Аххх тие барбики душата во нив ми остануваше милиони имам уште си ги чувам ама не сакав од тие од мека пластика туку оргинал уште како мала паметна сум си била неостварена желба ми беше да имам машка кукла
Пола барбики ми се во кутии и се колекционерски! И Мерлин Монро ја имам на барбика. Милини! Порано ми висеа на ѕид ама сега ми се во кутија и ги чувам еден ден и моите децат да видат што се играчки!
Барбики!Само колку облеки им имам сошиено,фризури направено..... Имав дневна соба за барбиките,спални соби,фрижидери,кујни,лулашки за малите барбики.. и секако се розево
Секогаш им ги сечев косите, мислејќи дека ќе ги направам поубави, иако ми викаа дека нема да им порасне... И се убедував дека убаво сум ги ишишала (а не било така)
Хахаха има една на фејсбук "Посакувам да сум дете и единствена грижа да ми биде како да ја облечам Барби"...Обожавав барбики постојано ја терав мајка ми да им шие од крпчиња полно алишта за да можам да си ги пресоблекувам секој пат кога ги играв им правев свадба на кен и на барби
Секојдневност беа игрите со барбики и сеуште ги чувам 90% од нив, а ги имав поприлично многу, па ме потсетуваат на детството.
јас имав само две барбики....и тоа на поклон ги добив, оти моите беа многу строги, па не ми купуваа играчки... Имав нешто слично на оваа : И имав една ко гимнастичарка, ама неможам слика да најдам!
Како мала, со другарка ми обожававме да играме со барбики. Заедно им шиевме фустанчиња од стари алишта, чорапи, партали. И пред да почнеме да играме, ќе ги соберевме сите алишта заедно, мебел и слични глупости и ќе ги делевме, па ќе им ги местевме куќичките. И дури да почнеме да играме, гледаме дека дошло време некоја да оди дома Btw уште си ги чувам сите работи за успомен од кога бев мала
Јас како мала не ги обожавав многу барбиките иако моите ми купуваа и се уште ги чувам. Повеќе ми беа интересни облеката, чевлите одколку куклите и незнаев на кој начин да си играм со нив. Додека моите другарки им редеа соби , кукички , имаа различни идеи , јас немав.
Коа ќе се сетам колку коси искубав и колку блузи искинав за да ги облечам Имав и сеуште имам за секој роденден ми купуваа.Сега чувам 3-4 едната ми е гланц нова пошто веќе ми бише поминат меракот за барбики а ми ја купија така да ми стои си ја гледам нон-стоп.Јас си ги бањав секој ден и си ги пресоблекував...Ееееех оддамна не сум ги чистела
Aх, не беше одамна кога тие ми беа главен дел од денот. Сеуште го чувам ранецот со нив внатре. А имам и уште еден со облека. Ги чував како очите во главата! Најмногу ми беа оние, Синди барбики, а имав и една Братз и една онака обична. Имав двајца Кенови. Какви игри беа тоа.. Со другарките правевме замоци, балови, забави на кои малите пластични суштества беа во преден план. Па имавме избори за најинтересна облека, за најубав стајлинг. Им ги миев косите, ги чешлав, ги средував. Златни денови!
Колку барбики останаа без коса лелееее... Јас обожавав да им ги мијам и чешлам косите, потоа си изигравав фризерка и малку по малку во косите беа ко некојдебел дедо без коса Една барбика од сите што ги има ми беше омилена, беше плавуша ама најмногу си ја сакав... Сестра ми и шиеше облека од стари парталки низ дома па по цели денови со другарка ми ги облакавме... Чак што више имавме и куќичка од картон напраена абе врв беше.. Еех, времиња беа тоа
Хахахаха, барбики... имам колку сакаш! Си ги чувам, не сакам да ги фрлам, ме потсеќаат кога свашта им правев, што се не доживуваа со мене. Леле кога ќе ми текне како мала, кога им ги вадев главите, нозете, ги облекував, ги соблекував. Па дури и ги шишав, па мајка ми кога ќе видеше леле-леле. Најомилени ми беа оние нашминканите, плавушите. Многу си ги сакав, а бидејќи имам поголема сестра им шиеше фустанчиња или така нешто.. Ее, убаво време беше тоа.
Ех тоа беа времиња ... Имав многу барбики, но една беше посебна. Ми беше поклон од Америка и се прекршуваа рацете,колената, имаше прстен на раката, плавуша со нијансирана коса, облечена во лилав балски фустан, со прекрасна шминка и кога ја видов останав ваква . Од тој момент не се одвоив од неа. Купував барбики, им ги вадев фустаните и нив ги чував голи само за на оваа барбика (се викаше Кетрин) да и биде полн плакарот (кој всушност беше кутија од чевли). Имав сива лимузина со далечинско и заедно со Кен ги носев во шопинг, на одмор итн. Цела куќа беше распослана со партали и од сабајле до вечер играв со барбики. А имав и костим за капење, Братучетка ми имаше два па едвај ја убедив да ми даде еден. Портокалов беше. Имав и чадорче,и рекети за тенис со малечко топче и наочари (овие беа со неа кога ја добив) неколку пара чевли, чизми и еден пар влечки, бањарка (за која ја пресеков крпата и отидов на една тетка која знае да шие да ја сошие. Едит: Сега незнам каде се наоѓа...Ни барбиките ниту облеката. Инаку би им ја дала на една помалечка братучетка да си игра.
Никогаш нема го заборавам тој период од детството.Во тоа време, Барбиките беа многу скапи, а на нашиот пазар тешко достапни. Имаше Барбики, меѓутоа, најбитното беше, рацете и нозете да им се свиткуваат и тоа беше репер по кој се проценуваше нивната оргиналност.Една од моите баби живее во Белград и кога дојде ми донесе Барбика, облека за неа, спална соба и уште некои ситници кои одеа во склоп со неа, а јас задоволно се смешкав додека со полно срце им ја покажував на другарките и бев свесна дека ми љубоморат Оттогаш наваму поминаа добри 20 години, но еве и после толку време, јас сеуште се расправам со Барбики, но овој пат на ќерка ми.Имаме такви кои ни служат за чешлање, скубење, проучување на анатомијата на човекот и сл. Е сега Дизни има своја специјална колекција на кукли од нивните цртани ликови и полека, но сигурно, секој месец нов лик ни ја збогатува домашната џунгла од играчки.Интересно ми е колку убаво се игра со нив, си прави цела своја приказна, се соживува со нив, креира сопствени дијалози...Ликовите се доста реално направени и се договоривме дека ќе ги купиме сите, а сега за сега ги имаме овие:
Леле баркиби колку ги имав само Знам по цели денови си играв со нив. Само криво ми беше што немав кен па се ми беа женско друштво и некогаш едната барбика ќе ја користев како кен Инаку многу им ги кратев косите ме нервираа нивните долги коси и знам дека на едната и ја фарбав косата со розев фолмастер(на ништо не личеше) Сега ми е криво што ниедна немам, или ми се изгубени некаде или уште потрагично фрлени во ѓубре
За жал мене не ми купуваа многу барбики,си играв со оние на братучетка ми.Имавме еден стар расипан автомобил и во него ни беше царството на барби.Внатре им шиевме облека,модни ревии ги бањавме фризури има правевме и што ли уште не.Сега имам уште две онака поновки а другите татко ми ги фирлил ф канта.Се сеќавам имавме едно кученце кое на мојата прва барбика и ја беше изел раката.Еее колку плаев тогаш и му бев лута долго време ама ми помина.Повеќе ми купуваа мечиња и големи бебиња.Последното големо бебенце ми беше од оние кои плачат и се мрдаат како живи.Ама и го подаривме на братучетка ми која го чува како своето око.Многу и е по ќеифот
Еееј барбиките бе, ги обожавав, секојдневно им правев фризури, облека им шиев, абе занимација.... п.с ми доаѓа во некои моменти и сега пак да си играм со нив
имав многу барбики особено оние синди ама играв со нив само со дргарки зошто се плашам од кукли и барбики