Здраво. Најпрво би сакала да прашам,дали некој од Вас има патувано во Барселона сама ака solo female traveling и колку истото е безбедно?.Бидејќи веќе имам резервирано карта,треба да патувам на 13 Декември,поради промена на план во друштвото,со кое требаше да идам,сега останувам сама.Е сега ем ми се оди,ем ми е страв сама да идам.Па би сакала да споделите искуства доколку ги имате за Барселона.Благодарам.
^ Нема зошто, шпанците се баш топли и гостопримливи. Не идеш на сафари во Африка. Ќе си пројдеш убаво, без грижи. Агендата сигурно ти е направена веќе за места за посетување, успат може ќе си најдеш други туристи, пријатели ќе ти станат. Убав помин, па пиши искуство
Не читај странски форуми ќе те наполнат паника безврска. Барселона е еден од најбезбедните градови, има многу полиција на сите туристички места и туристи од секакви профили. Многу open-minded град, со геј и драгови насекаде, научи некок збор шпански и сите врати ти се отворени. Шпанците се топли и гостопримливи, храната им е неверојатна и Барселона е еден од најубавите градови во Европа. Каде ќе бидеш сместена? Разгледај го овој канал и видеата за Барселона, јас бев во многу од препорачаните места и бев воодушевена.
Да одиш девојче, да одиш. Претпоставувам се работи за два три дена престој. Направи си план што сакаш да видиш, имаш на нет се. Имаш бесплатни туриза шетање и покажување низ град на крај оставаш 5 евра или не мора да оставиш ако не ти се допаѓа: https://www.google.com/search?clien...hUKEwij-_7G4KbmAhVFMewKHWT0DKkQ4dUDCAo&uact=5 На трип адвајзор ќе најдеш милиони групи за што сакаш низ Барселона. Некои се плаќаат некои не. https://www.tripadvisor.com/Attractions-g187497-Activities-c42-t183-Barcelona_Catalonia.html Ќе најдеш и тури за искачање навечер и за друштво, и за барање дечко или девојка, до барање игла во сено. Од руф топ забави до андерграунд. Во Барселона се оди сам и се лудува со сите атоми на телото. Убаво да си поминеш
Да,хорори од паника добив,де пасош украден,де ова,де она и се вознемирив од pickpoketing-от што е како што пишува најзастапен во Барселона,капак на се стигнувам покасно и затоа сум во дилема бидејќи на подалечни дестинации немам идено сама.Инаку во план ми е да букирам private room сместена во близина на Plaza Espana,доколку веќе се одлучам да идам finaly.Како и да е,благодарам
Букирај си преку airbnb има многу ефтини смештаи. Пред еден месец му букирав на мм, беше задоволен од истиот, баш беа близу до Плаца Еспања, ќе ти пратам линк во пп ако сакаш. А уште поефтино ти е во дормиториум, така може и друштво да стекнеш штом ќе патуваш сама.
Бев пред два месеци, значи пресно искуство. Од ањродром искачаш и фаќаш Aerobus до твојата станица. И јас стасав касно, сигурно и ти идеш со ВизЕр. Јас бев во Eixample на 20мин пеш од Plaza Espana. Пешки имаме одено навечер од Plaza Espana до Eixample, реоните се сигурни без матни фаци. Јавниот транспортот е одлично развиен, точен, редовен на сите делови особено до сите туристички места, што не е случај со Италија на пример. Држи си ја чантата напред и биди нормално внимателна како и на секаде. Јас бев испаничена дека ограбуваат на секој ќош, апсолутна невистина. За 4дена бо Барселона, општо 12дена во Шпанија немав никакво лошо искуство. Ако имаш прашања, слободно. Go for it
Секој град си има свои места на кои не треба да поминуваш тоа ако патуваш често треба прво да го пребаруваш. Во Барселона е делот од ла рамбла до паралел авенија има еден кварт на проституција. Таму не е безбедно да се движиш бидејќи е преполно со фаци на кои не треба да налеташ. Исто како во Скопје знаеш каде не треба да идеш, а каде треба да идеш. Јас не сум задоволна од страната која лолипоп ја предложи. Пред многу години букирав смештај во Берлин и ми го откажаа два дена пред тргање. Потоа токму во Барселона имавме големи недоразбирања со сопственикот за клуч. Зависи од буџет али гледај да има чек ин касен и рецепција. Ти си веријатно млада има хостели милион можеш си сингл рум да си букираш тие се со пристојни цени. Иначе за крадење новчаници секаде е исто. Се знае како се носи новчаник во ташничка за пасоши на гради со врвка на врат. Барса е преполна со полиција на учица ич да не ти е страв.
И го посочив airbnb оти има многу поефтини смештаи за разлика од booking. И тоа дупло поефтини за приватна соба отколку на букинг за дормиториум на пример. Плус веројатно девојчето ќе патува со Визаир, летот е доцна, нема шанса да се всели пред 22часот, а повеќето хостели имаат чекин до 22 часот. Затоа и во нашиот случај отпадна опцијата хостел. @Pollock тоа обавезно да си прашаш пред да букираш, до колку часот дозволуваат чекин, рачунај пред 23часот нема да можеш да стигнеш на местото, од 18часот полетува (а најверојатно ќе доцни некоја минута), таму си околу 21 часот, додека да поминеш пасошка и се снајдеш со аеробусот и додека те транспортираат до градот ќе те фати гарант 23 часот.
Да и јас од таа причина не идам во хостел,баш за чекин,дека баш кажи-речи тоа време ми испаѓа да идам.Во врска со сместувањето во право си потполно, знам и од претходно, airbnb дефинитивно има поевтини сместувања во смила на private room,за разлика од booking
AirBnB е доста пофлексибилен од Booking во поглед на ран/доцен check-in. На друга локација имам пишувано на 5 хотели за check-in во 1 по полноќ никои не прифатија, додека доста AirBnB нудат self check-in/out во било кое време. Имајте во предвид дека се индивидуални изнајмувачи и се читаат критики темелно пред резервација. Хотел на добра локација во Барселона нема да најдеш за 210е за двајца за три ноќи. Толку плативме ние за Air Bnb во сезона. Во 22 часот бевме ние во смештајот со фул авион и мало доцнење, плус 2/30мин автобус.
Бевме пред 6 месеци фамилијарно со две деца,7 дена. ПРед да тргнеме милион сценарија направив за џабе. Барселона е безбеден град,да не се грижиш.Доволно е вообичаено да внимаваш на своите работи,не е точно дека крадат на секое ќоше. Аирбнб и не се поефтини баш. Ние најдовме сместување преку хотелс ком. Го букиравме бидејки имаа пулт на аеродром и таму ги подигнавме клучевите и се чекиравме кога пристигнавме.
Немај гајле. Само треба да пазиш на неколку работи. Има премногу џепчии низ градот и јавниот превоз. На друга му го украдоа цел новчаник во метро во Барселона, околу 400/450€ има, па после му позајмувавме кој стигне и има. И во гужвите пази да не ти украдат нешто. По мали улички не скитај. Прибирај се во хотел порано, да не стоиш до многу касно надвор, мада нема опасност, ама за секој случај. Други опасности нема.
И јас би рекла дека не е толку опасно како што раскажуваат. Нормално, во јавен превоз, на туристички места, во големи гужви, секако треба да бидеш екстра внимателна. Ама во споредба со хорор приказните што ги слушав, прилично безбедно е.
Девојки, Ви благодарам на сите за советите и споделените искуства,конечно средив се и идам за Барселона денес,па ќе споделам впечатоци и од таму .Имајте убав ден
Девојки, Гооооолем поздрав .Прекрасно си поминав,топол народ,опуштено,воопшто не е скапо,баш напротив е безбеден,како за првпат идење во Шпанија сум воодушевена,дури размислувам и да се преселам во Барселона