Здраво! Може да ми дадеш линкче од сместувањето? Недела дена барам на аирбнб, немам многу среќа. Може линк од хотелот? Го Отворив оној подолу постираниот, но за 4 ноќи во октомври месец ми дава цена од 450-500 евра. Би би била благодарна ако пуштите уште некое линче за ефтин смештај.
Летово имав шанса да ја посетам Барселона по втор пат, и повторно се заљубив во градот. Бев 8 дена со друштво и мислам дека за млади луѓе е идеална дестинација. Има многу што да се види, плажите се прекрасни, навечер има забави кои траат до утро едноствано има се. А и со цените за храна не е скапа, иди отрилика колку и во Грција. Доколку сакате да прочитате нешто подетално за Барселона можете да го посетите мојот блог каде што имам објавено пост за Барселона http://teona.mk/barcelona-is-always-a-good-idea/#more-191
Тазе вратена, уште под големи импресии, да пишам некој збор. Барселона е прекрасен град. Од убавата архитектура и море, до познатите атракции, до живата атмосфера која владее насекаде. На врв на се, доста ефтин град е. Маркетите се преефтини и ги има на секој чекор. Пекарите, исто така. Кафулињата и рестораните се релативно ефтини, поготова за ЕУ држава. Се на се, топло препорачувам да ја посетите Барселона.
Го обожавам Гауди. Одсекогаш неговите дела ми биле на bucket list. Саграда Фамилија е најубавото нешто што го имам видено во животот. Без филтер и едит. Ова е светлината која витражите ја произведуваат околу 16:30. Се запрепастив! Имам 3000 и кусур слики фотнато, ме мрзи да барам. Доволно се овие.
@MissChievous Штом Барса ти се виде така ефтина, да видиш останатиот дел од Шпанија колку е поефтино низ барови и ресторани, а храната е уште повкусна, посебно на југот.
Се на се што прочитав ми помогна во врска со тоа шо ме интересираше но имам уште едно прашање до тие што биле во Барса. Каде можам да ја земам таа карта за 10 вожњи? Може во бус или има одредени трафики? )
За метро се купува на самата метро станица. Има машини каде што бираш каков тип на карта сакаш, а за бус не сум сигурна.
T-10 се продава на каса и автоматите во метро станиците, во некои киосци, на секој од пунктовите на Oficinas de Turismo de Barcelona, online (на страната на TMB)и банкоматите на Servicaixa (со било која картичка). За една зона чини 9,95 без ограничување на бројот на лица што ќе ја користат и е за сите видови јавен транспорт. Ако сакате да шетате и надвор од Барса (во зависност од тоа колку далеку ви се шета), препорачливи се оние за две, три, четири, пет или шест зони. http://www.mapametrobarcelona.net/precio-metro-barcelona.php
Па ќе ставиш цена до колку најмногу сакаш сместување и ќе си бараш. Скоро прашував, од јули до септември толку се цените, не варираат многу.Т.е нема голема разлика, само картите, авионски може да ги начекаш поефтино. Стави си лимит во airbnb, пример до 20 евра и барај. Јас гледав за Тарагона и Реус.
Здраво дечки, сакам да одам во Барселона на неколку дена, но неодамна се вратив од Германија каде што бев со виза и останав 6 месеци. Се прашувам дали би имало некакви компликации, бидејќи сеуште не поминале 90 дена откако се вратив од Германија. И дали ми треба некаква виза или било какво одобрување од амбасада за неколкудневен престој во Барселона? Се обидов да ја исконтактирам шпанската амбасада во Скопје, но не успеав да добијам никој
Точно ли е дека ненормално се краде? Една професорка рече дека само што ги извадиле куферите се нафрлиле неколку души и однеле три.
Да, многу се краде внимавај. Гледај да не носиш ранец, голема ташна...некое мало ташниче и држи го пред тебе цело време. Пасоши такви работи најдобро во хотел остави ги. И на места каде што има повеќе гужва повеќе ќе внимаваш како на пример Ла Рамбра, околу Саграда итн.
Здраво! Имам желба да ја посетам Барселона, и би сакала да ми препорачате сместување, од ваше искуство, барам на букинг ама поефтините опции се ептен лоши вака на слика, па ако имате да кажете од ваше искуство, би ви била многу благодарна.
Како се снајдовте за превоз од аеродромот до хотелот? 35 евра за такси не ми се дава, а гледам имаат метро, бус, аеробус за малце пари. Која варијанта ми е најсигурна?
Со автобус, ако памтам добро беше 2 евра во правец. Те носи до плоштадот Каталонија. Во кој предел сте сместени?
Не сум уште појдена мила. Одам за две недели и сакам однапред да знам кои и како ми се опциите за да не бидам изгубен странец. Ти благодарам на информацијава. Јас планирам од сега кај ќе одам и што ќе видам, па ако имаш некој типс за полесно снаоѓање, би ти била многу благодарна кога би споделила на што да пазам и слични такви ствари.