1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Барбики!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Saya, 27 јули 2011.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Е јас со една комшивка си играв секој ден со Барбики. Јас имав 3 барбики и еден куп облека за нив, нон стоп им шиев, им правев куќи, кревети и .т.н. Арно ама комшивката имаше и Кен, а јас немав, и редовно се каравме чиј ќе биде Кен, дали на мојата или на нејзината барбика :D Она дека живее во зграда многу сакав кога си игравме кај неа во влезот, па скалите во влезот ни преставуваа спратови од куќа :)

    [​IMG]

    Се сеќавам кога бев забаваче, наспроти школото имаше 2 трафики и во излозите стоеја од оние Барбики со балски фустани! Е многу копнеевме со братучедка ми по тие. Секој ден после школо одевме пред излогот за да ги гледаме тие Барбики.

    Братучедка ми имаше 6 од оригиналните гумени барбики, обожавав кај неа кога ќе отидев да си играм со нив. :) Ако некогаш имам ќерка ќе си играм и јас со неа и со Барбиките. :lol:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. love.edward

    love.edward Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    243
    леле и јас ја имам :D т.е мајка ми ја има не е моја :lol: и тоа скроз иста со карираната сукња и капчето и уште си стои во таа розевата опаковка со ѕвездички и отпозади слики од брена 3 мислам беа :D

    * Инаку само 3 барбики имав како мала, и нитуедна не сакав, и знам дека ги кршев и секогаш ми купуваа колички и пиштоли ама мај фрст лав беше еден пиштол, знам дека светеше црвено кога ќе стиснеш за тоа на пукање (мојата омилена тогашна боја) и свиреше некако, знам дека со него си спиев :D будало дете сум била. Уште имам милион колички низ дома, а барбики останаа само 2, од која нели лепа брена, мајка ми што си ја купила некогаш :lol: и една многу убава гумена таква, ама што да се прави не ми правеа мерак барбиките :)
     
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Леле ваква имаше и братучедка ми, не беше баш барбика, поголемка беше, како кукла.
    Кога одев кај неа се со таа си игравме, сакав и еднаш да и ја крадам :tmi: :rofl:
    И уште си ја чува, само сега што не пее :(
     
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Ахх темава...да се признае или не? :wasntme:

    Играв како девојче со нив но и ден денес :$ Во неделата најмалку 3 пати им посветувам време, поготово сега летово :D
    Кога доаѓа другарка ми кај мене на кафе обавезно ја потсетувам да си ги земе барбиките во чанта или ранче, и правец наваму :D
    Ги чешламе, бањаме, шетаме, им правиме дечиња, е добро де поголеми сме смееме :lol:
    Охх прекрасни се! Последната си ја купив пред еден месец, ем ефтино ем квалитетно! А претпоследната мама ми ја купи за роденденов пред некој месец :)
    Не дека сум лигушка меѓутоа барбиките си ги гледам како очиве мои а така и ги негувам. И драго ми е што не сум единствена.
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Еx барбики... колку само модни ревии имам организирано, колку забави крај "базентот", колку облека имав сошиено... Си игравме по цел ден со другарките. Од школо директно кај некоја. имав и кујна за барбики. Таа уште стои, кое и да дојде дете секогаш сака да си игра со неа. Има се и сешто, од машина за садови, шпорет, фрижидер, кафемат, лименки, овошје... се, се, се што можеш да посакаш. А облека имав сошиено полни кеси, ама за жал не верувам дека има останато кој знае што, откако сестра ми наследи се. А се сеќавам и таа колку само еднаш се радуваше на една барбика што и ја купија моите, како да и го поклониле цел свет.
     
  6. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Еее кои времиња беа тоа :rock:

    Незнам колку ги имав на број, не ми текнува 4-5 сигурно. Тоа се знаеше, секој ден ги бањав во леген на тераса :D, ги облекував, соблекував, чешлав, им правев фризури... Имав и Кен :!: и он секогаш беше во пар со најубавата барбика (една плава со преубава коса и бронзен тен :D ), сегде заедно ги местев :wasntme:... А да, и бидејќи имав кујна
    Истава![​IMG]
    , (што припаѓаше на најубавава барбика ( главнава :D ) и кенот), секој ден ја редев, ја ццкав се да е под конец, и другиве барбики (другарки и беа), секој ден на гости и доаѓаа :D

    Еднаш татко ми незнам од кај се врати (од пат) и ми донесе една барбика, е не сте виделе такво чудо
    [​IMG] - ваква коса имаше, ама виткана :o И не беше убавка како оваа, на вештерка ми личеше!
    Уплав фатив! Незнам која му беше поентата на човекот, да се исплашам и никогаш повеќе да не побарам барбика или па стварно незнам како му се видела симпатична. И наредниот ден ја соблеков гола и ја испошкртав со пенкало цела :D

    И другарка ми имаше барбика сирена, на која што косата и се менуваше ако ја ставиш под вода, ако ја ставиш во топла вода и стануваше розева, ако ја ставиш во ладна вода и стануваше сина, или обратно беше, ех колку љубоморев и сакав и ја да имам, ама никогаш не ја добив :D И така...
     
  7. Gicca

    Gicca Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Ех да ни се врати тоа времееее .. Се би дала :(
     
  8. nate.k

    nate.k Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    8
    Е како мала колку барбики сум имала... А пак оти многу мала научив да шијам сите имаа облека да им се најде.. А исто пак и како мала се научив на рок музика, метал, панк, гот и слично и сите имаа некој лик и само црна или панкерска облека... Се сеќавам една беше Џенис Џоплин со зејтинлива коса, (на неа секогаш и беше мрсна косата, па дека зејтинот е мрсен.. :) ) Друга беше Аврил Лавињ со розевите прамени и русата коса, друга беше Ејми Вајнхаус со тетоважите,(на никој не ја давав нема ни да ја давам... (тетоважите и прамените беа дело на темперните бои), а тројца „Кеновци“ :) ми беа Курт Кобеин, Александре Леви и незнам зошто го имав Френк Синатра со шапката и сите други додатоци... Тетките од Австралија ми донесоа ОооООоООООоогромна куќичка за барбики..
    не го дофатував последниот кат па тој фаќаше прашина... :)
    ... А се сеќавам имав и една бремена која секој ден раѓаше деца... Таа беше на сестра ми и беше Бритни Спирс оти сестра ми ја обожаваше неа.. Па со тек на време и таа ја изгуби косата како идолот на сестра ми.. А татко на сите тие деца беше Френк С... Е ова ств беше убаво враќање во убавите денови.. :D :)
     
  9. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Оваа ми беше првата барбика, што нормално ми беше подарок од Дедо Мраз за Нова Година:

    [​IMG]

    Се викаше 3 looks Barbie, и беше принцеза, балерина и пливачица. Ја баталив кога и се скрши едната обетка.

    Ја имав и оваа, другарка и на барби, со ѕвезди лепенки за косата и опаш што се вади:

    [​IMG]

    Оваа со виножито косата ми беше една од последните барбики што ми ги имаа купено, и ретко ја вадев од кутија:

    [​IMG]

    На оваа и се топеа крилцата во сапуница и правеше балончиња:

    [​IMG]

    Го имав оригиналниот Барби бутик, и тука редовно доаѓаа во шопинг, а имаше и кафуле, па сиромашните барбики работеа во него:

    [​IMG]

    Базенот со џакузи што мама ми го скина и се убив од плачење:

    [​IMG]

    И кујната која ми беше подарок за сите петки во прво одделение:

    [​IMG]

    Кога ќе размислам, сум имала топ детство. :D
     
    На Adi888, crazylady, A-j-a и 2 други им се допаѓа ова.
  10. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Ехх... имав колекција барбики. Потоа колекција од раце, нозе и глави на барбики. Труповите ги оставав така изретардирани. А косите им ги боев со кармин, зашо фрка ми беше циклама или џиш црвена коса.

    Ми ги носеа од Германија, ги обожавав првите недели, ги лицкав, ги чешлав ги облакав, пресоблакав, дури и ги бањав, и фенирав.
    Па детиште, кога ќе ми здосадеа експериментирав со нивните екстремитети, ги префарбував со кармин, ги шминкав со пенкало и така.
    До оној момент, кога мајка ми си сфати дека залудно се трошат пари, и ми ги исфрли сите да не се иживувам со нив :lol:
    Па се префрлив на други играчки кои беа немогучно да ги скршиш, и тие ги сакав многу се додека не ми здосадија и ги запоставив.
     
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Леле хахахах си ги чувам уште барбиките какви фризури сум им правела ееееј :D
     
  12. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Имав неколку барбики кои сеуште ги чувам, иако се во катастрофална состојба :lol:
    Ги лакирав, ги шминкав, им правев фризури..ги шишав (ама после приметив дека нив НЕ им расте пак коса :worried: ) и сега повеќето ми се со кратка коса :D Им правев фустанчиња, куќички, автомобили..леле леле :lol:
     
  13. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Уште ги чувам ,барем 30-тина од нив :lol:
    Ги имам во визба цела вреќа ,осакатени ,без глави и есктремитети ,да имаа душа ќе речев - душата им ја вадев :rofl:
    Им шиев облека ,им правев перки како на сирени (од целофан) ,ги стрижев ,многу ги експлоатирав ,тоа секако ]:)

    Само една ми остана недопрена ,најскапата и најубавата :D
    Ќе постирам слика од неа кога ќе ми се најде за згодно ;)
     
  14. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Барбики имав 14 или 15, не можам да се сетам.Мноогу си играв со нив, им смислував разни сценарија, ги чешлав, ги пресоблекував...Имав многу облека за нив, мини предмети, барби кола, куќа, коњ, па кученце на кое му се менуваше бојата на влакната кога го миев...Сеуште ги имам тие работи дома, по некои кутии, се сеќавам дека грижливо ги пакував за да може еден ден да ги отворам и да се сетам на минатото... :lol:
     
  15. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    Ауу ова одамна беше :lol:

    Не сум ги сакала нешто посебно, ама сестра ми беше опседната со нив. Мислам дека ги имаше сите можни барбики. И сите кои доаѓаа на гости знае што треба да донесат. Па покрај неа и мене ми носеа.

    Добро се сеќавам дека првата барбика ни беше канаѓанка :lol: Како во црвена униформа. Па следуваше првата црнќиња со едно како додаток со кој можеш да и правиш фризури(ако добро ме служи меморијава :?: ) Бевме united colors of benetton со барбиките. Имавме една snow princess ама мене ми личеше на Есма Реџепова(мислам не во дебелина туку беше облечена како неа) :rofl: И ич не ја сакав.

    Мене ме фати еден период кога сакав да ми купуваат само додатоци. Штикли, кондури, патики, облеки, кадички, базени, кујни ... Ах, детство :inlove:

    После гледањето скришно на Child's Play - сакав Chucky кукла, па ја сакав плус и невестата :wasntme: :D :D

    Еве мало потсетување кој беше Чаки [​IMG]
     
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Уште си ги чувам тие што ми беа најомилени, а ги имав премногу... Постојано купував нови, никогаш не ми беа доста. Си имав голема колекција, секакви барбики, имав една Покахонтас што ми беше една од омилените, имав многу плави, со долги коси, па им правев фризури, ги шишав :lol:, им менував облека, имав и црнкињи неколку. Скоро секоја си имаше и Кен за неа. Секако тука беше и куќичката за Барбики и разните додатоци. По цели денови со играв со нив, како опседната бев. :lol:
     
  17. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    Ги имаб околу дваесетина и ги обожавав :inlove: Али све шмизла до шмизла бре, па моиве и машки вртеа па шта да ти причам кад све знаш :D И у главном сите имаа имиња и сеуште им ги памтам :) сите девојчиња од маало се собираа кај мене и игравме со барбики и дури влечевме на ждрепка кој со која барбика ќе игра :rofl: нормално им шиев алишта, ги дотерував па и пижами имаа моиве бре. А ако добро се секавам ја терав мајка ми да им шие гаќи и купаќи :D Ехх времинја беа тоа :D А инаку една барбика прво ја фарбав до зелено па потоа ја стрижев и чекав нова коса да и расте али ене ја у кутија уште ќелава ко лустер :)
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Барбики, мојата најголема љубов кога бев мала :)
    Многу бев пребирлива и не сакав било какви, мораше да се оригинал, гумени, со убава облека и коса.Им правев фризури, им ги комбинирав и менував облеките и секој ден си играв си сестра ми или другарките.Имам дста, околу 20, ама сега се веќе во подрум.Моите барбики често се караа зашто имав само еден кен и зата секоја мораше да биде од убава поубава за да го освои :D Омилена ми беше гимнастичарката
    [​IMG]
    [​IMG]
    Скроз иста. имав и Ариел
    [​IMG]
    Не беше ваква, само перката беше иста.Имаше долга коса и еден прамен во плетенка што на вода менуваше бои.
    За жал, сега се сите во подрум :lol:
     
  19. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Болна тема ми е ова . Пораснав ама уште жалам што не ја купив куќата , во Вршац кога бев.
    Како и да е таа празнина ми ја пополнија неколку соби што ми ги земаа овде.
    Го имав и Кен и некогаш спиеја заедно ама никој не знаеше за тоа :lol:
    Имав многу облеки , сакав и јас да им шијам .. И уште ги чувам само се симнати во подрум .
    Ми рекла неколку пати мајка ми да ги дадам на некое помало девојче ама не ми се даваат :$ :)
     
  20. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.159
    Допаѓања:
    47.022
    Пол:
    Женски
    Да ги чував сите барбики кои ми беа купувани и подарувани сега сигурно ќе немав ни место кај да ги сместам :D но, си имав јас некои чудни навики, им правев операции :rofl: ги сечев кај стомакот,нозете,главата и ги полнев со гел за коса, сиротите тие :tmi: не често знаев и да им правам фризури да им ја сечам косата :lol: а како само убави барбики си имав, тато при секое одење во Софија ми носеше по едно десеттина , ама не знаев да ги сочувам :fubar:
    И сега си реков штом си подсоберам пари ќе си купам една убаваа барбика и ќе си ја ставам во соба :wasntme: е онака за мој ќеиф :D голема сум знам ама мерак ми е што да правам :$