува. Сепак, неможеме да кажеме дека таа навистина размислуваше, туку само тоа и беше мотивот. Ќе се потпреше на оградата и напразно зјапаше без никакви мисли во главата иако изгледаше замислено. Помина околу еден час. И ноќта почна подлабоко да навлегува низ секоја пукнатина во градот. Почнаа да се вклучуваат светлата на рекламите, маркетите, домовите, кафулињата, автомобилите... Градот стана волшебен. По неколку минути, тивко се слушнаа некакви вибрации. Патем, тие доаѓаа од мобилниот телефон кој и беше длабоко потонат во џебот од сукната. Го зема во раце и дури тогаш навистина се замисли. Доби повик од непознато лице. Не го пишуваше ниту бројот. Се мислеше дали да се јави. Но сепак притисна на зелената слушалка и рече „Ало?“.