Кога ќе имаш време ако можеш фа напишеш нешто по широко, сместување(може и линк), по кој редослед и што посети и слично, сакам на пролет да ја посетам во сопствена режија па добро би ми дошла секоја информација, ти благодарам однапред
Јас бев сместена во Ла Барселонета,затоа што сакав да сум што поблиску до плажата (бидејќи готик правецот или футуризам во смисла на градба,архитектура и стил не ми се допаѓа,не бев најзаинтресирана за градбите на Гауди,искрено,сепак се е тоа вкус ),но доколку сакаш да ги посетуваш знаменитостите на Гауди,би ти препорачала да си сместена поблиску до Плаца Каталуња или Плаца Еспања,во секој случај од Ла Барселонета до Лас Рамблас и овие плоштади има одење,ама ништо страшно доколку сакаш да пешачиш . Инаку смештајот не беше ама баш ништо посебно,ниту сум претерано задоволна,за да ти го препорачам,ама тој дел бидејќи првично бил рибарски дел,па потоа почнале да го населуваат,има некој посебен шарм,бар за мене,затоа и го одбрав . Инаку смештајот(соба,со заеднички тоалет) беше околу 19 евра од ден,евтино, со оглед на тоа дека си во еден таков космополитски град,дури смешно и разочарувачки каде живееме ние и со кој стандард живуркаме,ужас. Цените во маркети за малку поскапо од кај нас,ако не и исто за некои работи.Ручек со свежа морска храна и пијалок во локални ресторани во Ла Барселонета не беше повеќе од 10 евра,кафе 1,5 евро,грицки/благи ствари 1-2 евра,алкохол 6,7 евра,секако зависи што пиеш,јас се навлеков на вермут,прекрасен пијалок,ти го препорачувам ,претпоставувам дека на Лас Рамблас е поскапо,бидејќи е фенси-шменси, јас таму само шетав. Шетав со план да едноставно го вдишам градот,без никакви тензии и напнати распореди,бидејќи големи гужви и редови ме замараат,ама секако сето тоа е личен избор Транспорт во секој поглед ти е подреден под конец,се е точно,дали метро,бус,се е супер,ако веќе одлучиш да користиш земи Барселона 10 картичка која може да ја користиш 15 дена и за метро и за бус Народот е прееееекрасен,топол,темпераментен,страствен и дружељубив,гостопримлив,исто како дома,како нас ,затоа брзо и ќе се почуствуваш како да не си во странство,за разлика од пр.Германија,Австрија,итн, каде народот е малку повеќе резервиран. Безбедно е,нормално како и во секој град,треба да внимаваш,ама не е до толку како троловите што лупетаат глупости по форуми,па добив уплав башка Барселона функционира 24/7 така да цело време има народ,дали локален или туристи,јас пристигнав накај 22.00 час на Плаца Каталуња и без проблем се упатив накај смештајот,пеш,раздвижено е и има народ. Простум се заљубив во градот,од сите места што сум шетала,овој ми остана во срце,башка и станав пријателка со најдобриот човек на цел свет ,ама тоа е ирелевантно во оваа тема Се надевам ти дадов доволно информации,доколку уште нешто те интересира,слободно прашај
Ти благодарам на широкиот одговор, секако дека е од помош Доколку имаш сеуште линк од сместувањето слободно прати ми, и јас не барам фенси сместување
На Ла Рамбла избегнувај ги сите ресторани и кафичи. Храната зависи каде седиш, некаде има ефтино. За шопинг е многу ефтино. Има трговски до морето, ама му го заборавив името. Ти препорачувам да пробаш Тапас. Традиционално шпанско јадење е и многу е убаво.
Тапас може да биде повеќе нешта (На нашки мезе би се кажало) нарачуваш пијачка и некаде гратис а некаде си го доплаќаш зависи колку е туристичко. Но џабе си во Шпанија ако не пробаш Паеља, тортиља де пататас(омлет со компир) , риба(бакалар, мерлуза) сосема друг вкус има, октопод. Косидо доколку сте фан на свинско месо, Хамон(иберико или серано) , Крокетас(поубаво нешто амин), сендвич со каламари. Ништо од ова не е скапо ако отидеш на less turistic place. Сангриата е типичен туристички пијалок. Само туристи тоа пијат мислам. Уште не видов шпанец да нарача сангриа. Има друга верзија се вика Калимочо(исто ко бунар кај нас) е тоа се пие меѓу младите кога сакат да се начукаат, бидејки е ефтино и не е лошо. Храната ми беше културен шок ми требаше време додека се научам на медитеранската исхрана.
Доста добра понуда Да не знае некој каде се наоѓа хотелов? Дали Барселона ја препорачувате за со деца? ( едно бебе) Цени на се останато, ресторани маркети итн..?
Добра локација има хотелот,Сиутат Вела,но Барселона е огромна ќе ви треба превоз за да видите знаменитости зошто има многу за пешачење. Цените беа малку поскапи од тука,маркетите исто како кај нас. Искрено,за со мали деца мислам не е за одење.
Според мене, не за Барселона со бебе. Во краен случај се зависи од децата, но мислам дека ќе се измалтретирате сите. Голем град, многу пешачење, многу знаменитости, а со деца сите знаеме како е.
Нема најава. Годинава треба да има тендер од Влада за субвенционирање на нискобуџетни летови, па ако го добие Виз Ер (а веројатно ќе го добие), зависно од условите, можеби ќе ја вратат Барселона како дестинација.
Дали некој бил во Шпанија периодов? Планирам да одам во април па ме интересира дали покрај вакцина треба и ковид тест
И јас барам понуди за Шпанија за годинава ама не сум наишла на некоја. Во Браселона сум била веќе ок е, така да сакам на други локации типичен летен одмор, ама ич немам видено се за Турција и Египет ми излагаат. Ако има некоја некаква понуда убаво би било да сподели.
Има неколку понуди ама се со автобуски превоз, што мислам дека е доста напорно. Од нашиве агенции не верувам да имаат понуди за Шпанија годинава како за Египет или Турција (пакет авион + смештај), затоа што немаме веќе директна авионска конекција до Шпанија. Тоа зависи и од интересот, можеби и ќе искомбинираат авионски нешто. Јас би во сопствена режија Или во краен случај ако ви одговара преку српска туристичка агенција
@Ahoy Да, само Нехар има понуда со автобуски превоз.. Сопствена режија тешко, со две мали деца сме Турција веќе ми здосади но изгледа и годинава не ми бега
Пријатели преку Солун и Софија одеа до Палма де Мајорка и Ибица. Има лет од таму. Автомобилот плаќаа и го паркираа на аердромите. Во сопствена режија бираа хотели.