Сакам ова лето да одам за Барселона па ме интересира кај е најубаво да барам сместување дали во хотелите што се во центар или блиску некоја плажа и која плажа би ми ја препорачале?
Прочитав се што сте напишале, ги погледанв сите слике кои сте ги постирале, значи од толку многу што ја сакам БАРЕЛОНА и спомените кои ми се врќаа, солзи почнаа да ми надоаѓаат. Отидов, два дена бев таму и малку ми се. За тие два дена доста видов но би сакала да сум сместена директно во Барселона, да поминам едно две недели таму. Ах колкуе магична се заљубив воБарселона, фасцинирна сум. Би сакала да живеам таму.
Барселона има доста убаво пристаниште и доста големи бродови кроузери. убави места, топла клиа, ефтино но и доста се краде особено има луѓе кои се препраени и демек глумат се со цел да ве изманипулираат и да ви земат ташната..значи внимавајте.. во однос на цените исто како во турција ценкајтесе од 5 можи на 1 евро да дојди. и шармирајте ако сте девојчиња.. има добар шопинг и доста ефино во тоа молот кај пристаништето. верувам дека ќе ви се допадне
Ах Барселона.... Со ова летовиве од ВизЕир што ги воведоа ми доаѓаат некои луди идеи за одмор, ама после ми текнува дека немам работа Една шетња по Ла Рамбла, кафе на пристаниште, а за вечера сендвич в рака и трк кај фонтаните. Градов е еден од оние кои досега најмногу ми оставиле впечаток во мојата шетачка кариера.
Барселона ме маѓепса. Дури и десет дена ми беа премалку. Восхитува со неверојатната архитектура на Гауди, паркот и куќата Гиел се дефинитивно едни неверојатни архитектонски чуда. Необични облици, мозаици, користење на различни материјали за изградба. Очиве мои не можеа да се изнагледаат. За ремек делото Саграда Фамилија што и да кажам ќе биде премалку. Иако недовршена и се уште во реконструкција остава без здив. Гауди бил магионичар дефинитивно, неверојатен човек. Штета што многу од неговите проекти останале недовршени. Освен ремек делата на Гауди, Барселона има и многу други историски градби кои зрачат со единствен сјај. Мора да започнам од Катедралата. Би отишла во Барселона повторно само за пак да влезам во неа. Влезот е бесплатен во одредени часови. Прекрасни иконостаси, дрворезби, олтари на многу светци и бескрајна височина на црквата. Јас како голем неверник кога влегов ме обзема такво некое чувство што цело тело ми трепереше и ми поминуваа морници и за момент како некои возвишени сили да лебдеа низ воздухот. Наеднаш и ќе почнев да верувам во нешто, како некоја сила да се движеше околу мене. Ме восхити црквата... Потоа влезот во улицата на Триумфалната Капија и самата капија. Чувство како да влегуваш во ново освоен град. Тесните улички на Барселона освојуваат, секоја со свој дух, со преубави згради.. На секој чекор мали и симпатични плоштади, фонтани и некоја знаменитост. Слатки, мали ресторанчиња, со солени цени Паркот Сиутадела потполно ме восхити, фонтаната е ремек дело, морав два пати да го прошетам. Плоштадот Еспања ми остави најголем впечаток од останатите. Фасцинантен споменик од четири страни со фонтани и скулптури. И величествен влез во парк Монтјуск, со два столба и мали фонтани од двете страни. Продолжувајќи напред се наоѓа магичната фонтана, и замок кој освојува, моментално е Музеј на Каталонските уметности. Од двете страни е обвиен со зеленило и бесконечен парк. Би се вратила повторно уште денес. Еден breath taking град.
Здраво девојки Планирам да одам за Барселона,но некако аеродромот ми излеа далеку од центарот.Ќе сакате да ми кажете како се движат цените на автобусите,таксито,како најлсно да стигнам до таму ? Фала ви многуууу
од aеродром на секои 10 мин имаш Aerobus до центар, 5,90 евра во правец..имаш и такси кои коштаат по 25-30 евра до центар ама искрено не се исплаќа,автобусот застанува одма пред аеродром,супер модерен со WI-fi,УСБ за полнење телефон,застанува на неколку локации во градот и последна станица на Placa Catalunya,одма во центар на 2 мин од La Rambla
Ќе си се качиш на воз/метро. Кога ќе излезеш од аеродром од лево имаш голем премин и ќе стигнеш. Прашај само метро и ќе ти кажат. Карта единечна беше 2,5 евра а за 10 вожњи со метро/воз/ автобус е 9,95. Ќе ти треба превоз па ти препорачувам од 10 вожњи да земеш. Има автомати од каде се купуваат картичките. До центар околу 20 минути е.
Пред самиот аеродром стои и автобус бр.46. Оди до центар (Плаца Еспања) и кошта 2 евра и 10 или 20 центи.
Гужва, како и во лето (зборувам за туристичкиот дел на Барселона). Новата градоначалничка конечно попушти пред притисоците на трговците и новогодишното осветлување ќе биде вклучено уште на 27ми ноември. Значи, празнично и раздвижено. Од 2013 има и официјален пречек на Нова година кај Фонтаната на Монжуик. Малку музика, малку огномет и до 1 сè е завршено. Забранет е алкохол, се прават проверки. Може да си носиш само 12 зрнца грозје. Се јаде по едно при одбројувањето до полноќ и со секое се замислува по една желба. И пречекот во ресторани не трае подолго, до 1 и фајрон. Целовечерни журки само во дискотеките и тоа со претходна резервација. Метрото ќе работи цела ноќ, а и неколку линии се покриени со ноќни автобуси. Она што е поразлично годинава се парламентарните избори, закажани за 20 - ти декември. Рахој сака да ги "фати" луѓето во празнично расположение, плашејќи се дебакал. Сецесионистите не го сакаат. Можна е малку понапната политичка атмосфера. Лани имаше улични нереди и пресметки со полицијата и за многу помала работа. Не те одвраќам од идејата за пречек на Нова година во Барселона, само укажувам на тоа да се внимава малку повеќе. Може и сè да помине во најдобар ред. Не е тешко и сам да си организираш патување, посебно сега со директниот лет на Визер.
Здраво , некој кој веќе бил во Барселона да сподели искуство за најдобри туристички атракции ,цена на билети, цена на карта за метро .... букиравме авионски карти со колешките за 8ми март ги најдовме по супер цена од 2600ден повратен па ке бидиме 4 дена ... колку повеќе инфо ми дадите толку подобро фалааааааа
Пази со транспорт од аеродром до хотел. Гледајте да најдете некој автобус до хотелот или градот. 150-200 евра зимаат со кола ако одите до градот.
Дечки, aј некoј кoј штo бил вo Бaрселoнa дa ми кaже кoлку чини пoврaтен билет сo виз aир и кoлку се движaт цените зa хoтел? Или некoјa пoевтинa вaријaнтa?
Марик, не знам каков е твојот економски статус и што очекуваш од еден град. Дали е во прашање ноќен живот или можеби посета на културни знаменитост? Ако се и двете во прашање јас би ти препорачал да си одиш во Прага ако не си бил веќе. Ем поевтино, ем поатрактивен ноќен живот, а воопшто не заостанува во поглед на архитектурата од Барселона. Или можеби твој избор би била Будимпешта.
Омилен град ми е..Бев пред неколку месеци и сум воодушевена, баш како што очекував Еднаш прочитав на интернет дека на La Rambla има многу измамници кои крадат, но напротив, баш беше некако пријатно и сите беа многу љубезни