Јас сум типичен Барби-хејтер. Се сеќавам дека повеќе напнував за точаци, ролшули, боенки ....отколку за Барбики. Барби кризата ме фати во забавиште- кога сите девојчиња играа со Барбики. Првата Барбика ми беше со плава коса. Кутрата таа, ја снема за 3/4 дена. И шиев облеки, па спиеше и се бањаше. И правев куќички од сликовници хахах Брзо ми помина оваа Барби- фаза. Набрзо пак се вратив на ролшулите и точакот. Поинтересно ми беше да си ги бројам модриците на нозете, отколку да играм некоја игра со кукли
ахх колку ги сакав.Зависник бев од нив.Шиев облека,разни фризури им правев..Кревети од коцки..Значи да имав една барбика би ми поминала цела досада за летово.Постојано в раце ги чував и им зборев дури се правев дека и тие ми зборат.Секако сите завшуваа со скршена глава,изгубена рака,нога
Да, сум играла, ама не премногу Повеќе сакав кукли Плус, никогаш моите не фрлиле пари на оригинална барбика, no need! Jaс, плус, не ни им барав )
Пораснав во странство и се разбира ги имав најновите и најубави барбики абе пеат плачат се правеа.Кога си дојдовме во мк главна бев ееејј девојчиња од сите маала доагаа да си играат со мене само поради барбикте (ме искористувале),многу сакав да си играм со нив ми купија и кука за нив знаете за каква ви зборам но јас повеке сакав јас да им градам со разни предмети абе бујна фантазија и инспирација имав во тој поглед,ми го купија и Кен па ги терав да прават деца ги местев да имаат секс многу па сум знаела сто е тоа ама ај мојот збор закон,па ајде сите девојчиња мора да ги парат и нивните абе групен цццц перверзии,малку лоса бев зосто сите се караат да ми бидат другарка а ја глвна но на крај ја поклонив најубавата барбика на една другарка па кога дозна татко ми се фати за глава керка му бизнисменка јас ја дадов барбиката а таа ми даде една кукла од тие по пазарите ама пусто дете кај сум видела па таква ,,младост лудост
Бев единствено дете до 7 години, па можете да замислите што се` се случувало. Барбики имав еден куп - да ги риеш со багер и пак да не можеш да ги собереш - како што знае да каже мајка ми. Ги чував во една плетена кутија, баеги височка и знам дека беше фул (и уште е, чувам добри 70% од лепотанкиве). Јас бев татино девојче и при секое излегување со татко ми се враќавме дома со ќесе полно со Барбики, дотатоци, и уште милион Барби-тракатанци од кои на мајка ми и се креваше косата - абе дај, мала е, што разбира, та ќе и мине меракот ќе ги искрши, не вреди да се трошат толку пари за кукливе! Чееекај бре мајче, каде мала, што не вреди - ги чував повеќе од самата себе! Пвеќето беа од оние `кои знаеја да вежбаат гимнастика со нозете и рацете` - така ги викаше баба ми оригиналките. Имав една бинисменка, имаше биро со компјутер, дури и цедињата се вадеа се ставаа. Имав и сирена, ама не и се виткаа рацете и знам дека еднаш пробував да и ги свиткам, ама откако видов дека не може и се налутив и се откажав, инаку имаше виолетова коса и перката и беше виолетова (најмала беше и редовно играше улога на ќерка во моите доолгометражни Барби филмови) Тетка ми од Австралија ми испрати една атлетичарка (за времето на Олимпијадата во Австралија) и типкава беше цуца - зелени хеланки и прилепена маичка, патики и знаме ми беше омилена, дека најоригиналка. Исто, при секоја инјекција, вакцина или одење во болница татко ми ме подновуваше, де кујна, де спална, дневна и така натаму се додека не ги собрав сите соби и се откажав од молбите за куќичка (и ден денес ми е мака), ама и купија на сестра ми, па не се важи (уште ја дружев во игрите кога немав што да правам до пред 3-4 години). Имав и Кен, ама се повреди - т.е. Барби го `фати` во тесно со швалерката и буквално му ги скрши половините, па кутриот не можевме да го составиме и си стои таму некаде распарчен, а се утепав од плачење, се сеќавам. Мнооооооооогу ми фалат овие времиња, обожавам да си играм со Барбики иако богами, одамна веќе не сум за нив, ама ќеф ми е, ме потсетуваат на моето прекрасно детство. Сега сум во фаза на собирање паринки за нова Барби, сигурно ќе ја купам, морам!
Многу сакав барбики. А и ги имав во голем број. Уствари ги имав се додека не потпорасна брат ми и сите ги масакрираше. Сега имам 2-3 само, но не знам каде ги има ставено мајка ми. Се сеќавам дека им шиев облека, имаа повеќе парчиња од мене. А и доста време ги играв. Докај 5-6то одделение, додека еден ден мајка ми не рече доста е веќе и ми ги сокри некаде.
Завршив четврто одделение кога го добив мојот комплет составен од две оригинал Барбики со многу разновидна гардероба, ташнички, штиклички, чешли и што уште не кој чинеше скоро половина од платата на мајка ми. Дури и сама правев обиди да им сошијам нови фустанчиња и сукњички кои со гордост им ги облекував иако од авион се гледаше „вештината„ на изработката. Се случуваше и да си менуваме облеки со мојата другарка која исто имаше две Барбики. Иако играв џамлии и фудбал и не бев најгрлиш девојче, Барбиките се дел од моето детство и со радост се сетив на нив. Да имаш кукла која има свитлива нога во мое време беше еднакво на имање мобилен украсен со Сваровски во денешно време за едно девојче, значи последниот моден „технолошки„ крик .
Барбики никогаш како мала не сум сакала, имам над 100 обезглавени, мајка ми ги чува во пакет. Знам дека ги соблекував и ги шкртав, поточно им цртав облека, со разни шари на неа, а да... и неизбежното -правев Барби и Кен да имаат секс.
И ден денес имам како некоја фобија можеби затоа на некој начин бев силно емоционално приврзана за нив.Многу ги сакав.Имав геј чичко кој го прошета цел свет и ми носеше од секаде кукли имав за извоз.Но ниедна не беше запоставена Лошто е што имав 2 безобразни братучетки и со уште побезобразни родители кои немаа време да си ги воспитаат децата па редовно ми ги крадеа.И јас редовно плачев.Уште се кај нив, сега имаат по 30 години и не ги враќаат засрамота.Не има одам на гости , и тоа верувале или не само заради тоа,незгодно ми е избувлива сум по природа на моменти ми доаѓа да си ги украдам назад.Мои се ги знам! Damn I wanna bitch slap them! Its all mine slut ALLL OF THEM ! ( ова за постарата крадачка е )
Вака или онака, и машкуданките поиграле со Барбики Мене моите беа принудени да ми купуваат така поредовно, пошто сите ми завршуваа на ортопедија Дел од нив сеуште тато наоѓа низ бавчи, брат ми и братучед ми ги криеа в земја, ги закопуваа, им правеја операции, а јас си плачев и плачев додека не добиев нова поубава, па за крај и со зглобови, омилените, се пуфкав во маало Облеки сама не шиев, ама баба мајстор стана за барби фустанчиња Си чувам уште две, едната е речиси гола, со прокубана коса, а другата си стои со елегантна пунџа од вештите мои раце, со пеперутче поголемо од главата нејзина Ооо, да, и кадичето во кое што ги капев го чувам, направено од кутија од сладолед, ама обложена со све-ми-боје-лепе-стоје самолеплива
Ахххх барбиките ги обожавав.Си ги чешлав,ги облекував,ги шминкав,ги лакирав,им ставав бижутерија,им правев фризури,ја прскав со парфеми,ја носев по комшии .Имав барбика која пееше плачеше и јас шетај ја по комшиите за да ја видат Се сеќавам од забавиште до 3 одд сите чанти ми беа со барбика.Тетратките и приборот за на училиште исто сите со барбики.Имав и чанта,блуза,маица и што уште не со барбика Најомилена ми беше барбиката што плачеше а да и викаше (на едната рака .мама мама,на другата тата тата и на ногата дада дада и на другата нога плачеше)
Јас не сакав барбики до поголема. Да играв криенка ми беше поинтересно. Кога имав околу 10, побарав барбики. На нив ги тестирав моите фризерски способности. Повторно за единаесеттиот роденден мислам добив барбики, и така си стоат, safe and sound и со коса некаде во собата, уште во кутијата. Треба да ги донирам по маалските цурици.
Имав една (уште ја чувам додуша, читава е ), Синди се викаше, многу беше убава пустинската. Ама ептеееееееееен ретко си играв со неа. Многу некако слаба ми беше и тешка за лулање. Повеќе си сакав да им правам нано-нано на куклите.
обожавам барбикии!! уште би купувала,не за да си играм со нив туку за да направам колекција. тоа ми е во план и наскоро ќе почнам со реализација
Како малечка обожавав да си играм со барбики си ги земав сите со сите алишта што му ги шиев и си играв со нив со сааати,ги чешлав(ги кубав )ги хранев и исто така имав еден Кен и ги доближував демек се бацват и после свадба му праев Иначе имав многу барбики и оргинали и не оргинали а оргиналите најчесто ми ги носеа од странство и ден денес си ги чувам повекето барбики чучнати на полица а средина Кен
Ме подсети на детството.. Значи од малечка обожавав да се играм со барбики.. Имав неколку омилени, им шиев облека, им правев куќа, имав и кен па си замислував како се они вљубени, па им правев свадба, дури и ги пораѓав
Јас имав повеќе од 20 барбики сигурно. Не беа оригинали ама многу ги сакав. Всушност онаа која беше оригинал не беше вклучена во игрите . Куќичка за барбики немав бидејќи ги имав премногу и не ми ги собираше но знам дека кога бев 6 годинки дедо ми купи бојлер па ми направи едно прекрасно КУЌИШТЕ кое и ден денес стои кај баба ми заедно со лепотиците
Немав многу, 3-4 некаде и една таква Синди. Не сум знаела дека така се вика, за мене си беше Барбика. Омилена ми беше, со чоколаден тен и коса долга до нозете. После сестра ми ја ошиша до над половината. Инаку беше малку поголема од другите барбики па нејзе посебни алишта и шиев. На другите им ги менев, па штикли имав, чантички, бре бре колку само сум си играла. Сега појма немам кај се.
Имав околу 10 и сите спиеја под иста покривка... не знам зошто, бев премногу невина за да знам дека тоа е малку.. хмм.. чудно. Имав и Кен и редовно правев да имаат секс во кујна. И после дојде Шели, нели. Повеќето ми се од вујко ми, ми ги купуваше од пат. Најомилена - гимнастичарката.
Ах барбики! До некое четврто одделение, се ми беше со Барби. Ранец, тетратки, тренерки. Имав огромна куќа за барбики која ми беше до половината, со 4 спални соби.. Се бе се! Секоја недела мајка ми ми купуваше по една нова облека за некоја барбика од оние продавниците за играчки. И секој одмор обавезно се купуваше нова барбика (исто задолжително беше да се купи ако мајка ми или татко ми одеа на пат ). Скапите барбики оригинални не ги чепкав многу, внимателно си играв со нив. А купував ефтини од по 600 - 1000денари и на нив им ги фарбав косите со фломастери, им цртав тетоважи.. Беа времиња