Јас бев скоро, искрено такво нешто среќа не се случи ни на мене ниту на никој од нас ниту па бев сведок на такво нешто, можеби се случува не викам не и секако треба пазење ама тоа може секаде да се случи. Носи ташниче кое ќе биде пред тебе, никако во ранец позади да ставаш вредни работи. Само внимателност секаде и тоа е тоа.
Како што кажа членката пред мене, не е како што изгледа на социјалните мрежи. НО, треба голема претпазливост и свесност, особено при движење во делови каде има многу туристи или големи толпи луѓе, пр La Rambla, Gothic quarter, El Raval, Plaça de Catalunya, Plaça España итн. Поради доста високите цени на сместувањето, за жал бев сместен во El Raval иако насекаде се споменува да се избегнува тој кварт за престој. Точно, изгледа малку shady, со чудни луѓе наоколу, но ниту некој ни пријде, ниту нешто чудно се случуваше, иако и до доцна бевме излезени често. Така да, не се преокупирај, но биди внимателна.
Дали има некој што живее во Барселона? Колку е сериозна работата со криминал? Јас сум била пред повеќе од 15 години и тогаш сум пазела да не ми брцне некој во ташна и сл, ама како и во секој поголем град, ништо посебно. Сега сакав да одам со ќерка ми и маж ми на шетање една недела. Сакав да го види аквариумот, зоолошката, парк гуел, ама голем дел од знаменитостите што ги памтам се за на нога, ла рамбла, магичните фонтани, саграда и некои други паркови во центарот. Готови бевме да купиме и карти и смештај да платиме, во меѓу време маж ми збореше со колегите од Шпанија и го обесхрабрија. Му рекоа дека не би оделе во Барселона, или дека во најмала рака не би оделе на ла рамбла, магични фонтани и сл. односно на отворениве делови. Ептен се разочарав. Ама они не се во Барселона, па ме интересира од прва рака ако има некој таму последниве години искрено да ми каже колку е безбедноста нарушена. Затоа што ситуацијата била влошена последни 2-3-4 години со мигрантите. И искрено од пикпокет не се плашам, се плашам да не има грабежи со ладни оружја и сл. Не советуваа подобро во Мадрид да одиме. Ама пошто и ветив на ќерка ми аквариум и зоо во најмала рака, може ќе барам смештај надвор од градот, а да одиме специјално до таму за посета само. Не сакам да сум на штрек дека некој може да не ограби со дете. Вредни работи секако не носиме, имаме и скриени ташни за картици и телефони, па не знам дали шпанциве не знаеле порано за криминал и преувеличуваат или Барселона стана Јужна Африка.
Отиде ? Ние ќе одиме сега, искрено мислам се преувеличува зошто секаде се краде. И за Рим имаше ист муабет па воопшто не се осетивме небезбедни. Ако бевте ако може да споделиш некое корисно инфо Ние ќе бидеме до Саграда , ама смештај ѓавол и пол
Сум пишувал и претходно на темава за ова, но еве пак. Јас бев пролетта, немаше премногу туристи како летниов период, но сепак имаше доста раздвиженост. Крадење има, да не се лажеме, особено во деловите каде шо се движат туристи - La Rambla, Gothic quarter, El Raval, Plaça de Catalunya, Plaça España, околу Саграда итн. Најважно е да не се движите меѓу големи толпи луѓе и да сте внимателни при ракување на лични работи на фреквентни локации. Секако дека не се кради на секој чекор, тоа што се пласира на социјалните мрежи е чисто преувеличување. Вредни работи и документи или во собата или со вас, но во џебови со патент или чантиче со патент пред вас. Внимателно и со мобилните телефони, јас искрено кога го вадев ми беше намотан на врвка околу рака оти бев препотресен да не ми го чапнат од рака, ама ретко се случува такво нешто. Ако ти е за утеха бевме сместени во Равал, оти таму беше најевтино, а тоа е најголемото 'дувло'... Ма да нема врска, не е критично, бидејќи во тој дел имаше кафичи и барови што работеа до доцна, а се случуваше да се враќаме во сместувањето и доста доцна навечер и ниту во еден момент не се почувствував небезбедно. Се на се, Барселона е преубава и огромна. Ние ја шетавме 5 дена и не би помислил два пат дали да се вратам пак, само смештајот да беше малку поевтин. Уживајте!
За 4 ноќи, 500€ вкупно за двајца во Равал во хостел во посебна соба со заедничко ВЦ и бања. Толку плативме ние. Ова беше да речам најевтина опција во поцентралното градско подрачје. Поевтини опции имаше по хотели надвор или скроз на периферијата од градот. Инаку се останато беше 800 и над 1000€ за 4 ноќи. Можеби за некој не е скапо, ама за мене беше најскап смештај досега во однос на времетраењето на престојот хаха…
Се пазевме многу да бидам искрена ама не би рекла немој да одите не е безбедно. Стандард како и во секој поголем град. Пасоши и повеќе кеш оставивме во сеф во соба, слика од пасоши имав на тел. Ние бевме мај, пекол беше, па за најжешкото си дремнувавме во соба и шетавме до 10-11-12 навечер, и тоа баш во тие “ризични” маала, се е таму не можеш да одбегнеш реално. Има сомнителни фаци не дека не, јас имам навика да се заакувам во такви улички, башка пред полноќ. Една вечер се збркаа едни со некои американци, може си ја преувеличив приказната ама си потрчкавме да избегаме не дека и маж ми не се сецна А со деца ќе одите? Ако да, храбро Сместени бевме до Арена де Барселона во хотел, до нас беа најважните метро станици и тоа ми беше важно, ама да, смештај изгор, додуша 5 за 12 резервиравме и немаше избор. И капак сити такс некои 70-80 евра плативме во хотел. Ние кога бевме Ла Рамбла се реновираше и воопшто не изгледаше како што ја памтам, не можеш да се разминеш. Пазарот Mercat de la Boqueria исто, гужва невидена, јас да можев воопшто немаше да тепам време за овие. 4 ипол имаше малава, количка за нејзе носев и се спасив. Го правевме шетањево и за нејзе да е интересно. Во зоолошката ако одите спремете се со јадење, шпанциве цели излети си правеа таму, треба доста време да се прошета. Нејзе најинтересно и беше во Citadella паркот, има многу папагали зелени, не е дозволено да се хранат, ама ги хранат, може да си земете сончоглед од тука за нив ако одлучите да им давате. Ако планирате да одите Саграда внатре да знаете мн брзо се распродаваат карти можда месец дена однапред купувајте. За парк гуел ние неколку дена пред тоа земавме, а за Виценс мислам дека дента или еден ден однапред. Со влезници бевме во Зоо, аквариумот, парк гуел и виценс хаус. На малава ништо не и беше интересно. Среќа за Саграда и што немаше влезници, пошто ништо немаше да видиме со малава. А од надвор ја видовме навечер, немаше гужва и преубава беше не можев да се изнагледам. Карта за транспорт земавме мислам некоја месечна со неограничени возења во прва зона, плус метрото до аеродром, овде и автобуски и метро линии се вклучени. Ама најмногу бевме на нога реално. Зависи и колку дена сте, ако сте сами во два дена сите поважни атракции може да се поминат и после да оставиш да се губиш низ улички. Ако сте со деца.. јас повеќе пцуење и заканување немав дадено во тие 5 дена отколку во цел нејзин живот. Да имавме попослушно дете и уште некој ден плус ќе отидевме веројатно и на плажа, или со бродче исто ги носат од центар па до плажа, или во тие некои околни местенца надвор од Барселона, ама па имаше базенче хотелов и тоа и беше најмерачки. А ако сте без деца и имате повеќе денови можда можете да поделите патот и Валенсија да отидете.
5 дена со непослушни деца Фала ти на опширниот опис ќе те прочитам уште неколку пати Јас сум била пред 10 години но баш и не се сеќавам на мн.работи. И Камп Ноу ќе одиме , а за Саграда се мислам искрено дали да купам влезници зошто ќе биде е што сега тука, ајде да си одиме
Ние плаќаме 1.250 евра , две фамилии сме. Хостел може да начекаш 100 еуро од ноќ. Јас искрено поевтино не најдов .
Пребрај по нетов кои денови од неделата и во колку часот, а и некои одредени датуми има бесплатни влезници во некои од културните знаменитости. Сепак треба да се резервира влезница преку нет, но е бесплатна.
Епа со среќа Камп Ноу не бевме затоа што Реал фан имаме и не смееше да се оди. Еееедвај влезе во барселона фан шоп за подарок на најдобар другар да земе А влезнициве нигде за ништо не се евтини и колку народ има постојано е полно, мислам дека Барселона треба Дубаи да е колку пари врти од туристи. Пример фрлени пари ми беа што влегов во аквариумот, комотно можеше со татко и само да влезе јас да си шетам во близина. И пак, не и беше интересно. Така да гледајте цени па одлучете дали да влезете, иако за саграда бесплатно беше мислам за деца, да имаше влезници може ќе купевме, ќе се испокаравме и ќе ржевме тоа секако, ама мислам дека ќе влезевме, стварно е неверојатна.
Тоа е веќе кога одиш, спремен си да платиш Синот е Барса фан ама таткото не па рече мене ќе ме пушти со него , негова нога таму не стапнува