Интересна тема Имав многу барбики и непоминуваше ден со братучедками да не си игравме со нив, имаа и многу јаки имиња ама ете не ми текува како се викаа ..
Kolku mnogu barbiki kako mala imav 40-50 orginalii bea i use gi cuvam Ama pojke so puski me interesirase bev maskudanka a i use sum takva
иако имам 13 години сеусте знам да земам да си играм со барбики. незнам многу ми е интересно...сама им ги сијам фистаните од чорати и хулахопки и јас одсекогас сакав кука за барбики но ми велеа дека сум гомема и јас се снајдов кога си играм со барбиките ги будат мите алиста од плакарот и имам кука на спрат поголемите се сегуваат со мене дека моите другарки бркале децковци а јас сум си играла со барбики ама не ми е гајле... омилена барбика ми е златокоса... ја добив на подарок од америка...инаце имам цела корпа за играцки со бербики и фустани, а ја имам и собата на барби
Ги обожував, не дека сега не ги сакам, напротив. Но сега нивното место е на полиците и кога и да ги видам се сеќавам на деновите кога си играв со нив. Дефинитивно биле моја омилена играчка во детството.
БАРБИКИ-нешто без кое детстсвото немозеше да ми помине.Кога бел мала мн си играв со барики (како и повекето )и ги обозавав.Сега веке не си играм со барбики (хах и јас пораснав ),ама имам три барбики кои ги чувам (во кутија )како спомен,и за ништо не би ги дала.
До 9 години си играв со нив, за последен пат! Иако повеќе не играм со нив, сеуште си ги чувам. Ги имав различни. И од оние квалитетните и оние како што ги викав јас што брзо се кршат. Имаа различни коси, ги чешлав, ги мазнев, им правев различни фирузри. Имав и малечки елементи, куќичка, кола, огледало, чешелче за барбиките. Ги обожавав. Имав и мали барбичиња и кен. Нема дете кое не си играло со оваа играчка, посебно женските. Памтам како помали со сестра ми и братучед ми игравме, па со нозете правевме како да одат итн. :geek: Исто така на барбиките кои не ми се допаѓаа им ги кратев косите, ги капев, па од чешлање косите се правеа како пајажиња ахаха. http://www.youtube.com/watch?v=ebno9Rt0beU Ајм а барби грл, ин мај барби вррррлд....
Најомилено нешто ми беа барбиките како мала.По цели денови си играв со нив.Имав и детска машина за шиење па им шиев фустани,маички,панталони Знам имав една најомилена,чичко ми ми ја имаше донесено од Геманија.Неа никој не смееше да ја пипне И морам да си признаам дека уште си ги чувам за спомен и планирам ако имам ќерка да и ги дадам да си игра и она со нив.Жал ми е да ги фрлам
Леле какви барбики сум ималаа....Сите во маало ми љубомореа, имав 4 Братз барбики, 5 големи. 1 балерина, 5 деца и 1 бебенце со креветче си имаше со него..Сама им кроев фустани, сукњи, панаталони, маички а после ги носев на мама да ми ги шие..хехе жената немаше друга работа на мене облека за барбики ќе ми шие..XD
И покрај моите 18 год кога видам барбика неможам да одолеам секоја сабота сум одела со баба ми на пазар да ми купи жената нова барбика имав масикчка тросед и две фотељи секое старо парталче беше искреирано до мојастрана за новата модна колекција што се не правевме со другарка по цел ден се игравме дури и ги фарбавме се наоѓаше по некој кармин од мајките и веднаш косата на барбиката ја менуваше бојата.Често сум знаела да и речам на мајка ми имам проблем незнам што да и облечам ајде да и сошиеме нешто
До 11 години си играв со барбики а сега кога ке ги погледнам се восхитувам на сценаријата што си ги креирав со нив
Баш последниов пат кога бев на планина во викендичката, си ги најдов барбиките кои мајка ми ги ставила во една кутија. Па ги извадив, ги истресов од прашина и си ги наредив во детската (не оваа дома, туку таа во викендичката). Не се сеќавам која била мојата прва барбика, ама сите ми се сочувани. И барбиките и сите нивни дотатоци (штикли, ташни, шешири, букети, чизми, перничиња). Освен една барбика која мислам дека ми ја украдоа Оригинална ми беше, донесена од едни пријатели кои се уште живеат во Мајами. Целата се виткаше, мислам и дека викаше I love you. Никогаш не го добив Кен (кој верувам дека секое девојче го посакуваше), ама братучетка ми имаше двајца Кеновци, па ми позајмуваше еден. И после сите барбики трчаа по него
Кога ќе ми текне само колку сум си играла со барбики..аххх детство ..Многу сакав барбики,ги чешлав,ги бањав,им шиев облека..Имав една голема колекција која и до ден денес ја чувам...Куќички,облека и не знам што уште не..Колку само сум се радувала кока ќе ми купат нова барбика а најмногу оние што се како сет па внатре со кен,со детенце,па што ја знам што..Во секој случај ние бар и си игравме со барбики,а денешниве деца само фб-то и мобилниот..жално ама немаат детство како што имавме ние.
Имав 9 барбики Сите си имаа имиња Ги чував во еден огромен пакет саму тамо собираше се тоа Имав базент, шкаф со фиоки, масичка, столици, прибор за јадење, огледало со масичка за шминкање, дел од кујна, кревети за спиење, седмосед, фигаро за коса и пегла за коса (пластични, не дека виткаа ама така ете), штикли секакви а за фустани да не зборуваме Капути, капи, ланчиња, обетки (кои ги ставав само на 2 барбики бидејќи само тие 2 имаа дупнати уши), фармерки, блузи и при толу облека ја терав и мајка ми да ми сошие уште неколку А баба ми ми плетеше џемперчиња за во зима и наметки соплетени
Хаха, колку само имав барбики. Сите имаа имиња, ги облекував, ги мотав во партали божем, знаете „моден дизајнер“ сум била. Ја терав и мама да ми сплете фустанчиња за барбиките од волница. Со другарки тогаш правевме „свадба“ на една барбика, ставивме една ламба (оние на биро што се ставаат) и невестата и младоженецот одат и застануваат под неа, и одеднаш кога пукна сијалицата-прегоре. Се извадивме од памет, помалечки бевме тогаш. Сега сите барбики се во канта.
многу ги сакав а и усте ги сакам сакав да имам многу многу сто играат,сто зборуват сто пееат љубов ми беа
И јас многу ги сакав и ги сакам, убави се.Со најдобрата моја другарка си игравме редовно и им шиевме алишта модни креаторки демек
хихи имам една барбика мислам повеќе имам но имам една позначајна мајка ми ја купи од првата плата кога отиде да работи на друго место и тоа пред 4/5 години и за чудо уште не и фали ни нога ни рака
колку само сакам да се врати времето и пак да си играм со барбики и пак да му шијам фустани... се надевам дека ќе имам ќерка и неа ќе ја терам да си игра со барбики... компијутерот ќе и биди забранет поим хаха