Баш ме потсетивте на еден безгрижен период од мојот живот. Колку само беше прекрасно тоа пресоблекување, па задавање професии, шиење облека, цели животни стории. Ги обожавав. http://www.youtube.com/watch?v=ZyhrYis509A
Како мала имав многу ама ко чистевме пред неколку години ги фрлив. Сите се распаѓаа на една и недостигаше нога, на друга глава, на трета рака
Сите девојчиња кажуваат дека како мали постојано си играле со барбики, а мене никогаш не ми било забавно играње со кукли.
Малку си играв со барбики, повеќе си играв со мечиња... За секое мече си имав посебна приказна и сите живееја заедно зад каучот, на едно ќебе. Некаде кај 11 години престанав да си играм со нив.
Жал би беше што пораснав и престанав да играм со барбики. Не сакав да ги оставам. Сакав барбики со многу долги коси, оние со кратки не ми беа воопшто убави. На некои им ги сечев, им ги кратев косите и им правев фризури, ги шминкав дури Имав една со темен тен, со виткана коса и гумена а не пластична, таа некако ми беше интересна бидејќи се издвојуваше, беше ретка но не ја сакав бидејќи немаше долга односно предолга коса
Омилена барбика ми беше подарок од тетка од Швајцарија и беше со комплет фустани, накит , чевли за пресоблекување , со долга коса, имаше мотор кој го возеше со управувач и справа за вежбање арно ама fallenangel сакаше и фризури да им прави на барбиките па зема на омилената и ја скрати косата и ја обои со водени боимајка ми кога виде во топ ме стави и жал ми е и денес зошто сум си ја упропастила најубавата барбика ама тоа е дете што знае.
Најголемата слабост како мала ми беа барбиките, покрај тоа што имав еден куп барбики најразлични, од слугинки до царици имав и мали бебиња за секоја а исто така и маж такозван кен ( тука спаѓа и облека и чевли за кен). Секој роденден добивав одредена сума на пари од најблиските роднини и денот после роденденот јас одев да си купам нови барбики. Имав автомобил буба кабрио, кујна,дневна, спална, купатило. А за облека и чевличиња да нема збор. Знаев и да ја натерам мајка ми да ми купи некои материјали оти сакав да им шијам фустанчиња. Кај мене се собиравме женските од малото и игравме бидејќи јас имав најмногу барбики поради што имам две поголеми сестри па јас си ги наследив нивните. Моментално седат прибрани во два големи пакети во подрум и си ја чекаат наследничката....
Ги имав разни... слаби дебели, со розови, сини, зелени коси. Различно ги комбинирав, на некоја ќе и ја извадам главата, па ќе ја ставам кај друга и се така по ред. Им шиев облеки, им правев разни фризури, дури и ги фарбав , им задавав разни професии, цело сценарио смислував кога ќе се затворев во соба. Мајка ми често знае да рече ее колку барбики поеба ти, какви се немаше. Еден дел и сочував. Посебно драга ми е една кукла во носија која ми ја подари една жена од фарма, никогаш не го заборавам тоа. Убав дел дели беа а и неизбежен од нашето детство, денешниве деца не знам дали во целост ќе го доживеат тоа, се плашам дека не. Имаат значење и во развојот на децата бидејќи се поистоветуваат со нив.
Абе глупости. Имав само русокоси барбики (еден единствен пат добив бринета со потемен тен и иако во животов си сакам плави луѓе, барбиките бринети ми беа поинтересни дека ретки), енивеј, многуyy си играв со нив, ама многу брзо ги уништував Им ја вадев облеката, раце и нозе им вадев, па чешлајќи ги со мојот чешел им ја расипував фризурата и беа како искубани, правев да се тепаат една со друга и летаа глави... како некое психопатче Ааа, уште и ги шминкав со фломастери (е за шминкање покажав талент, убави ми испаѓаа ). И после секоја уништена барбика, плачев кај мама, таа од жал ми купуваше нова, ама јас пак истото, не научив да ги чувам и не научив. Имав и еден Кен и ги мував женските со него Ќелав беше пустиот, мазна гланц му беше главата (не се сеќавам дали по моја заслуга)
Како мала си играв со барбики. Уште ги чувам барбиките. Едната ми ја донесе татко ми од Германија. На ситр барбики им ги чешлав косите, им правев фризури. На едната дури и го скратив и фустанот.
Како мала многу си играв со барбики, па дури и им шиев облека со другарките. Сите им шиевме облека од праталчиња, па некогаш се менувавме со облеките Ми недостига тоа време, играњето со барбики. И до ден денес сеуште ги чувам во една кутија барбиките и облеката.
Ја како мала ич не си играв со барбики поише ги сакав оние боречките играчки, тепачиште бев. Си играв кралот лав со играчки, со пиштолчиња на дијаболи... многу филмови(акциони) сум гледала
Ух како мала нонстоп бев со барбиките во рака.Можда до кај 7мо си играв со нив.Гајле си немав.Цело ќесенце облека имав за барбиките,па гарнитури чашки,чешелчиња кревети.Интересно беше си ги чувам уште сите дома во фиока.Си ги сакав барбиките многу ги пазев.Знам како помала во Веро2 имаше една преубава барбика која го терав татко ми да ми ја земе.И ми ја зема, ја плати малку поскапо но ми ја исполни желбата *ко пијавица сум ако посакам нешто.Кога дојдов дома ми падна во корфглексот..Косата и мирисаше на млеко и покрај мојот ,,фризерски третман''.Прва барбика што ја имам ,,уништено'' ако може да се рече.Имав една како со розевкасто тело и нозе како став на балерина крената на прсти и такво фустанче.Да не ја отворев темава немаше да ми текне на нив можда, баш ќе ги сликам утре задутре.
И јас ги сакав кога бев мала.Најинтересно ми беше кога шиевме облека за нив со сестра ми . И многу сакав да имам куќа за барбики Сега чувам само една кукла,така како за украс