Марго е млада, 33 има. А и Рајан па не е нешто толку стар, што знам. Иако да, на прва и јас исто се замислив за Рајан. Ама откако го гледав филмов, не можам да си замислам некој друг да се појави на местото на Марго и Рајан, па колку сака нека имаат години. Совршени беа и двајцата. Марго скроз си е Барбика, а Рајан Гослинг воопшто не можев да го замислам како Кен, неспоив ми беше со таква улога но морам да признаам дека одлично ја изнесе на екран. Сега стварно не би можела да замислам друг во улогава на Кен, правда за Рајан Гослинг.
Годините на Барби се скроз нерелевантни. Наводно, треба да е 19 години, меѓутоа малку нереално, на 19 години сите тие кариери, па и деца, внуци и сите други колекции што постојат. Јас мислам дека најголемата инспирација била од 77-78 година Superstar колекцијата на Барби. Марго и Рајан се скроз жива верзија на тие Барби и Кен. А и името на колекцијата Superstar, додека Марго и Рајан се најголемите симпатии на публиката од Холивуд.
Неделава требаше пак да гледам Опенхајмер и Барби за другарка ми да не гледа сама. И на крај ојдовме само на Барби. И второто гледање, уште подобро го доживеав филмот од првото гледање. Многу поќе се смеев, многу појако плачев и ПЕЕВ ЗАЕДНО СО КЕН Приказната е совршено склопена. Дур и другарот шо дојде со нас вика дека мора уште бар еднаш со цело друштво да изгледаме за да виделе нова перспектива другите, а впрочем, јас со ова се согласувам: Филмот збора дека ни една крајност не е добра и дека секој е доволен сам на себе и дека не можи својата личност да зависи од некој друг. И ако некој има проблем со ова или дека, rightfully so, се игра мајтап за патријархот (и недостатокот на коњи во истиот) има сериозен проблем и комотност со себе. Спојлер Тука пак плачев. Првото гледање можев да претпоставам само базирано на ова како ќе заврши филмот. Сега знаев како ќе заврши и мислам зато и толку на емоција ме фати. Од една страна очекував како ќе биди сцената, ама од друга страна многу поќе ја забележав цела сцена. Луѓе кои плачат, се смеат, стари луѓе, ветрето низ дрвјата и природата и боите и брчките и староста. Се шо прај еден живот. Сите емоции, сите таги и убавини. Целиот круг на живот од раѓање, се измеѓу и до старост и смрт. Ова ќе ми остани омилена сцена во филмска историја ми се чини. Улогата на Кен во контекст на Барби мислам дека многу добро опишва како е ко ќе ние земиме личност и та личност ја напрајме цел наш свет. Не е ни за машко-женски односи колку шо е за интерперсонални врски и фрустрации кои можи да излезат ради различни очекувањата. Исто и Мател дека имаше мажи на својот врв и муабетот: "и јас имам жени во животот" беше толку добар поклон со дел од "оправдувањето" на менсплејнингот шо го имаме на дневно ниво. Замисли да мора да имаш жена во животот за да можиш да почитуваш жена или бар да мислиш дека почитуваш. Како и да е, филмов можи не ми беше чиста 10ка претходно, ама сега ми е 10/10 оти ретко можам да доседам да прегледам нешто. А ако успеам и не само шо не ми е досадно туку го доживувам дупло подобро - е за пофалба. И за крај: Doesn't seem to matter what I do I'm always number two No one knows how hard I tried, oh-oh, I I have feelings that I can't explain They're drivin' me insane All my life been so polite But I'll sleep alone tonight 'Cause I'm just Ken Anywhere else, I'd be a ten Is it my destiny to live and die A life of blond fragility? Ептен catchy.
Забавен за едно гледање. Добра фантазија е преминувањето на Барби во реалниот живот. Има доста пораки што малку дефокусира, му одзема кохерентност, а и апсолвирани ми се поголемиот дел одамна. Мислам дека повеќе ќе го ценам со тек на време. Ми остави впечаток што филмот се однесува и на ѕвездите/славните кои можеби живеат во некој меур, веруваат дека помогнале светот да стане подобар, но немаат допир со тоа каков е тој всушност и колку е поразличен од нивната стварност. 8/10 П.С. Марго Роби е подобра актерка од Гослинг.
Конечно го симнав да го изгледам. Искрено... се изненадив. Слушнав многу, многу лоши коментари во врска со филмот, дека има којзнае каков феминизам и форсирање на геј/транс агенда - што од луѓе кои се страшно конзервативни, што од луѓе на кои им верувам и знам дека се феминисти. И искрено мислев дека ја претерале со форсирање на таа некоја либерална агенда (нешто налик последната сезона од Sex Education). Затоа и не отидов во кино, затоа што не сакав да си го потрошам времето на нешто што мене лично ми е плитко и со ист шаблон кај филмовите што сакаат да пренесат таква порака. Но, не... немаше ништо екстремно. ЛГБТ агенда where??? Бев 100% сигурна дека има сцена каде таа транс Барби што сите ја спомнуваат кажува дека е транс, но не, имаше само глумица која глуми, плс??? Инаку филмов беше лек за детето во мене, мислам дека кога сум била мала сум фантазирала за тоа како би изгледала Barbie dream house, облека во некоја реална верзија, и тоа ми го филмов подари. Ко некоја моја детска фантазија да дошла во живот. И морам да кажам дека е буквално најуникатното нешто што сум гледала, од самиот концепт до онака продукцијата, многу ми беше забавно. Не беше совршен филм, имам чувство дека ми недостасуваа некои работи, ама уживав и си поплакав на крајот. Скроз би гледала филм кој е по жанр типична драма/комедија, но едноставно се одвива во Barbieland.
Не ми се верува дека ова ќе го пишам, ама филмот Барби има (уште) подлабинска порака(да, и од феминизмот). Филмот е карикатурен(мада и не толку) приказ и огледало за денешното општество денс. Некои моменти се кринџ не викам не, а и крајот е малце наивен, потоа и не сум нешто фан на феминизирање на машкоста, и се тоа стои. Ама пак се е тоа дел од денешната банално стање на општеството, дури и во поголема мера. Опседнато со розе позитивност и само позитивност, хедонизам, конзумеризам,тривијални и површни ствари, како и совршенство. Физички изглед(и вечна младост), крпици, кафица, кафанче секој ден, инстант осмех за фејс,... #ожењенсамалкомомакживим #хаха. И бегање од проблеми и било каква"негативност" што го нарушува овој розе Барбиленд. Big no, no! До степен на делузија и карикатурност(психо-физичка и естетска). Со тотално изгубен фокус од реалноста и она што е навистина важно, како на пример големите прашања и слика, а и зошто постоиме и сл нели. Без размислување за последиците и можноста од негативен ефект, како и баш тоа да е контраефективен извор на нашите страдања денес. Фокусот на розе стајлинг што произлезе како тренд од филмов, за доказ. 'Cause after all, pink goes with everything! ... А тек потоа и целата ствар со феминизмот, патријахатот и воено - индустрискиот комплекс пуштен моментално на најјако како последица нели. Како и "џонглирањето" меѓу изнаонаоѓање совршен баланс, што единствено може да се постигне со емпатија за другата страна, компромис, кооперација, и потсеќање на она што ни е заеднички интерес, и најдоброто во корист за сите. Наместо гордост, лупање по гради и борба за превласт, до уништување едни со други до оставање само пустош нели. Неочекувано позитивно изненадување од Холивуд. Не пратам и придавам значај на награди, кој, што и како, ама овојпат заслужено си доби Златен Глобус. Како и да е, не ме чуди што не беше сфатена пораката. Спојлер: . Клучни моменти: На почеток се е супер, розе и совршено, во Барбиленд нормално, како поинаку. "Одеднаш" не е Mоментот на вистината и предупредувањето дека things will get even weirder Барби го напушта Барбиленд во авантура до вистинскиот свет (спојлер+ и Кен е во багажник) Things get weird во вистинскиот свет She rather not, she feisty, she runs. Што ја доведува до средба со нејзиниот (баба) креатор. Барби развива (вистински) чувства во вистинскиот свет и афинитет према убавината на животот (и стареењето) Потоа стварите (додатно) се закомпликуваат, углавно ради Кен/овите, ама, long story short Barbies save the world. The end. [/QUOTE]
Не можам веќе да поставувам фајлови во другиот пост, а и подобро да оди вака одделено како посебно наравоучение.
Го даваа на нво го има ама ич не ми се допадна викам кренаа голема фама а мене ми е чиста глупост П.с. не сум некој филмоман и незнам каков критичар но ете како за еден лаик ич не ми се допадна
Правиш филм кој е еден од најдобрите во 2023, за некој небитен да каже дека Барби е пластична кукла со големи ц***и. Сигурно нема мозочни клетки за да ја сфати пораката на филмот.. ФИЛМОТ Е НАПРАВЕН ЗАРАДИ БЕЗКЛЕТОЧНИ АМЕБИ КАКО ТЕБЕ!!