1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Барбики!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Saya, 27 јули 2011.

  1. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Да, барбики!

    Женски форум, а нигде тема за најраспространетата пластична другарка на секое мало девојче, срамота! :D

    Немој некоја феминка да излажала дека никогаш не си играла со барбики, зошто и јас како најголемо машкоданче во маало имав колекција дома и редовно ги чешлав, бањав, па и им ампутирав екстемитети по потреба.

    Со толку различни видови, не може а да сте немале омилена. Оригинал или не, барбиките беа незаменлив дел од детството на секое мало девојче, а јас моите и ден денес си ги чувам за да можам свечено да ги предадам на некој помлад женски член на фамилија. :)

    [​IMG]
     
    На Twinkles, cresa-jagoda, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Еј темиште! :D

    Барбики, ах колку само пекав по една ваква, не знаете. Јас сум била дете кое не сакало играчки. Прво што сум ја молела мајка ми одамна пред да тргнам на училиште е да ме учи да читам. Книгите сум ги обожавала. Дури едно време се исплашила женава - абе јас ќе имам дома асоцијален генијалец кој не знае што е кукла. Geek! :o

    Потоа па и ми се присакало да имам барбика ама моите не ми даваа - ми велеа, абе немој живти се со такви површни играчки.
    Ко па јас да сум сфаќала што значи тоа - површно? Само сакав да си играм.
    И конечно тато ми купи една убава барбика, необична да признаам. Имаше кратка, плава, виткана коса, демек да личи на мене и беше облечена во одело. Мојата барбика не беше шмизла бе! :D

    Ја обожавав, и шиев еден куп облека. Најомилената игра ми беше - ај да си играме дизајнерки од Враќањето во Идн, и со другарките правевме модни ревии со нашите барбики, па други решаваа чии модели се пооригинални и поубави :emo:

    Книгите отидоа во втор план. Немав време за читање кога морав да стигнам да ја организирам модната недела во Сиднеј.
    I mean, duh! :wasntme:
     
    На 1209, tessie, Juicy и 2 други им се допаѓа ова.
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Ама да не го заборавиме и КЕН :lol:
    [​IMG] [​IMG][​IMG]
    Многу сакав барбики всушност обожавав :) и си имав повеќе. СИ ги чешлав, шишав предоблекував, водев на шопинг ( алишта од партали :lol: ) абе мераци :D
    Беш пре некој ден со другарките гледавме барбики на еден излог во продавница за детски играчи и морам да кажам дека сега барбиките се малку извитоперени :lol: со поголеми глави и смешни очишта, зборувам за овие новите модели и за разлика од наше време се многу поефтини.
    Не верувам дека постои девојче кое немало барбика :)
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    хахахах темава ми украде насмевка.Ехеј имав едно чудо барбики дома,едвај чекав да си купам нова,ја терав мама да ми шие гардероба за да ги облекувам,па и плетев ситни плетенки,да и ја мијам косата,и што уште не :rofl: Еднаш ми беа купиле барбика на велосипед со батерии како пее ама бргу ја разглобив :lol: Секаде ги носев и се фалев колку се убави.Ах времиња,сакам сега една да имам дома,ама штета ке мора со книгите да се дружам :wasntme:
     
  5. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас бев најголемата машкуданка како мала и немав многу ќејф за барбики и такви работи... Поинтересно ми беше да си играм со пиштоли и количиња него со барбики...

    мојот стрико од Франција ми донесе една оригинал барби и така почнав да си играм со барбики, и тогаш конечно ме прифатија маалските девојчина, бидејќи дотогаш се дружев само со машки. И шиев облека, направив неколку куќички за моите барбики (подоцна мојата колекција се зголеми)...Дури и постелнина им шиев и да добро се сеќавам дека ептен ја задевав баба ми со тоа па на моменти знаеше и таа да ми рече: Реина бабино поарна беше додека сакаше пиштоли и количиња

    сеуште ги имам во некој пакет дома сите барбики, облеки....
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Ејј барбики! Многу имав, не беа оригинали ама ми служеаза играње и многу си ги сакав. :)
    Ги чешлав, им правев фризури, една знам ја ишишав со надеж дека пак ќе и порасне косата ама ништо од бизнисот :D
    И уште си ги чувам, неколку дадов на помалата братучедка а и другите најверојатно ќе завршат кај некое помало девојченце од фамилијата :)
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    хаха абе ај, нема таква барбика :!: :lol:

    Моите беа шмизли, вајда, што знам. Имав многу многу, али не ми се исполни сонот да ми купат куќа за барбики, колку само сакав! :|
    [​IMG]

    Прва барбика во моментов што ми текнува е Лепа Брена. Да, Лепа Брена :rofl: Дедо ми купи 3 лепи брени, за трите негови внучки. Која чест :D
    Облекување, соблекување, деца, шетање, бањање, чешлање, па кога ќе им се исчупаше косата многу се нервирав, амин враќање. Еднаш ги ишишав неколку барбики и после тоа се убив од плачење :tmi:
    Имав и оригинал и од пазар, а имав и Синди барбика. Се сеќавате на Синди? Тие беа контраудар на Барби :D Eпа на Синди и се клатеа нозете и рацете, џоа гимнастичарка, а плус имаше и велосипед голем убав, мх мх уште си го чувам. И Кен имав нормално, без Кен никаде.
    Си пишувам и си се смејам, што убави спомени. Барби е играчка за све времена, за секое мало девојченце :wasntme:
     
    На unique123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.157
    Покрај сите барбики имав една вистинска која ја чувам, и само јас си играв со неа, не ја давав никому :)
     
  9. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Имав 9 барбики. Некои беа оригинални некои не но сите си ги сакав. Стаално ги чешлав ги облекував имав дневна спална за нив, коњче за Барбики, нема што немав. И се секавам една комшивка додека си игравме ме излажа дека ако и ја сечам косата пак ке и порасне. И јас теле и ја исеков. Исто имав и една барбика сирена, која пашката ја мењаше бојата во топла и ладна вода, татко ми ми ја купи за роденден од Фри Шоп се секавам. Но, откако се породи сестра ми, малата кога доагаше кај нас си играше со нив и сите беа обезглавени и ги фрливме. :D
     
  10. Lina92

    Lina92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    29
    леле да ви кажам можеби е смешно но мене ми е многу стра од барбики
     
    На Swagiees му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Исто! Со карираната сукњичка и беретка, и мислам дека црвени чизми имаше до колена. :D

    Eдит: ја најдов на интернет :D

    [​IMG]
     
    На crazylady, Trendafilka, TheCandy880 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Ха ха ха е вакви во наше време немаше
    [​IMG][​IMG]
    А се сеќавам дека имав од Америка од оние демек оргиналните барбики што и се виткаа ( читај пукаа ) рацете и нозете и со тие никако не си играв тие ми беа за украс :lol: абе будала дете :lol:
    Ех колку се си играле и колку алишта сме и шиеле, абе денешниве деца освен фб ништо друго незнаат!
     
  13. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јас бев барибикокасап најголем на цел свет!

    Се сеќавам на ситуацијата гости ни беа дојдени и ајде подарок - Барбика за мене. Седат тие така на маса, среќни и задоволни, а јас подмукло го земам ножот од столот на мајка ми и на барбиката очите и ги извадов, знам ја иссеков целата, лом ја направив. И станаа тие да си одат, прашуваат каде сум, јас бидејќи знаев дека ќе ми се вика ја сокрив барбиката и излегувам ваква :wasntme: . Потоа знам мајка ми ја најде и ми рече што направи мори ќерко и јас - Ама мамо јас сакав да видам што се крие зад окото !!!

    И сите следни Барбики имаа пластични операции направено, која на нос, која на брада, која на стомак, која на очи... Се сеќавате ли на трудните барбики? На тие што им се вадеше стомакот? E jaс ги пораѓав нив, им ги миев челата со вода (оти така видов на филмовите бе). Дури и им викав, не грижи се, јас сум тука :muscle:

    И така сеуште се чуваат, сите до една осакатени се, нема една здрава :D А знам и често си правев "одење на гости" со барбиките ги шетав од една куќа до друга, па имав парфимерија (Извадени сите кремови, парфеми и слични глупости од кај мајка ми, косата и се креваше кога ќе видеше) и ги мирисав, шминкав, капев итн..

    А знам кога беа немирни и ќотек се случуваше да изедат, како тоа не им се јаде?!
    Си се изнасмеав, Саја алал да ти е за темава!!! Се потсетив на најубавите денови!
     
    На FortuneTeller.xD, Juicy, Wild.Child и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Браво за темава! :clap:
    Барбика, унирвезална играчка на девојчињата од сите генерации!
    Обожавав со барбики да си играм.Имав повеќе, и им посветував многу внимание, секој ден фризури им правев, ги бањав, ги чешлав, ги облекував, им правев алишта.
    Па и куќи им правев, со кревети, украси, шифоњери и уште 300 чуда, како вистинска куќа.
    Највеќе се нервирав кога ќе ми се изгубеше штикла! :devil:
    Куќата во вис ја кревав за да ја најдам, ако не ја најдев почнував да плачам. :D
    Сега барбиките којзнае каде се, и во каква состојба :D
    Само има нешто од алиштата останато, сестра ми си игра сега со нив.
     
  15. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    е ова беше детска игра колку само играв со барбики ги имав премногу.Дури и алишта им шиев многу си ги сакав. Е ова е игра а не денешниве деца само интернет ги интересира
     
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    имам еден куп оргинал барбики дома :D Tаа гњурачката, па таа со чајниците,па на ролерки( ама на таа и фали една нога :rofl: ) онака список си правев која ја сакам, од оној албумот, абре дете смотано Mе знаеја сите дека сакам оргинал :wasntme: (фацка бре)
    и само ми праќаа од швајцарија и америка :D Kога ќе си дојдам дома, ќе ставам слики :D
    еднаш ко мала,во школо ни даваат пакети за Hова година од Aмерика, и на мене ми се падна најмалото ;( викам ова ништо нема внатре
    Oтварам и тараааааааммммм оргинал барбика со купачи и 300 тракатанци :D
    инаку и дечко ми знае дека многу сакам,дека ги чувам и редам по дома, и ми купи една барбика на поклон :rofl: Mногу е убава...плава со долга коса! штикла по нејзини димензии 15цм, подигната напред :D
    сите ми се такви де :rofl: Oбавезно ќе ставам слики
     
  17. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Еј, темава :) :D
    Јас повеќе сакав барбики од кукли зашто ако не беа цели пластични, ако имаа платнено тело, глупо ми беше да играм со нив, не можев да ги капам, а за облека многу материјал ми бегаше :D
    Кај нас, обично, барбиките не траеја многу. За кратко време или беа обезглавени, или ќелави, или сакати, важно им фалеше нешто. Кога потпораснавме повеќе ги чувавме. Секое одење на манастир за некој празник обавезно купувавме барбики од тезгите. Со сестра ми игравме заедно со барбиките, и тие беа сестри како нас и имаа странски имиња, обично Сенди и Алиса се викаа. Еден куп материјали на баба ми и ги испустивме за алишта за барбиките,
    а како можеа да ни се најдат тие материјали денес
    . Земи го материјалот, распостели го и не од некој крај да направиме нешто, ние - тап, од средината и отиде јабана! Повеќе алишта имаа тие од нас :D . Кога ги носевме на плажа импровизиравме - земавме леген со вода и го стававме надвор на трева, демек базен, па се сончаа на крпи - специјално скроени за нив, одеа на шопинг, на работа, излегуваа и што не. Кога беше денот за капење, ќе ги искапевме со сапун или шампон и за да се исушат ќе ги обесевме за коса со штипки за жицата кај што сушевме алишта. Имавме и куќа направено од еден пакет, со врати со прозорци ја имавме дотерано, ставивме и пердиња на прозорците и фасада и направивме со фломастери.
    Имавме еднаш едни барбики и игравме со нив, едната заврши проќелавена - темето и беше голо, а коса штрчеше само од околу на главата, а другата со темни кругови на очите т.е. наочари за сонце нацртани со пенкало.
    Овие беа од обичните, поефтините барбики, а имавме после, кога потпораснавме, и други поубави. Еднаш тато ми купи една барбика-готвачка, со облека таква, со престилка и капа бела како на готвачите, имаше и сукало и калапи за колачи и тавчиња, тенџерчиња, лажици ама само сукалото и калапите останаа живи и ги користиме за правење благо-солено.
    Денес, имаме 6 барбики кои ја „преживеаја војната“ : Едни „правилни“ барбики, што ги викавме, тато и мама ни ги купија од Бугарија, балерини се и имаат по 2 фустани и справи за вежбање, ама не ги имам никогаш отворено и склопено за да видам како изгледаат; eдна Индијанка, Покахонтас; едни што ги купивме од Грција, едната е со сет шминки, а другата е сирена ама кутрата цела е позеленета во кожата и во живите ја вбројувам уште една, поефтина, преживеана од некогаш ама здрава.
    Што убаво, си се потсетив пак на детството!
     
  18. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Ехехеееее колку сум си играла со барбики како мала :D Се сложувам со морена-22, ние на времето со барбики си игравме, а денешниве генерации не знаат за барбики. Ретко кое дете денес не го поминува поголемиот дел од времето на интернет.
    Памтам им правев алишта, па куќи, па кога ќе распостелев марамчињата сите кревети имаа :lol:
    Обожавав да им ги средувам косите, да им ги плетам во плетенки или со некои штипчиња нешто да измислувам :D Имав една омилена барбика (оригинал) Шакира беше, кога ќе ја стиснеш на едно копче подоле од вратот ја пеееше Whenever Wherever :D
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Е јас имав само 3-4 барбики и еден куп големи бебиња. :fubar:

    Померак ми беше да си играм со бебињата, дека беа со вистинска големина, ми ги носеше еден апаш од Турција. Малку шверцувани беа, ама нема врска. :rofl:

    А барбиките што ги имав, многу ги чував. Па плетенчиња им плетев, круна имав од тие пластичните... Знам и едни чизми, такви со топуци. :lol: Дете, што сум знаела.

    Најголема желба ми беше куќичка за барбики, за жал немав. Кога ќе отидев кај братучетките, кои имаа 100тина барбики, плус куќа со градина, па коли и слично, не сакав да си отидам. :lol:

    Денес сестра ми сигурно има над 100 барбики, две куќи, три коли и цела картонска кутија полна со алишта. И завидувам искрено, затоа што јас тоа го немав. Ми иде некогаш да седнам да си поиграм. :D
     
  20. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Ах времиња ... :( :inlove:

    Барбиките беа мојот свет :D . Ги имав секакви , во големина , квалитет ама исклучиво блондинки :!: :lol:
    Од цел замоци јас располагав со дневна соба значи тросед , двосед , и фотеља и масичка , чајник се то идеше во комлет со барбика оригиналка -гумените што се виткаа . И знам дека хистеришав по дома да ми ја купат ама моите нејќеа да слушнат не за друго зошто беше ненормално скапа :x . Замислите има од тогаш 12-13 години парите и повеќе вредеа и животот демек поскромен ..
    Арно ама ова разгаленово мрсулче нејќеше да се откачи па отиде кај дедо ... Моиве и го кажуваат проблемов а тој ... Пиле дедино немој да ми плачеш јас ќе ти купам деде е тука ... :D
    И одиме во тоа дуќанот продавачка ќе полеташе кога ме виде пошо и она зи заглави со комлетот никој не и го купуваше а го имаше распакувано за на излог де . И деде кога случна колку треба да плати тој малку му фалеше да заплаче :lol: . Почна да ми нуди разни алтернативи божем на пазар .... Ко у шттка да си . Ама јас не деде Барби и ваква ]:) . Деде излезе шепотејќи од продавничката ... Ех деде бе не е повеќе меѓу нас ама кога ми текнува пошо си беше малце стиснат верувам тоа го памтеше додека беше жив .

    Единствена барбика која ја имам и себично ја чувам , не планирам никому да ја дадам ! :!: ми е подарок од татко ми имав 10 години одеше на службен пат во странство по порачка де ме праша што сакам и се знаеше . Кога ми донесе оргиналка ма шта да ви причам ... Радости