1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Барање на оштета

Дискусија во 'Правни совети' започната од Pelikuna, 9 октомври 2011.

  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ја отворив темата со цел да добијам неколку совети од ваша страна.

    Пред некој ден во мојата кука настана спој и ни прегоре апсолутно се.Климата која вреди 24 илјади денари,компјутерот(не паметам колку)телевизорот,бојлерчето и фрижидерот.Да не сум била будна со моето семејство сите ке сме изгореле.
    Викнавме комшија кој имаше завршено електро и ги исклучи сите работи кои се поврзани со струјата и ни рече дека претходната вечер му се јавиле од дистрибуцијата и им кажале да ги исклучат струите во сите фирми зошто ке поправат нешто.Но секако не ги обавестиле и останатите грагани во градот бидејки сметале дека немало потреба.Кога го средиле проблемот гадовите во дистрибуцијата намерно пуштиле висок напон на струја за да испробат некои работи и така кај нас прегоре се. |( а кај ниту еден друг граганин во градот не се случило тоа.Кога дојдоа од дистрибуцијата во мојот дом се извинуваа за настанатата грешка.

    Сега ме интересира,дали можеме да бараме оштета за сите работи кои прегореа заради нивните глупости,и како оди тоа?
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Нема да барате оштета туку ќе си барате да ви ги поправат апаратите. ЕВН има таква служба која врши поправка на апарати кои прегореле по нивна грешка - слаб или висок напон на струја. Ќе се јавиш на тој нивен бесплатен тел. што е за грижа на корисници и ќе пријавиш, и за неколку дена би требало да дојде лице да ја среди работата.
     
  3. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Можете да си барате оштета како не,како што ти кажа славица999 ќе си се јавиш на тој број за корисници и ќе ти ги поправат ,а тие апарати што не се прават добиваш паричен износ за нови :) Ова го знам пошто на едни мои пријатели им се случи истото и нив не им се правеше компјутерот им дадоа пари за нов ,а другите работи им ги направија така да мислам дека ќе успееш и ти да средиш се :)
     
  4. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Епа изгледа ке мора да бараме добар износ зошто и за климата и бојлерчето и телевизорот им нема спас.Го направивме тоа што го кажавте и дојдоа да ги поправат работите но им нема спас.Лек-само нови треба.Но најлошо од тоа е што не сакат да платат оштета. :doh:
     
  5. mamaja

    mamaja Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    15
    Оштета - кој е надлежен?

    Здраво,

    Еве го проблемот: живееме во зграда, каде се појави влага и мувла во еден дел од станот, истата многу брзо се прошири по уште две соседни простории во станот. Станот е на средина, на 5 спрат, а нагоре има уште 5 спрата. Е сега, тие над нас , на 6-ти го имаат истиот проблем на истото место и излезе дека новите комшии на 7 спрат реновирале минатото лето и се ова е последица да лошо изведените водоводни или не знам какви други работи. Е сега - која постапката за да се наплати штетата? Во зградата си има регистриран куќен совет, претседателот видел за што станува збор, кажано им е и на комшиите од каде што се случува бељата. Дојдоа видоа и онака, аха, ок, ок.... и толку.
    Дали има некоја комисија која треба да ја повикаме од водовод или слично, дали сами да си почнеме со поправка, па да ги тужиме после комшиите во случај да не сакаат да си платат за направената штета....? Кои ни се правата и која е постапката за да се среди станов што поскоро?

    Ви благодарам многу за одговорите! :)
     
  6. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    Оштета - кој е надлежен?

    За секоја предизвикана штета одговара оној кој ја причинил !
    Затоа што се работи за зграда добро би било да ги средите работите помеѓу вас. Сепак сте соседи.
    Во случај да не може, тогаш решението треба да се бара на суд. По правосилноста на пресудата, соседот ќе ги сноси трошоците за поправка на станот. Тоа е на кратко.
     
  7. mamaja

    mamaja Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    15
    Оштета - кој е надлежен?

    Фала за одговорот
     
  8. Meco72

    Meco72 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Kako bi mozel da go ostvaram pravoto za nadomest za parcela nad koja vrvi dalekovod 110kv. Parcelata nad koja vrvi 110kv dalekovodot ne mozam ni da ja prodadam, a uste pomalku jas da gradam. Vo istata parcela stoi i bandera od dalekovodot, a vrvi i niskonaponska 220v linija i od nejze ima bandera Vaka mestoto isprekrsteno so zici i postaveni banderi skoro i da ne e upotreblivo. Na koj nacin da si go ostvaram moeto pravo.
     
  9. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Го молам некој од искусните правници да ми одговори дали при физички напад односно убиство,може да се земе оштета доколку лицето нема имот на свое име и колку е одприлика оштетата? Доколку неможе што следува,фала однапред
     
  10. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    И во едниот и во другиот случај следува надомест на целокупната штета, како материјална така и нематеријална штета, која што ја претрпел оштетениот, односно блиските членови на неговото семејство, согласно посебните правила за надомест на штета во случај смрт, телесна повреда или оштетување на здравјето предвидени во Законот за облигациони односи.
    Самото постоење на штетата, и нејзиниот обем ќе мора да биде утврдено со правосилна судска пресуда, најчесто во редовен граѓански процес против обвинетиот, покренат од страна на оштетените блиски роднини на убиениот, или од самиот оштетен доколку се работи за телесна повреда.
    Во самата кривична постапка која ќе се води против обвинетиот, оштетените можат да предјават имотно-правно побарување за надомест на штета, со цел кривичниот суд со пресудата која ќе ја изрече против обвинетиот да одлучи и за постоењето и обемот на штетата, или пак најчесто кривичниот суд со пресудата со која обвинетиот го огласува за виновен и изрекува казна, за одредено кривично дело , ќе ги упати оштетените своето побарување за надомест на штета да го остваруваат во посебна граѓанска постапка, која ќе биде иницирана со тужба против обвинетиот, а се со цел да биде истиот задолжен да ја надомести целокупната штета која оштетените ја трпат поради загубата на лицето.
    Што се однесува до материјалната штета, која ќе биде должен да ја надомести сторителот на кривичното дело, таа може да се однесува на трошоците кои ги претрпел оштетениот за лекување, и други слични трошоци, на загубената заработувачка, која не ја остварил, а би можел да ја оствари доколку не бил повреден, како и на трошоците за погреб доколку се работи за убиство.
    Исто така и лицето кое убиениот го издржувал или бил должен да го издржува има право на надомест на штета која што ја трпи поради смртта на лицето кое требало да го издржува (значи обвинетиот во овој случај ќе мора во вид на месечна рента да го исплатува лицето кое имало право на издржување....
    Што се однесува до надоместот на нематеријална штета, судот може да досуди т.н справедлив паричен надомест на име на претрпени душевни болки, за неговите блиски членови, а поради смртта на лицето, независно од износот на материјалната штета !!!
    Самиот обем на целокупната штета ќе ја утврди судот, со пресуда, во секој конкретен случај.
    Понатаму ваквата пресуда по нејзината правосилност ќе претставува извршна исправа,врз основа на која извршителот ќе може да спроведе извршување против осудениот должник, се до целосна наплата на побарувањето на оштетените.
    Работа на извршителот понатаму ќе биде да пронајде имот на сторителот, со цел наплата на побарувањето. Доколку сторителот нема никаков имот, во тој случај може извршувањето да се спроведе и врз надоместот за работа којшто осудениот го прима во казнено-поправната установа во која ќе ја издржува казната.....
     
  11. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Благодарам за одговорот,уште едно прашање
    -Што слeдува доколку обвинетиот сторител не е е во работен однос, односно е суспендиран?
     
  12. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Тоа нема никакво влијание врз спроведување на извршувањето, откако побарувањето за надомест на штета ќе биде утврдено со правосилна судска пресуда. Доколку не е во работен однос, ќе се утврдува дали има некаков друг имот од кој би можело да се наплати побарувањето....
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Devojka100

    Devojka100 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    zdravo
    me interesira Dali nekoj znae Dali imam pravo na osteta.
    imam praveno operacija na dojka preku soprugot sum osigurana od rabota toj raboti Vo armijata. Jas licno NE rabotam