Здраво, Дали знаете со која авио компанија би можело да се лета од Скопје за Барселона, не мора да е директен лет. Wizzair имаа директни, но ги укинаа лани мислам..
Air Serbia, преку Белград. Има отворен тендер за директна линија и од Скопје, но рано е за детали. Најрано, втора половина на април можеби ќе има нешто ново. Ако прашуваш за летниот период, почекај со купување карти, може и ќе се отвори новата линија. Ако планираш патување за Велигден, ко што реков, Аir Serbia.
Некој да сподели искуство за Барселона. Планирам на одам почеток на Јуни преку Софија, ама овие сместувањата прескапи. Каде би било најсоодветно да се сместам зошто сакам да ги гледам градбите на Гауди, да шетам по трговски, кафичи...
Јас имам одено во Барселона преку Софија. Реално не е важно многу каде си сместена бидејќи во Барселона има многу организиран јавен превоз. Јас имам престојувано во хостели, можеш да ги разгледаш на booking и hostelworld (можеш и ако ти се свиѓа некој хостел да провериш дали има своја веб страна за директно преку нив да резервираш, така е поефтино). Ако не сакаш во хостел или ако сте повеќе луѓе, можеш да најдеш некој апартман на airbnb или booking
Се согласувам со @purpleblue Јас бев минатото лето во Барселона и бидејќи во центарот беше скапичко бевме сместени малку подалеку најдовме на airbnb, ама искрено ништо не ни смени тоа. Баш ние бевме појдени за шетање а не излежавање, се успеавме без измачување да видеме бидејќи превозот е преорганизиран. Ние лично се возевме со метро прелесно е за снајдување, секаде имаш инструкции и објаснето е преубаво а можеш и да изгуглаш за линии метроа баш се пишува. Мој совет веднаш да идеш до мобилара да си земеш интернет картичка не се сеќавам колку беа али ефтини се, баш за во секое време да се снајдеш за се
За Хостел ме предомислува само тоа што се дели бања со други. Инаку и нив ги гледав, ама дали пошто викенд се паѓа кога сакам да одам, и тие некако скапички, по 300 евра од вечер за двајца. @Emilija97mk , ова со картицава е стварно добар совет - мислиш за картица за телефон така ли ? Инаку да препорачате некое сместување каде сте биле вие или населба? Јас сместувањата што ги гледав пишување дека со во Грациа, Еиксампле, ел равел.
Од овие 3, јас би Ел Равел. Јас бев сместена во близина, го гледаш тагот: Предноста е што многу блиску е плоштадот Catalunya, каде што можеш да се симнеш и качиш на автобус од и до аеродром. Исто така, веднаш тука паралелно е ла Рамбла, а со тоа и пристаништето/кејот. Другите 2 предела ги ѕирнав, подалеку ти се.
@Малечка Маша , најдобронамерно, El Raval е најмалку безбедниот кварт во центарот на Барселона. Особено ако патуваш сама или со другарка/и. Проституција, грабежи, продажба и конзумирање на дрога сред бел ден може да се види редовно на дел од улиците на Равал. Ова е сериозен проблем и на локалната власт и на луѓето што живеат таму. Редовно се организираат протести за враќање на безбедноста на улиците. Појачано е и присуствотo на полицијата, ама проблемот не е решен. Погледни ги само насловите во локалниот печат од лани, октомври. Автентичниот дух на Каталуња е низ уличките и локалните барчиња на Gràcia. А тука ти е и Sagrada Familia. За себе би одбрала сместување во Les Corts или La Dreta del Eixample. Овде имаш солидна информација за повеќето комбинирани картички. И овде.
Благодарам за инфо. Значи ако најдам сместување и во ова Грација е океј нели? И ова Еигзампле го сретнував на air bnb. Инаку јас одам за да ги видам градбите на Гауди, Саграда фамилја, каса дел батло, музејот на Писако. Пропратно би седеле низ барчиња, ресторанчиња. Ако може и шопинг да истераме и еден ден плажа би било топ. 4 дена планирам да одам.
Да, @Малечка Маша , Gràcia e безбедна за престој и шетање. Граничи со La Dreta del Eixample. Убава зона е, помалку хипстер и боемска, а втората е поелитна. Види, и Raval е доста убав, автентичен и шаренолик. Може те уплашив со претходниот пост, не ми беше намера. Има што да се види и таму. Во овој кварт е и најстарата слаткарница во градот La Estrella отворена 1825г., потоа Rambla del Raval, театарот Liceu, Palau Güell (едно од делата на Гауди), MACBA - Музеј на современата уметност итн. Само сметам дека не е соодветен за престој, баш поради неколкуте проблематични улици каде што се сконцентрирани т.н narcopisos. *) Во близина е и Mercat de Sant Antoni, за мене, далеку поубав од познатата La Boquería која исто е во Raval. Кафулињата и ресторанчињата што гравитираат околу Sant Antoni се . *)види го линкот за детали околу безбедноста. Убаво информирај се и околу делата на Гауди. Оние што си ги набројала целогодишно се преплавени од туристи. Може да ги замислиш редиците на чекање во јуни. Casa Mila ја препорачувам пред Casa Batlló. Кај вторава е доволно да се види фасадата од надвор. ~35 € по човек е премногу за она што има да се види внатре. Има и други, помалку познати негови градби, кои на раат може да се уживаат. Ги виде линковите од претходниот пост? Во јуни се случуваат и неколку фестивали, музички и филмски, проекции на плажа, roof top журки, музика и весели луѓе на секој чекор. Убава е Барселона.
Јас имам другари што иделе преку Тирана и единствено се жалеа дека 7 саати патувале од Скопје до Тирана. Јас имам преку Софија идено само затоа што од Софија до Барселона лета и Wizzair и Ryanair, па имаш повеќе избор на летови, а исто и до аеродромот има метро што те носи директно од центарот на Софија. Е сеа ако најдеш поефтини карти преку Тирана не гледам причина зошто да не одиш од таму, плус поефтина е картата Скопје-Тирана од Скопје-Софија
Ти благодарам уште еднаш за инфото а и за линковите, навистина есенцијални информации. Како што гледав на официјалната страна за Casa Mila, Country yard of flowers и Country yard of butterflies - различни ли се? За Casa Batlo за да го видиш покривот претпоставувам треба да си влезеш внатре така? Дали за некои од антракциите е есенцијално да се букира влез однапред (за Саграда фамилија гледам ова е случај).
@Малечка Маша Букирај се што можеш однапред, Саграда фамилија и Парк Гуел задолжително, особено во сезона. Овие места се под време и брзо се распродаваат.
Одговор на првото прашање, да различни се Patio de las flores и Patio de las mariposas, со вклучен пристап и до двата и во најосновната карта од 25€. Пристап до покривот на Casa Batlló е вклучен во картата што би ја купила за влез. Sagrada Família има опции и за бесплатен влез. Исто и музејот на Пикасо, како и повеќето музеи во градот.
Ова лето решив да одмарам во Шпанија (5 дена Лорет и 2 Барселона). Се организирав со сопствен аранжман и увидов дека е многу скапо. Директен лет Белград- БЦН 320 евра, апартман за 2 ноќевања Барса 100 евра од човек, Лорет по 260 евра, значи само за сето ова над 700 евра до сега. Ќе пишам импресии за некој ден, но мислам дека згрешив со изборот Палма де Мајорка подобро ќе одговараше со оглед на средствата кои ги потрошив …
Здраво пак од мене. Го одложив патувањето за Барселона за оваа есен. Читав дека има многу pickpocketing, па да дадете некој совет околу тоа.