Ако немаш најдено се' уште смештај, би ти препорачала да побараш во околината на Universitat, од повеќе причини. Првата причина е дека си во центарот на градот и речиси се' ќе можеш да разгледаш пеш. Втората причина е бидејќи тука е претпоследната станица од автобусот со кој ќе дојдеш од аеродромот, а последната станица е на неколку минути пеш и нема да трошиш време за враќање назад. Полесно за снаоѓање, здравје. Третата причина е што на истата автобуска станица има и метро станица, во случај ако некогаш сакаш да отидеш некаде подалеку. Пред да ја посетам Барселона, се изначитав дека многу крадат, но мене за среќа ништо лошо или сомнително не ми се случи никаде во градот. Од тој аспект, не знам што да те советувам. Си носев обичен ранец на грбот, панталони/патика/јакна, не привлекував со изглед на никаков начин, можеби тоа и беше причината што ништо такво не ми се случи. Можам да ти дадам совети околу места за посетувања, храна, комбинации на пеш и превоз, итн.
Јас би ти рекла да внимаваш на ранците и секој што минува да го гледаш како потенцијален крадец. Мене не ми украдоа ништо за среќа, ама не е лошо да се биде претпазлив, се изнаслушав страшни работи. Копија од пасош со тебе, пасошот во хотел. Пари в џеб најдобро. Ако ти е на грб ранецот држи ги прерамките со двете раце. За да е пред тебе не знам баш, тоа мене ми е шубе, бидејќи како да се таргетираш сам себе дека имаш вредни работи. Ама во еден навечер го носев пред мене и тоа како. Исто така, црвените светла. Меѓу секои два блока има семафор на пешачки, а нема сообраќај, па можеш да минуваш кога сакаш. Само што ќе нè однесеше еден камион еднаш за малку, па внимавај и на тоа. Кај Саграда Фамилија имаш KFC, Мекдоналдс и Бургер Кинг, а и продавница за сувенири. Фамозните фонтани се отвораат во 9:30, да не ве лаже ѓавол порано да одите (освен ако не сакате во музејот горе да влезете). Хостелот нам ни кажа 8:30 па се начекавме. Да не се чудите ако еден ден останете заробени во хотелот или неговата околина бидејќи некој решил да штрајкува. Таква е Каталонија. Додека бев јас таксистите штрајкуваа, па поради нив доцневме пола саат на натпревар, бидејќи возачот на автобусот што требаше да нè носи немаше како да оди до паркингот каде го оставил. Тоа настрана, Барселона е прекрасен град, мене ми ја одбележа најубавата недела во животот иако не добив многу можности да ја истражам подлабоко. Биди спремна да ги гледаш карактеристичните фигури на Гауди од работи како обетки и тефтерчиња до впечатливата брановидна архитектура. И секако, каталонските знамиња на секоја тераса нема шанси да ти избегаат.
Здраво сакам да прашам дали некој ја има посетено Барселона преку агенција и доколку некој знае некоја агенција со понуди за Барселона може да предложи
Јас бев со Савана. Но водичот со кој што бев тогаш, Васко Форте беше многу лош, па дури и некои од групата што ја водеше ги изгуби на самиот аеродром кога слетавме таму. А ги изгуби и еднаш во градот.
Како прво, неодговорно од агенцијата што вработува секакви водичи. Иако има дозвола за туристички водич, не смее така да постапува со групата што ја води. Сепак пари дадоа луѓето. Ептен непрофесионално и невкусно. Нека им биде пример ова за тие што сакаат да бидат туристички водичи и за тие што ќе уплаќаат за некој подалечен аранжман со туристичка агенција.
Во скоро секој поголем град има вакви картички и функционираат сосема добро. Проблемот е што често не се исплатат бидејќи нема човек време да посети се што нудат... дел од влезниците се бесплатни на дел имаат обично попуст..а најчесто не се вклучени баш најбитните Според мене за Барселона баш и не вреди картичката..
Не не, ги има тие туристички картички во поголемите градови Да да, и јас некако се замислив кога видов што точно вклучува. Можеби за подолг период се исплатливи а за 5 дена не.
Малку помош окулу пресметка на трошоци за патување и сместување? Немам никогаш патувано со авион, па според тоа што се водев преку страната најевтини летови ми се видоа овие +wizz priority доаѓа 100 и нешто евра за повратен билет? Ја прочитав цела тема, некој имаше напишано дека е 3000 повратен билет, тоа зависи од среќата како варираат цените на билетите? Во врска со сместувањето кое место би го предложиле блиску до плажа, па со автобус да се оди до Барселона бидејќи би сакала да истерам мал одмор на плажа и повеќе шетање низ градот? Во темата видов цени 70 евра за една недела? На airbnb разгледував во готски дел, меѓутоа не било многу безбедно навечер. Разгледував Коста Брава над 30$ за двајца од ноќ, дали ова е нормална цена бидејки не знам што да очекувам. Било кое место што е прифатливо за македонски џеб, слободно предложете
@lovatolover Цените варираат постојано од повеќе причини. Обично некаде од октомври до април се поефтини, бидејќи се као надвор од сезона. Исто така, на визз постојат и членарини и со нив има доста големи попусти. Така да, индивидуално е, зависи како ќе начекаш. Јас бев сместена на улицата Carrer de Joaquin Costa и локацијата е топ од многу погледи! Прво и основно се наоѓа во близина на плоштадот placa de Catalunya каде што се симнуваш (а можеш и на Universitat) од аеродром и за враќање фаќаш бус за до аеродром. Буквално 5 минути пеш се во прашање. Второ, улицата е прополна со маркети (кои се ефтини и работат до полноќ), разни кафулиња, сендвичари, барови и слично. До доцни часови има луѓе, млади, стари, фамилии со деца, локалци, странци, чувството е преубаво, сосема е сигурно. Трето, до La Rambla пешачиш максимум 5 минути, низ пар улички веднаш се излегува кај пазарот Mercado de La Boqueria кој ти препорачувам да го посетиш, барем ќе си пивнеш смути за евро. Од пазарот со споро темпо ја испешачуваш ла Рамбла за 10-ина минути до крајбрежјето. Од оваа локација на Јоакин Коста може да се оди пеш до плажата Barceloneta, но има добри пола саат. Е сега, кога би ти било за една посета, тоа не е воошто страшно, всушност напротив, убава е прошетката. Но, секој ден можеби и ќе ти се смачи. Но реално, освен ако идеш со бус, метро за до плажа таа релација не вреди. Повеќе време ќе потрошиш додека да се симнеш, па да чекаш метро, па да се извозиш, па да излезеш од метро. Ако ти е само за терање одмор на плажа, баш и не знам што да те посоветувам, но ако ти е за шетање низ цел град и гледање кул ствари, можам да ти дадам пар идеи. Иначе, маркетите се многу ефтини, исто така и пекарите. Па дури и кафулињата не ми се видоа нешто посебно скапи. Језда бев пред 2 години, може се има нешто променето.
Фала премногу на долгиот одговор, доста ми помогна. Повеќе сум за шетање, така да ќе побарам сместување на местото што го напиша.
^ Aко не ти е проблем, можеш да се сместиш во Тарагона. Имаш преубава плажа, поубава од таа во Барселона, башка ефтино. Е сега не те разбрав дали онака сакаш да ја посетиш Барселона, со автобус, воз , еднаш два пати, или сакаш секојдевно натака да идеш ? Ако е првото, тогаш супер ти е да се сместиш во некое помало градче како Тарагона.
Ќе разгледам и за таму сместување, фала на предлогот, инаку повеќе би идела не само два три пати, ама не ми е проблем и со автобус да идам до таму
Ако планираш секој ден да идеш , може ќе те фати многу на пат, башка картите се негде околу 8 евра во еден правец. Пошто оддалечено е, саат и пол отприлика. Ако се одлучиш за тој дел, види и за Реус и Салоу.