Ех со барбики никогаш не сум играла,само така ми стоеле дома..Имам една другарка од маало и кога бевме помали кога ќе отидев кај нејзе ме тераше да играме со барбики и имаше еден куп барбики наредени на полици, а јас не и не неќев бе и точка а имав дури четири барбики а сега само две кои така си стојат во една корпа за играчки И отсекогаш ми биле досадни, ма ја сум ти брате машки тип, си играв ко мала со топки, со коцки, со коли,камиони
Ах барбики моите најверни другарки до пред година дена. Сега више не ги дружам толку не ми се интересни ама стално ги бањав,ги пресоблекував,па на шопинг одевме,ги хранев,ги чешлав и ред други работи Ахх времиња
Обожавав, сама им шијав на рака фустани, многу ретко корсети. А се сеќавам дека и мајками ја ангажирав да ми шија јорганчиња и перници Куќа му правев од стол и го заградував со перници за да изгледа како вистинска куќа
Барбики во моето детство немаше!!! Но, затоа имаше други куклички со кои си играв, ги облекував, им шиев фустанчиња, ги шминкав... Аххх, прекрасно детство
Првите наши барбики со сестра ми..Најпосакуваниот подарок ..Нејзината беше со сиво руса коса,мојата со скрос бела коса..Беа преубавии..Често ја барав нејзината,не зошто мојата беше грда,зошто нејзината беше секогаш подотерана бидејќи сестра ми и шиеше фустанчина од материјали и крпи што ни ги даваше мајка ми.Јас помало не знаев ништо да сошијам ,а нејзината беше толку богато облечена.Па и тогаш се пазаревме,ми викаше ке ми сошие скромно фустанче за мојата,ако и дадам нешто што таа го сакаше....јас попуштав.Леле времина најубави...
Мене ми стојат во регал за ''украс'' ...Ја мразев и барбики и кукли..Само со животни си играв и коцки..Со брат ми цело време си играв...и така си стоеја барбиките недопрени...
сум немала барбики. Само КУКЛИ преполна бев со кукли..и сите големи, и ден денес ги чувам сите сите си имаат имиња и сите ми се драги
Секакви барбики имав и по цели денови се занимавав со нив. Кој и да доаѓаше на гости ми носеше по една барбика На толку барбики имав само еден КЕН Им шиев облека, ги шишав, им ги боев косите со темперни.. еднаш дури намерно и ја скршив ногата на една, па во "болница" ја носев за да и ја залепат со лепак Креативна од мали нозе.
Ејј како не сум ја видела темава порано, ме потсети на еден убав и безгрижен период. Ахх имав две кутии полни со барбики, дел оригинал, дел онака од пазар. Не можам да го заборавам тоа време кога омилена играчка ми беше Барби куќата што ми ја донесе татко ми, ма огромна беше со дневна, спална, кујна, ходник, па камин имаше во дневна кој беше на батерии и светеше кога го вклучуваш демек оган, абе филм Секој ден правевме со сестра ми нов премештај за мебелот Па во шпоретот им печевме јадење, во фрижидер се сеќавам празни батерии стававме као храна, па газози, па тик так бонбони лелеле времиња ... Па и базен и додавме на Барби куќата, лупка голема полна со вода и таму ги бањав и купаќи им шиев сама Абе имав и чевли за нив, внимателно ги чувавме во тоа шкафовите на барби куќата, да не ги узгубиме, па им ги комбиниравме со облеката. Мислим шта речи.. Смешки, сум шиела фустани, блузи, панталони за нив. Па имав и една црнкиња барбика, ми ја пратија од тие едни пакети што ги праќаа од странство коа идевме во школо, како подарок, донација, штознам што беа.. И битно им организиравме ревии , модна недела , па на сите новосошиени креации. А најјако беше додека набавиме Кен ги ишишав две скрос кратко да бидат машки и цицките им ги напикав навнатре, да бидат рамни После си купивме Кен, ама сепак пак еден беше на кој попрво, па и овие трансџендерките вршеа работа Уште ми стои Барби куќата, кога идат некои мали девојченца понекогаш кога не ме мрзи да средувам после, им ја отварам да си играат, па и барбики им давам и воодушевени се, затоа сите мали девојченца обожаваат да ми идат на гости. Ахх да се врати времево...
Ејј темава ме потсети на детството Јас пак како малечка несакав многу барбики си играв со камиончиња, коцки, со кукли... Ама едно време сестричката кога почна да ми игра многу со барбики и јас покрај неа се заиграв со нив, а и доста време играв . Многу ги имав и сите си имаа имиња, најповеќе ги сакав тие гумените што им се виткаа рацете и нозете и што имаа со нив многу облека и чевли во паковката. На некои им шиев фустанчиња од стари крпчиња .. ги облакавме, фризури им правевме, куќички..абе цели филмови теравме со сестра ми кога игравме заедно . Имав и еден Кен, ама па еден само малку ми беше па на некои барбики што не ми беа многу убави им ги шишав косите за да имам повеќе машки што ќе бидат Исто имав и еден ваков барби автомобил, е со овај радости бевме сите барбики се возеа
Хехе,ах тие пластични стварчики,омилени на секое женско девојче.Мојата помала сестра сеуште си игра со такви работи(6 год. сме разлика бај д веј да не викате голема е а се игра со играчки ) и некогаш ми е многу интересна кога ке земе да ги облекува,да ги дотерува и сл. ме потсеќа на моето време.Инаку нешто за што најмногу се каам е што никогаш не сум знаела да шиам и никогаш не сум сошила ништо за моја барбика.Ај да не се лажеме и ден денес незнаам да шиам А отсекогаш сум сакала нешто да креирам,креативец да бидам.Мојата омилена барбика ми е била Ариел,со долгата црвена коса со плетенче,секогаш сум ја сакала.Кога си ја купив недај боже некој во малото да незнаеше.Ех,дете бе
Сум си играла со секакви играчки па и со барбики. Моите ми купувале имам полни пакети со играчки Постојано ги облекував, чешлав абе мераци
Оф тие барбики,ноќна мора и беа на мајка ми...Секој ден само нови барбики барав,како да немав доволно.На сите барбики косите лом им ги правев од чешлање Имав многу многу барбики,имав и едно како соба беше,кој знае што ќе беше,не се ни сеќавам добро.Интересно ми беше да си играм со нив,постојано ги пресоблекував
Ги препознавате? Ги сакав многу, не сакав да ги имам многу на број, колку што сакав да имам што повеќе додатоци за нив. Имав и Кен... ех, детство... Море и денес си подѕирнувам по излози. Искрено ми се допаѓа што ги прават различни, претставуваат различни народи, култури и сл. Поинтересно е. Теси, исчезни од темава...
Ехеј,колку сум само јас сакала Барбики. Кога ке земам па кревети,асталчиња со некои ситни стварчики по дома што наоѓам им правам.Кога ке се заиграм некоја долга игра,но набгу па ке ми се приспие и готово играта. А голема желба ми е било да сум имала барбика-црнкиња
кога сум била мала секогаш мојте ми купувале барбики..но тие барбикте "живееле" најјмногу 3 дена..после сум правела операција на нив (сум ги расклопувала)!
Јас не играв многу со барбики.Ако играв само 3 саати и толку после сум ги фрлала. Појке сакав да играм со кукли оние големките
Имав премногу кукли. Бидејќи мислеле дека ќе сум машко па куќата беше полна со војници, коли... но најмногу ги сакав барбиките. Посебно една, која што ми беше поклон од тетка ми од странство, леле колку ја сакав и колку си играв со неа. Сеуште ги чувам, ти се дел од моето детство.