Мене Барселона ми е една од најомилените дестинации кои би сакала да ги посетам.Шопигот,морето,прекрасните историски градби,но секако најмногу поради фудбалот. Во Барса ќе сe почуствуваш како дел од “Вики,Кристина Барселона“ на Вуди Ален или како дел од некоја песна на Хулио Иглезиас. Ќе имате можност да шетате по најпознатата улица La Rambla и ќе посакате никогаш да нема крај. Овде е рајот за шопинг и за запознавање на преубавите Каталонки. La Rambla почнува од старото пристаниште и трае и трае и трае се до плоштадот Каталонија. Од двете страни е опкружена со продавници за облека, парфеми, сувенири, ресторани и кафетерии. Уличните изведувачи ви го одземаат здивот, додека треба да бидете внимателни и претпазливи од крадците и дилерите на дрога. На самиот почеток од Рамбла се наоѓа споменикот на Кристофер Колумбо кој со показалецот го покажува правецот кон Америка. Интересно е, а што многумина малку знаат дека постои лифт во самиот споменик кој ве носи на врвот од споменикот од каде што имате прекрасен поглед на самиот центар од Барселона. Прекрасна шанса и прилика е да се посети и Вториот по големина воден музеј во Европа. Незаборавна глетка е да стоите на подвижен ескалатор, а над вас да пливаат ајкули,риби и морски коњчиња. Низ целиот аквариум има поставено одличен sound around кој ви ги носи директно звуците од морската длабочина. Ајде да спомнеме нешто и за шопингот. Во Барселона девојките може слободно да го доживеат чуството на Кери Бредшо во „Сексот и Градот“. Шетањето по огромните продавници со голем избор на модели и броеви на маички, штикли,чанти и accessories. Интересно е да се напомене и вие да знаете дека модните марки Zara, Bershka, Pull & Bear, Stradivarius, Massimo Dutti се дел од Inditex групацијата која е основана во Шпанија. Поради тоа и цените на самите се далеку поефтини од останатите пазари. Клубот Барселона е сосема друга приказна. Доколку имаме можност да погодиме кога фудбалскиот клуб Барселона игра во некое натпреварување, ќе имате прилика да го почуствувате спортскиот дух на градот. Барселона е град со магични фонтани, со изворендна Гауди архитектура,град на олимписки игри,град кој никогаш не спие.
Јас бев лани во Барселона Нема што да се каже,прекрасно е! Ла рамбла,саграда фамилија(катедралата),фонтаните,прекрасни споменици,и историски градби,стадионот... за шопинг и немав многу време ама има доста убави трговски центри
Бев лани во Барселона, кога бев на апсолвентска екскурзија и морам да кажам дека беше прекрасно. Се прошетавме по Ла Рамбла, ги посетивме катедралата Саграда Фамилија, паркот Гуел, Аквариумот, пристаништето, фонтаната кај замокот Монжуик, стадионот на фудбалскиот клуб Еспањол, фан-шопот на Барса (кој е во склоп на стадионот Ноу Камп, но за посета на стадионот, влез на трибини и во соблекувалните се доплаќаше 22 евра. Иако многу луѓе бевме заинтересирани, немаше доволно време). Многу ми се допадна градот, но дефинитивно би отишла повторно за да можам поубаво да го разгледам и почувствувам духот на Барселона!
Би сакала да одам во септември на одмор во Шпанија, да ја посетам и Барселона, кажете ми предлог на некои убави места со убави плажи во близина.
Нема што да се повторувам, прекрасно место. Поминав преубави три дена овде ама секако потребни се повеќе за вистински да го осетиш духот на Барселона. Се надевам ќе ги имам Во секој случај вреди повторно да се отиде овде.
Од тоа што кажуваат сите и раскажуваат и гледам и некои емисии на тв. и слики на нет..дефитивно би сакала барем еден ден да сум таму
Бев оваа година крај на август,иако беше многу топло ја постигнавне целта и ја прошетавме цела Барселона.
Во многу градови во светот сум била, во некои и сум живеала подолго време, но како Барселона нема. Еднаш бев со другарка, тогаш бев single и џабе плативме хотел, немавме време да јадеме од што излегувавме преку ден по сите можни музеи, паркови и нормално на плажите на Барцелонета, а навечер во многу клубови, кафичи, ресторани ептен fancy места и најзабавно во свет, таму искачанка почнува од 10 и трае до 6 сабајле и вторпат на меден месец како повозрасна само по ресторани и шетање, исто преубаво романтично ако сакате да одите со вашата љубов. Пак би одела уште утре.
И јас бев кратко во Барселона, 3 дена и едноставно немам зборови. Барселона е место што те плени на прв поглед, има некоја магија во сето тоа, особено Барселона во пролетно издание . Несомнено би можела да останам да живеам таму засекогаш без око да ми трепне .
Ме интересира збор-два околу шопингот во Барселона, т.е околу продавниците (бершка,зара,масимо дути,страдивариус) дали се блиску и како се движат цените во јули?( попусти и сл).
Овие ги имаш на Ла Рамбла, улица со бутици од двете страни веројатно си слушнала, позната е. Исто во шопинг центарот кај пристаништето и во Матаро, ама овој е надвор од градот, не е во центарот. За цени и попусти не можам да кажам
Ооооо колку сакам тука да дојдам ќе си бидам пресреќна и презадоволна Сите места сакам да ги посетам ама посебно Камп Ноу и една фотографија со некој од фудбалерите на ФК Барселона
Јули е вистинскиот месец за шопинг во Барселона - почнуваат летните попусти! Вистински (а не само на излог, ко во Ск) попусти до 70%. Ударни се првите 3-4 дена од попустите, потоа лека-полека се редуцира изборот на роба, затоа што фанатично (а според локалците - традиционално) се пазарува (и покрај долго зборуваната криза). Попустиве траат до крај на август - има т.н. segundas rebajas (уште пониски цени), но тогаш ретко се наоѓа асално парче, ама не е невозможно. За набројаните брендови, лично ги препорачувам улиците Paseo de Gracía, Pelayo и Portal de L' Angel - сите гравитираат околу Plaza de Cataluña. La Rambla избегнувајте ја, а ако веќе морате овде - внимавајте на чантите.