1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Барбики!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Saya, 27 јули 2011.

  1. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Барбики...
    Ептен ги сакав. Имав околу 7-8, и ептен се грижев за нив. Едната беше прикелавена, ама онака косата и беше до нозете. Па од останатата коса и правев пунџа, да ја покрие дупката. :rofl: За чешлање, малку ги чешлав, оти баба ми, ме караше, и се кинела косата. |( :D

    Имав кревет за барбики, таков, што се лула, ама мал беше, колку за една. Другите ги ставав во мали кутии, со мали јорганчиња и перници, кои мама ми ги шиеше. Исто и фустани ми шиеше мајка ми, па кога ке ја начекам да пегла, ја терав и фустаните да ги пегла. :rofl:
    Имав една со точок, една гимнастичарка, малку потемна боја на кожа имаше од другите, таа прикелавената, подоцна ми купија една што раѓа бебиња :lol: , па ми купија една со голема глава, кога ме фатија улавите по Брац, и уште неколку обични.
    Имав една што пее и оди. Таа многу ретко ја пуштав, ми беше страв. :lol: Сите ги чувам, во најдобар ред се.
    Кен го немав. Куќа имав една, ама не од оние, ептен барби, повеќе за кукли беше, и така, не многу голема. Ама мечтаев за голема, која никогаш не ја добив.

    Имав и кукли, имав едно големо бебе, со кое си спиев. Без него никако не заспивав. Зборуваше, мама, тато, ама едни пријатели кога дојдоа на гости ми го расипаа. ;( Уште ми е жал што ми го расипаа. Имав и други омилени кукли, со кои редовно си играв. Имав, и уште стои на видно место во собата, кукла, порцеланска, оригинална. Е со таа никогаш не си играв. Ја добив на 7-8 години некаде. Само и го местев шеширот. :rofl: Ми беше страв да не ја скршам, а и не се игра со таква. Ептен ја сакав. Таа ми беше само оригинална, и таа пејачката. Другите обични, за да можам повеќе да си играм, инаку ќе ми беше жал. :lol:
     
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Барбики, цела колекција си имав, оригинали и неоригинали. Редовно ги бањав, ги шетав, па дури 2 омилени и надвор со себе си ги носев.
    Еднаш ми текна и да шишам една ( ќе и порасне косата како на мене). Баш ја средив!
     
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Богатство.

    Мајка ми каде и да одеше на пат ми носеше барбика. Кога го бомбардираа Белград беше таму и ми донесе огромна кутија со бомбони, тефтерче барби и пенкало. Кое вриштење го приредив, како тоа нема барбика?. |(

    Имав се што може да посака девојче.
    Куќа, автомобили, комплетен мебел опремен дури до wc школка. Pet Shop продавница, коњ, кочии и така натаму. На времето, татко ми работел во Германија и кога сестра ми била 4-5 години (пред 20 години) и донел се, ама она само по куклите. |( Можете да замислите, кај нас барбика одвај се наоѓало а и постоечките биле прескапи затоа што моите не биле нешто финансиски добри и место да се прави важна го викала цело маало да си игра, а она идела со мајка ми и пријателките во дневна. :D Барбика во живот нема фатено мислам.

    Јас спротивно. Нема некој што си играл повеќе од мене. И сега да ми дадете, пак ќе си играм.
    Прекинав на свои 12 години. Рачунајте дека во тоа време почна шема да се муваш со некој баш на 12, 13 години. Јас, заостанав изгледа. :D

    Со братучетка ми сме иста возраст и на секои две недели за време распуст одевме кај баба ми и си игравме. Колку ми е криво што и ја дадов мојата куќа на неа, и ја земав нејзината. :( Инаку, нашите се гледаа секој петок и сабота и со цел памет една кај друга две вечери по ред носевме ќесишта со барбики, а кога дојдоа кај нас со такси и не беа во можност да носат патни торби со мебел внатре, пукнавме од досада иако јас имав преку 20 барбики на број и истите работи. Истите работи се влечкаа на зимовања, летни одмори, викенди...

    Арно ама, кога имав 10 години отприлика, еден ден целото мое богатство отиде во бестрага.
    Нешто кое никогаш нема да го преболам.
    Тетка ми не собра мене и братучетка ми од кај баба и тргнавме кај нас дома. Ги извади моите барбики за да ги качиме горе и и рече на братучетка ми земи ги, затоа што јас бев натоварена со облеката од престојот, а она нешто вадеше од багаж. Братучетка ми ги остави барбиките затоа што се имавме претходно малку скарано и љубомореше што имам повеќе, и без да приметам ниту јас ниту тетка ми вечерта кога ги барав кај се за да ги раскренам, ми текна дека она ги носеше. Се јавив да прашам и ми рече ааа, па доле ги оставив, мама требаше да ги земе.
    Не знаете колку ја колнев и посакував да умре. Не се опишува.
    Сликата од моите мили мали пријателчиња оставени на хаубата ме прогонуваше со ноќи.

    Цела вечер и дента после тоа се тресев, имав температура, и плачев без престан. Во живот немам плачено и тажено повеќе. Изгубив се. Сите барбики кои со години пред тоа ги собирав, вклучувајќи ја и последната, ангел, која беше мнг скапа и ја добив за роденден. Во бестрага ми отидоа каучи, чевли, столчиња, кенови, дечињата на барби и кен.....После тоа добив од баба ми 4 пластични барбики, и полека почнав да ја обновувам колекцијата, ама никогаш не успеав да ја довршам.
     
    На Adi888 и Spell им се допаѓа ова.
  4. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Никогаш не ги сакав. Ни сега.
    Многу веројатно ради Барби ја мразам розевата боја.
    Но затоа , имав еден куп други играчки. Од количиња,мечиња,коцки..
    Уште имам..и често добивам играчки на подорак, а знам и сама да си купам.
     
  5. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Со темата ме вративте 7-8 години наназад :D ..ех колку играв само со барбики, најмногу ги сакав, и ден денес да можам и ден денес ќе играм со барбики, сама им шиев алишта му праев чанти, толку бев заразена то чудо едно..Ги имав многу, ама не знам кај ми се, планирам ко ќе имам послободно време да си ги побарам и да си поиграм малце со нив, да се потсетам на детството :inlove:
     
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    43.170
    Имав Лепа Брена барбика, донесена директ од Белград, и се чаталев у маало дека сум кул. 8) :lol:

    Која будалаштија!
    А плачев кога на една другарка за роденден и донесоа цела куќа (ма да после тоа се разочарав кога видов дека ситнурии внатре нема, туку дека сета куќа е всушност пластично розево квадратче со исполепени додатоци, и дека нема вистински лажици, чинии ]:) ) и внатре Барби со Кен и им се виткаа нозете и рацете! Која смелост беше тоа, вау!
    Стално им ги кратев и кубев косите.
    Им шиев мизерни палтенца и слични додатоци, а им ги губев штиклите.
    Еднаш, од проба, на една бугарска барбика што ја добив за Нова Година, и ги дупнав дојките со жижица. :D
    Улавштини.

    А, да! Уште си го чувам албумот со самолепливи сликички, имаше таму фасцинантни концепти на Барбики. Барби со коњ, Барби на плажа, Барби во кујна... Разонода со стил.

    Ми фалат тие времиња...
     
  7. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Имав неколку ама не ги сакав , плус ја мразам розевата боја. Повеќе сакав со молив и хартија да си играм и да си пишувам. :D
    Уште од мала тоа паметњакович сум била :D :D
     
  8. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    90
    Ги имав повеќе како мала,ги шишав,ги бањав....Многу сакав да си играм со барбики
     
  9. Iamhowiwanttobe

    Iamhowiwanttobe Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Барбики...Ах, колку само ги имав дома! Ги тестирав моите фризерски способности на нив! Добро, де имаше, и некои обезглавени да им фали глава, нога... Ги имав за извоз. Со нив ми помина детството!
    Имав шмизли, плави црни, абе IAMHOWIWANTTOBE работа. Се уште ги имам дома. Инаку сакав и со кукли да си играм, криенка, гоничка итн Имав се сеќавам и Кен кој беше само со најубавата Барбики а таа мораше секогаш да биде скоцкана од глава до пети! Имав и прекрасна и голема куќа со мнооооооооогу додатоци, кога одев кај братучетка ми таа имаше кола и мнооогу барбики и обавезно бев љубоморна и не сакав да си одам! Еднаш тргнав и да и ја крадам! Абеее, детство
     
  10. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    Обожавав барбики коа бев малечко..имав цела кутија со барбики,имаа и куќа и кола и измислени викендички :lol: секој ден беше епизода сама за себе,денес ќе одат на фризер утре во мајами си се чудам како ми текнуваа дешавките абе режисер :$ ги чешлав им правев фризури и знам дека на барбиките се научив да правам плетенки и пунџи.Што е најтрагично пола ги имав упропастено бањајќи ги во леген со топла вода се разбира да не настинат :lol: ,имав ариел оригинал беше и косата и беше огромна црвена убава и јас ја ишишав :fubar: и затоа до ден денес се каам..:( и така трагично завршија животите на пола барбики ама има некои остатоци во кутиите во подрум :D
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не постои девојка која не сакала барбика, дури дедо ми како мала сум го терала цело време барбика да ме вика хехехех имав и куќички,коли,кујна,спална,сите можни елементи хехех ееее златно време беше тоа кога си играв и со ништо друго не се замарав :D
     
  12. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Имав многу барбики иако не обожавав многу да си играм со нив. Уште ги чувам. :lol:
     
  13. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Барбики... Уште си ги чувам, напикани во некој плакар во подрум.
    Ама какви спомени ми будат, их!
    Цели шпански серии сум изигравала со овие барбики, не ми здосадуваа. Имав и кујна за нив со чаши, чинии и уште триста тракаташки, имав трајлер, цела дневна, алишта и аксесоари.. Па кога ќе ми купеа нова, радости. И таа влегуваше во игра :rofl: :D

    Се` си чувам доле, може утре ќе имам ќерка па ќе снима нови сезони од моите серии :D
     
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Ах бре детство. :inlove:
    Тетка ми имаше навика секоја година при доаѓање да ми носи барбика и секакви спални, дневни, купатила...
    А јас сирота си ги складирав и си правев куќичка од кутијата од телевизорот пошто никако не им текнуваше да ми купат куќичка, а ми беше срам да барам. :$
    Најомилена ми беше принцезата. Абе то лепота, па раскош фустан, па статична круна (пошто знаеја дека ако се ваѓа - ке ја измезев), па то јака ципела...Ах... :inlove:
    И си ја однесов еднаш со мене на доктор и сум си ја заборавила. Се вративме подоцна да си ја земам ама демек ја немало.
    За среќа, мутавата докторка ни беше домашна пријателка и при една посета си ја здогледав барбиката и дете како дете си станав и си ја земав без пардон и притоа и реков нешто во стил “Ти мори стара си да крадеш барбики за да си играш со нив.“ :D
    I won bitch! :devil:

    И да, мама кога не ме гледаше, редовно си ги сексав меѓусебно. Па ако ме фатеа лажев демек ги пресоблекувам и така паднале една врз друга. :angel:
     
  15. Afronija

    Afronija Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    Како мала воопшто не ги сакав, а ни сега не е празлична ситуацијата:)
     
  16. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Барбики ахх :inlove: најголемата љубов од малечка ми се тие :D
    мн сум си играла и да ги чував до пред една година потоа ги дадов на моите внуци, зошто сеуште немам внука но е на пат :!: :D
     
  17. RiRii

    RiRii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Ехх...Како мала уживав во баррбики,мебел за барбиките повеќе ги сакав од бебињата
    Имав 10 барбики не си играв со сите нормално имав омилена тоа беше долгокоса Rapunzel (го имам и цртанот) на таа сакав многу да и ја чешлам косата бидејки и беше долга и ни една немав суредено сите ми се живи ама оргинал беа специално порачував на вјкоми и таткоми д ами донесат од Америка.
    Рапунзел ми беже малку понова ми ја земаа пред 4-5 години ама мерак ми беше да си играм со нив иако бев малку повозрасна. :)
     
  18. samomarija

    samomarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    45
    Многу сакав барбики постојано ги чешлав, ги стрижев(зато пола се ќелави) xd ,ги облеквав. А сега си ги чувам и ко ќе ги видам ме потсеќаат на моето детство :D
     
  19. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Тоа беа убави детски денови. Денес се помалку си играат девојчињата со барбики. Многу сакав кога за роденден ќе ми подареа некоја барбика. Се сеќавам дека до мојата 7-8 година тетка ми традиционално за нова година ми носеше пакетче и барбика. Си купував обавезно тетратки со барбики. Мерак да ти е да пишиш во нив :D Колку убаво си се вратив 10-тина година наназад пишувајќи го постов.
    Прочепкав на гугл, некој ептен ми се бендисаа. Тоа е, еднаш дете, засекогаш дете...

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lady-red-riding-hood

    lady-red-riding-hood Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    30
    Лелеее колку имам играно со барбики со другарките, ах кога би се вратиле тие времиња само, мислам дека кога би имала со кој и сега би играла хахахахахха, инаку ги сакав оние барбики со повеќе алишта за да можам да ги облеквам :D :D :D
     

    Прикачени фајлови:

    • barbie photo.jpg
      barbie photo.jpg
      Големина на фајлот:
      93,8 KB
      Прегледи:
      158