Ам кај сум јас досега во темава бре?? ах ејнџел ејнџел, мораш почесто да рошкаш по форумов. Батали сега то, Ејнџел, фати се за барбикиве. Ги имав(м) мал милион: со вакво фустанче, со такво фустанче, со ваква коса, со таква коса, со Кен без Кен, со куќа без куќа... Со све и свашта, без све и свашта... Многу ги сакав и ги чував. На сите им бев мајка, ама не знам кој им беше татко. Уствари јас знам, ама тој не знае дека им беше татко Повеќето ми беа оригинални, донесени од странство. Знам тета многу ми носеше и тие ги сакав најмногу. Не биле пластични како другите... Имав негде 10тина 11 години, кога девојката (жена не знам што беше) на син од една пријателка на мама беше дојдена во МК. Цурава беше од Америка, ама црнка беше. И мене ептен јака ми изгледаше и многу ја засакав. Кога си замина само за неа зборував: Синди вака Синди така... И за мојот роденден ми пратила барбика: црнка како неа, со маче и куче, а таа барбиката ветеринарка. Милина, пресреќна бев. И така, барбиките и ден денес ги чувам, ги сакам и негувам... И тие ми се најдраг спомен од детството!
Да многу сакав барбики постојно си играв со нив како помала му правев кујчи , ги капев , ги чешлав (иако понекогаш знаев и да бидам фризерка па да и ја изтрижам цела коса ) му шијав алишта абе постојано играв со нив , не ме интересираја ниту кукли ни пак некои други играчки само барбики сакав
леле кога ми текне само на игрите со барбики имав 4 или 5 само едната беше оригинална другите ми беа од пазар ама мн си ги сакав и со комшиките секој ден си игравме со нив ги водевме на гости една кај друга, арно ама си немавме Кенови па замислени ни беа обично тие што ни беа симпатии и навечер кога се „стемнеше“ водеа љубов со замислените Кеновци
Аии..тие времиња.Со другарки ке земеме (најчесто кај мене) со барбиките,па ке правиме куќи од книги,кревети од крпчиња,облеки од чорапи и што уште не:занимација ни беше а не сега цел ден нан нет-.-
Искрено, ги мразам. Никогаш не се радував кога ќе ми ги купеа, нити па знаев нешто посебно да играм со нив. Интересни ми беа фустаните нивни, а на косите им правев `ршум, нема една останато со здрава коса. Ги мачкав со бои за чевли, со ножици кога ќе ги фатев крај немаше , ги чешлав оние со густа виткана коса и пола коса ми остануваше на чешел, нормално. Им ги кршев нозете и рацете, им ги менував главите, ги шарав со фломастери и ги оставав во купатило во леген со средство за бришење плочки да стојат минумум една недела. Поомилени од секогаш ми беа оние големи кукли, со рефлекси некои си, на кои што можев да им менувам памперси, облекувам вистинска облека и слично. Шта чеш.
Јас го имав овој Кен на првата сликаааааа! Аххх,од Хаваи беше убав тој на дада! Барбики имав 10тина,од кои 1 ми беше најомилена,и се виткаа нозете и рацете.Ја чешлав,крадев моркови,смоки,шпагети од кујна им правев јадење,имав куќа и кола,ја полнев кадата редовно за да одат на одмор,ахх сметките за вода! После Кен,брат ми купуваше ActionMan,тие ми беа појаки па му ги крадев за да им бидат мажи(шта) на моите барбики.Па правев балови,избори,забави,свадби...Се согласувам со последните реченици на Совршенство,нашите кукли беа поубави.
Ги немав во голем број и никогаш не инсистирав да ми купуваат иако понекогаш кога ќе дојдеше некоја другарка знаев да се заиграм. Еден период почнав и облека да им шијам (барем се обидував ) и се сеќавам дека мајка ми ме гледаше со чудење и се преашуваше да не не сум во ред нешто тие денови
Баш попладнево мајка ми ми се јави и ми рече дека сите мои барбики ги собрала во кутија. Здравје боже да имам ќерка ќе нема потреба да и купувам барбики, ќе си игра со моите. Ги имам еден куп и бројот не им го знам сите се зачувани а имам и голема барби куќа со базент надвор и продавница за облека и обувки до неа, Барби улица ја викав. бидејќи дома бев само јас девојче секоја Барби желба беше исполнета, дали оригинал или од пазарче јас бев задоволна. Имав голема среќа што тетка ми имаше во тоа време и продавница за играчки и тетината галеничка не си одеше со празни кеси од продавницата .
имам многу барбики (сеуште ги чувам) толку многу играв со нив, што на братучетка ми и ги крадев алиштата и штиклите
еххх убавоо детствоо ме посети тематаа иначе да имав барбики ги имав обичните кога бев прво одд тетка ми од германија ми испрати оргинал барбика сто и се виткаа нозете и рацете по купаќи им правев најразлични флизури ке ги истусирав им шиев алишта што се не им правев ехх убав период од детство сакам да ми се вратиииии
Да, многу ги сакав барбиките . Имав многу на број, од оргинални до обични имав секакви. Некои од барбиките си ги чувам и ден денес за успомен.Многу ги сакав им шиев облеки, им правев фризури, па дури со другарка ми им ги фарбавме косите .По цели денови си игравме со нив. Ах тие беа добри времиња кои секојпат ќе се секавам на нив.
Ах леле и јас проклето многу посакував куќичка за барбики и никогаш не ја добив Затоа кога ќе имам ќеркичка обавезно ќе и купам И јас ја имав Синди и ја обожавав, беше посебно убава. И Барби и Лепа Брена и Кенови и никогаш не ми беше досадно со нив. Преубаво си играв. Ахх дааа, времиња беа тоа. Се прашувам зошто денес барбиките не се толку убави како ние кога бевме деца?? Сеа све се некои грди и со големи глави. Оние нашине беа мачкици и пол бре. Штета не чувам ниедна
Постојано си игравме со барбики..Имавме од детски соби,до дневни,кујни,базени,ролерки..Барби,Кен,деца,мачиња,кучиња и што ли уште не.Секаков вид на облека,јадење,чешли,штикли..свашта. Како мала требаше да лежам во болница и многу се бунев,плачев,не ни сакав да помислам и моите за да ме натераат ми кажаа дека ќе ми купат барбика со лента за трчање.Тука ме добија..Од кога излегов,беа распродадени од таму каде што ги гледав и ми купија со точак.До ден денес им го пререкувам тоа,срце ме боли Не е ист филингот.Со точак имаше и мојата другарка хахахаха (шала) И сега би си седнала да играм.
Моите секоја година патуваа негде и постојано ми носеа по некоја барбика! и јас како шо сум перфекционист-не смее да не е оригинал... дома ги имам окол 25 and counting... сеа сеастра ми си ги игра.. Леле , а најсреќна сум била кога моите ми донеасоа оригинална кујна и дневна за барбиките.. па колку сме се глупирале и сме си играле ! хахаха .. дури се сеќавам еднаш и филм правев ги снимав они демек глумици се ! А за облекаа... посебно им купував ...знаете оние облеките што се продаваат без барбики .. хаха сеа незнам кај да ги ставам !
Имам милион барбики, ги обожавам, значи уште си ги чувам, во собата моја се, на видно место, секакви кујни дневни соби, се бре, многу ги играев и мил спомен од детството ми се
Колку само имав многу. И се сеќавам дека си ги чував во едно ќесе и кога и да сакам да си играм сите ги истурам на земја. И собереме се кај мене другарки сите си играме со нив, ги пресоблечуваме, бањаме.... абе свашта имаше.... Па некоја уништеме, па плачење..
Со Саја иста кујна сме имале Имав можда едно 20тина барбики, куќа огромна со базени, лифтови, лежалки чуда... Имав коњ за барбиката, точак.... се милионерки ми беа. Куќата за барбики беше висока околу 70 цм, мајка ми уште му мрчи на татко ми за тоа Даа, имав и кола. Убав и луксузен живот живееа моите барбики, проблемот беше што имав само двајца Кеновци На едниот му растеше брада, па му ја бричев секој ден бидејќи во паковањето и брич си имаше Секогаш играв заедно со сестра ми, и на крај секогаш завршувавме ние две во тепачка ради барбиките. Кога игравме се игравме по некои хорор сценарија, нели пошо само двајца мужи имаше, па прељубници, па едната ја обесила другата, па третата паднала од коњ скршила врат, четвртата кола ја удрило, петатаа ја отруле Оф леле Неостварена желба ми остана барбиката со домашно милениче ќе си ја купам сеа хахах Многу ми е жал што ништо од овие работи не чувам
Оф, оф. Колку сакав барбики. Па интересно ми беше.. Ќе ги пикнам под ќебе ќенот, и ќената, и они си вршат сами работа. Па ќе земев леген, ќе го напунев со вода, ќе ги оставев барбиките, и они си лебдеа горе (демек у базен ). А после косата ваква им беше Спојлер . Колку имав предмети од мајка ми што она играла ко дете.. А ја ги запустив скроз на скроз. После тоа дојдоа во мода касетите Спојлер Па нели има посебни страни за секоја песна, има текст, и на секоја страна се различно облечени..И така си игравме со касети, Ама не ја вадевме касетата! Иако на некои имаше само глава, не е битно..