Не мора да бидеш дрска и твојот збор да е последен. Темата е отворена за дискусии и сите овие членки со коментираа и ти и ја мислиме што сакаме.
@buba4e89, замисли тебе да ти се случи слично сценарио- влегуваш во Космо да купиш нешто и после некој ден на нивната страна се појавуваат твои фотографии и барање некој да те идентификува. Ќе те видат луѓе кои те знаат, ќе те препознаат и веднаш, како пожар, по цел град ќе ти се рашири муабет дека крадеш по продавници а ти ни крива, ни должна. Со среќа оправање репутација. Кога ти ќе бидеш оштетената страна, тогаш баш и нема да ги рационализираш глупостите на газдите.
Не го отворив линкот, само ја читав темава, ама после реков ај да видам и една од овие ја познавам. Да ѝ кажам да ги тужи?
Ти ме прочита во првиот пост пред да ме нападнеш или потребно е да се самоцитирам? Не мора да ми објаснуваш јас само генелизирав од моја гледна точка. За жал читате што ви одговара. Се е кажано во првиот пост. Понатака не должам.
Девојките не се бараат за арно,сигурно. Доколку краделе џабе ке им е тужење. Ако е за арно,аматеризам.
Нема да е џабе тужењето. Снимка како доказ не важи на суд без разлика дали станува збор за кражба или нешто друго...
А, ако имаа намера да ги наградат, зарем толку церемонии ќе се правеа да објавуваат по неколку слики (цел албум на фб од нив), ќе објавеа само по една слика од секоја од нив, и една слика на кои се двете. Инаку, прв пат слушам вака некоја фирма, бутик да бара снимки од безбедносни камери и да објавувува на ФБ. И како пишува: Се бараат за нивно добро, (јас се си мислам), во смисла "за нивно добро се со цел да не ги бараат преку полиција, и сл. Можеби нешто украле (да не грешам душа, не знам точно), но тоа " за нивно добро" јас мислам дека занивно добро е со таа цел да не заглават во подлабоки проблеми, туку да се договорат со бутикот, да вратат ако нешто зеле, да го поправат тоа ако нешто оштетиле и сл. И, има дозвола да си ги вратат снимките од камерите ако за тоа има потреба, а за објавување на фб мислам дека нема, бидејќи ја нарушува приватноста.