Значи еден тон барбики па цели семејства деца тинејџери , бебиња.Куќа опремена , купатило , дневна , спална , гаража.Оф леле колку ми било убаво.Облеки 300. Сон
Се сеќавам главите им ги вадев и така си играв со нив, без глави. Уникат де, кој како мене. А имав барбики, секоја недела нова ми купуваа. Ама ете, дете како дете само со 2-3 си играв. Имаа и имиња.. чекајте да се сетам. Тогаш нели да мода беа овие шпанските сапуници. Една се викаше Руби. Пошто беше црна, имаше виткана коса и страшно многу на Руби ми личеше. Друга се викаше Росалинда, Гергана, Мими (сериозно ова ) и колку се сеќавам Есперанса се викаше таа омилената.
Ех кога ќе се сетам на тие времиња. Јас немав многу, 6цел живот. На повеќето им излегоа нозете од премногу одење... Последните две не долзволив така да си одат, па ги учев балет да играат и да пливаат во мијалникот... Ѕверка...
и јас имав многу барбики како мала и многу ги сакав и ги чував...сакав постојано да си играм со нив и сеуште ги имам како нови се сега ги чувам за еден ден ако имам ќерка да и ги дадам нејзе
најбитно беше Барбиката да ти е ОРИГИНАЛ од Мател и не знам што им се навртеа сеа во последно време, немале релани пропорции, ќе ги осакателе децата во размислувањето...дрн дрн јариња. Па еве гледам ние генерации и генерации што растевме со барбики „све сме со изместени вредности“
Најомилените играчки ! Па и сега би си играла со нив сама им шиев облека ги пресоблекував имав сигурно 20 барбики може и повише ама не тука негде беа и 1 „принц“ хуху .. моите барбики имаа цела куќа во која имаше кревети,спални,маса,столчиња,скавови секоја барбика имаше по десетина фустанчиња и уште си ги чувам
Ехх.... Барбики....Ги обожавав бее!!! И сеа да ми дадат ке играм! Со една другарка ги игравме (верувале или не ) до 2 година средно не беа тие обични игрички беше тоа цел филм од раѓање па до смрт. Имавме од бебе барбика (увезени во тоа време ) па до машка и така си стваравме фамилии од утро па до мрак во едно старо комбе. ГО САКАМ НАЗАТ ТОА ВРЕМЕ !!!!
Ехее,ја имав едно дваесетина барбики.И секој ден како мала си играв.Ама сега да ги најдам уште еднаш ке си поиграм
За мене барбики?? не не не.. хахах.. Абе одма кога ќе ми купеа скини и ја раката, главата, куби ја за коса За мене не беа барбики.
Барбики?А да,тоа беше сезона кога јас станував флизерка и им ги сечев косите.Потоа имаше плачење и дерење зошто не им пораснува косата.
Обожавам БАРБИКИ!До пред некоја година си играв со нив.Имав многу Барбики,многу штикли за нив,многу алишта.Но пред некоја година мојата мајка ги исфрли.И сега имам само 2 Барбики,а тие стојат на полиците од мојата соба.
Не бев таква јас. Барби грл. А можеби и затоа сега не сакам да сум како барбика, туку природна. Имав само неколку, а и тие ги правев пливачки. Едно поголемо канче полнл вода, одма ќе се научи да плива. Н А и брзо ги откачив барбиките. Уште на 8 години, немаше повеќе барбики во мојот живот.
Уште ми стојат дома, сигурно фатиле прашина. Порано си играв со нив, па свадба им правев, куќи, одеа на одмор, се возеа во кола и така.Кога ќе се сетам само колку ми било интересно кога си играв со нив, ама се си минува.Веќе не си играм со барбики, а и со самата помисла на зборот барбики веднаш викам многу е досадно тоа.Ништо не е како порано, и со играчките ми помина меракот.