1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Барање прошка на јавно место

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од luda.mala, 9 декември 2017.

  1. luda.mala

    luda.mala Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    До пред две години имав врска, која ја завршивме сосема смирено и продолживме пријателски да се однесуваме до пред неколку месеци, кога после мала расправија (сосема небитна, детска работа...) решивме да го продолжиме патот на животот во чиј нема да има место ниту во мојот за него, ниту ви неговиот за мене! Тој потешко го прифати тоа, но сепак не го повлече тоа, иако по пријатели слушнав дека се каел!

    Сношти бев излезена во едно кафуле со моја блиска пријателка, која исто така се дружи и со него! Муабетејќи за нејзиниот дечко, почна песната Perfect, и и кажав дека на свадбата, на првиот танц сакам да биде таа песна! Таа се насмевна и ме праша како би изреагирала ако бившиот (кој дента и кажувал колку уште ме сака и се кае за нашата разделба), дојде во кафулето со цвеќе во рака и побара прошка од мене додека сите гледаат во мене!

    Јас во тој момент би станала и би избегала од местото од срам, и одговорив! Ако тоа навистина ви се случи вас, како би изреагирале?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.715
    Допаѓања:
    172.685
    Пол:
    Женски
    Ќе го избањам со вино и шишето по глава..
    Па пак нека бара прошка..

    Тие што ме знаат, знаат дека многу лигавења не сакам:emo:
     
    На Victorian, muchacha_a, Mari* и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Што е виното криво? :D
     
    На BabyStyle, Victorian, Trxmx и 24 други им се допаѓа ова.
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.715
    Допаѓања:
    172.685
    Пол:
    Женски
    Ако замавнам со полно шише, ќе се избањам со вино:emo:
    Кој ќе пере после црвено вино..ехеее
    Нека пере мајка му:sun:
     
    На krEM4Eto и Ники. им се допаѓа ова.
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.776
    Пол:
    Женски
    Да ама ќе имаш едно шише вино помалку.
    Земи нешто ко сок од боровница на растварање :D
     
    На Victorian, krEM4Eto, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Можеби ако сепак си го допиеш, ќе ти стане прифатливо јавното лигушкање. :D
    Правда за виното! :drunk:
     
    На Victorian, krEM4Eto, blackwave и 2 други им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.120
    Допаѓања:
    20.258
    Пол:
    Женски
    Ич не сакам јавни искажувања на емоции. Не сакам јавни запросувања, јавни извинувања јавни смирувања, јавни разделувања... И да не набројувам.
     
    На Victorian, krEM4Eto, Alisa22 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.192
    Допаѓања:
    106.160
    Пол:
    Женски
    Одма ми текнува на билбордите со Каролина те сакам. Ај да си селебрити и некако разбирам, мада и тоа е глупо,шо има некој едикојси да гледа и слуша шо некој некому погрешил и прошка бара :^)
    Тоа е интимна работа, дури и пред најблиска фамилија да биде е глупо
     
    На Victorian, Antebellum, Asistentkа и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.715
    Допаѓања:
    172.685
    Пол:
    Женски
    :shake:
    Не се бламирам сред кафич да пијам сокче..
    Ма да не мора да е вино, тоа што пијам, првото при рака што ми дојде:lol:
    Иако секогаш вино пијам, па затоа:rofl:
    Јавно гушкање е ОК се додека не дојде некој со цвеќе па сите погледи бидат насочени кон мене.. никако тоа:D
    Не ми треба таков "луксуз":D

    Не бидете циции за 500-700 ден...ту бре за едно вино сте:D јас по две флаши пијам....кога други частат...хииик:drunk: :rofl:
     
    На Victorian, cresa-jagoda, Asistentkа и 5 други им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.682
    Допаѓања:
    10.108
    Пол:
    Машки
    Ако некого/некоја јавно навредиш или јавно си го клеветел, потребно е јавно, поточно пред истата таа група луѓе да му/и се извиниш и да побараш прошка. Целта е да го обелиш имиџот на личноста што си го оцрнувал пред луѓето. Во ваков случај, ако се извиниш приватно, штетата не си ја поправил кај луѓето кои сега можеби ќе го гледаат со поинакви очи. Затоа има смисла тоа да биде јавно пред тие луѓе.

    Но ако некому приватно згрешиш, која е потребата јавно да се извиниш? Тука не гледам оправдана цел, освен пукање сеир и демек на личноста да и укажеш „види колку се каам, што и пред сите овие ќе се понижам за тебе..“
    Плус тука има и емоционална манипулација. На девојката може да и падне незгодно од другите и да му прости, да направат некоја филмска сцена а у, а во срцето да не му е простено.
     
    На Victorian, Carissa, blonde_supergirl и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Само нека дојде. Цвеќето одзади на едно место ќе му го ставам. :)
     
    На Someonespecial, krEM4Eto, marija305 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Ах бре деца, деца..многу турски филмови гледате(facepalm)
     
    На ELIDavor, blonde_supergirl, Lilit и 3 други им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.038
    Допаѓања:
    225.176
    Пол:
    Женски
    Малку глупичка е темава а...
     
    На Lilit, Weird0, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Прости ми.
     
    На blonde_supergirl, EvAngelos и Someonespecial им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.038
    Допаѓања:
    225.176
    Пол:
    Женски
    зашо тебе крсто?
     
    На Someonespecial и +++ им се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Личност сум што ич не сака да е во центар на внимание, па затоа лично не би сакала да се најдам во таква ситуација со јавно искажување интимен момент и емоција...
    За други, јавно запросување понекогаш ми е кјут, а вака баш за барање прошка од бивша досега не сум слушнала во реалност :drunk: :D
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.136
    Допаѓања:
    161.544
    Пол:
    Женски
    Јавно извинување = јавно бламирање.
    Едино јавно извинување кое би го прифатила е како во случајот на @EvAngelos и пак не е барање прошка пред непозната група луѓе, туку луѓе пред кои била навредена индивидуата.
    Се останато е вишок драма.


    Ако некој мене реши да ми бара прошка на јавно место, прво - не ме познава доволно, следователно и не заслужува прошка. Второ - без двоумење со најгрда насмевка би му рекла дека не му простувам.
     
    На krEM4Eto и EvAngelos им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Ако сеуште го сакам,а сме се разделиле за банална глупост и во позадина иде Perfect би рекла ДА!
     
    На Adi888 и Weird0 им се допаѓа ова.
  19. Weird0

    Weird0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2017
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    935
    Пол:
    Машки
    !
     
  20. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.124
    Допаѓања:
    50.407
    Пол:
    Женски
    Таков тип на личност сум што не сакам јавно извинување ниту пак запросување. Немора сите да знаат дека сме се скарале некако тоа ми е глупо така да извинувањето може да се изврши и интимно.