Бартонела

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Najslab, 20 март 2021.

  1. Najslab

    Najslab Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Дали некој знае каде можам да испитам мачкино гребнување, односно Bartonella?

    Помош, некој? :(
     
    Последна измена од модератор: 27 март 2021
  2. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Јави се на матичен. Не значи дека ако те гребне мачка имаш бартонела . Имаш симптоми некои ?
     
  3. Najslab

    Najslab Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Ги имам сите симптоми за Бартонела. Ме изгреба, ме касна мачка со болви и исто и болви ме искасаа. Болвите и мачките се преносители на таа бактерија. Бактеријата си седи во организмот и полека си “грицка“. Ми ги дуе лимфните жлезди под ушите и ми прави брунчиња. Ми го затнува носот без да имам шлајм и ненастинат воопшто. Потам околу тилот и вратот. Немам кондиција да качам 2 спрата, а бев прилично спортски активен. На нозете од внатрешната страна под глуждовите имам микро-пликови. Долниот дел од нозете ми се како потечени. И најлошо од се’ е што губам краткорочна меморија и сум свесен за тоа, заборавам имиња на луѓе после 3-4 минути. Треба да ги повторувам неколку пати, запишани на мобилен, за да ги запомнам. Сите овие симптоми, отвори на гугл и прочитај, се од Бартонела Хенесли. На брис од грло не ја појавува, бидејќи е во крвта и лимфните жлезди. Мора да се направи биопсија на ткиво за да се докажи. Во Битола не постои таква институција што може да направи биопсија на ткиво. Бактеријата е во ранг на микро-бактерија која не знаеле дали да ја сврстат во бактерија или вирус. Многу е паметна, кога во крвта има антибиотици, се пика во клетки и таму седи додека антибиотикот не замини, потоа пак си излегува. Едино чаре се комбо-антибиотици што се даваат за туберкулоза, туберкулостатици и треба да се пијат подолго време, неколку месеци. Е сега, пошто јас не можам да докажам дека ја имам, овде во Битола, на ТБЦ докторите без доказ не сакаат да ми дадат такви комбо-антибиотици (3 или 4 во 1 по точна милиграмажа). Имам мака веќе година и 2 месеци, од јануари 2020. Ми рекоа дека некоја лабораторија во Скопје правлеа такви испитувања, само не знам дали во државно или е приватна. :(
     
  4. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.281
    Допаѓања:
    33.451
    Пол:
    Женски
    На кое место те изгреба мачката? Локално имаш нешто?
    Потечени ти се лимфните јазли веќе 1 година? И ти убеден си дека тоа е од што те изгребала мачка?
    Матичен доктор на какви испитувања те има испратено?
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.373
    Допаѓања:
    200.778
    Пол:
    Женски
    А си направил стандардни испитувања кај матичен лекар? Вакви симптоми не се ексклузивни за бартонела.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Najslab

    Najslab Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Абе мене болви ме искасаа, плус и ме касна и маче и ме изгреба диво, пробав да го припитомам. Направив 2 пати брис од грло, ништо. Крвта ми е добра, само џигерот ми е малку покачен, нормално за бактерија шо ме грицка. Снимив гради на рентген, во ред сум. Сега ме пуштија да направам КТМ на синуси, ама мене проблемот ми е во средно уво. Имам нешто шо ми прај шлајм и цело време ми течи во грлото низ каналот шо оди до грлото, Еустахиева туба. Ги осеќам полни ушите, позади тапанчето, во средно уво. И кога подголтнувам ми прави она “плоп“ како меурче да врви низ течност. Од ушите мислам дека ми оди накај синусите кога спијам, оти спијам настрана. И така ми го затнува и носот. Бев и во ТБЦ, ама докторката ми вика, абе во Скопје сега сите тие оддели се претворени во ковид центри и не можам да те пуштам таму. На матичната му реков, дај барем да пробаме да не имам паразити случајно со Ивермектин. Ми вика дека не смеј да препиши, освен ако не сум позитивен на ковид. И сега треба да сум позитивен, да ме чукнат 2 недели карантин, за да можи да ми дај барем да пробам да не е паразит?! Како се испитува бе паразит?!
     
    На Ververica123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.717
    Допаѓања:
    172.702
    Пол:
    Женски
    Јави се во Авицена, таму испитуваше пријател за Лајшманиоза ... треба и за твоево да има.


    И не..не треба да те чукнат у карантин..
    Треба само да ти испитаат што ти е..
    Лекарства само за "ДА ПРОБАМ" да не е ова или она не ни треба да препишуваат
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  8. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.281
    Допаѓања:
    33.451
    Пол:
    Женски
    Sorry, ама мене ептен хипохондрички ми звучиш. Ти конкретни дијагнози и промени немаш од тоа што си испитал, единствено си си препишал на себе сѐ што си прочитал на интернет.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Како дете сум припитомила мачки еден куп. Гребана касана што не. Сеуште имам по некоја лузна. Па освем стрептокот и стафилокок не сум добила друго. Немој да читаш на интернет ,се може да ти излезе. И исто така ако жлездите ти се потечени повеќе од година дена треба специјално за тоа да се испиташ без разлика дали има ковид или не. Ке си одиш на лекар со заштита не си играј. И патем дали си сигурен/а дека ти се потечени ?? Исто така и јас имам проблем со секрет кој што се слева на долу зад носот веќе скоро година. Крвната слика ми е во ред , а исто така и клиничката слика на преглед. Моментално сум бремена затоа неодам синуси да испитувам. Муабетот ми е , немора да значи дека имаш паразит или таква бактерија. Барај да испиташ поединечно симптоми без претпоставки и без разлика што е ковид ситуација.
     
  10. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    @Najslab А за хипохондријата се консултираш со психолог? Когнитивна терапија, лекови...нешто? :?:

    Не ме сфаќај погрешно, ама ептен исплашено и анксиозно делуваш. Еден куп медицински термини си научил напамет. За тоа или треба да студираш медицина, или да гуглаш по неколку часа дневно.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Najslab

    Najslab Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Скраја да е хипохондар. Ако бев, немаше да чекам од јануари 2020 досега, туку ќе висев по болници. Јас си се знам себеси и знам какво ми беше здравјето до 2020. Сега веќе една година ми течи шлајм од средно уво во грлото и затоа и пишав тука. За советот за Авицена, благодарам, ќе прашам. Иначе мачките од цело маало јас ги хранам и секогаш имам по 5-6 во дворот. Ме гребеле, ме касале, ама болви не се сеќавам да ме искасале. Ова беше прв пат и вакво нешто не ми се случило досега, да ми потечат лимфни жлезди зад увото, да ми го затни еден месец, да не можам да слушам. Да ми се прави секрет во средно уво, па потоа да ми префрли и на другото уво по еден месец. Да ми затнува нос, ама нецелосно, односно да ме мачи при дишењето... знам само дека не е ковид, оти веќе е повеќе од година. Крвната слика и мене ми е во ред. Градите на рентген ми се супер. И би ве замолил вас што не ме познавате, да намалите малку со тоа хипоглупостите... си имам мака, сериозно.
     
  12. Women11

    Women11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво, дали имаш инфо каде може да се испита бартонела?
     
  13. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    8.413
    Пол:
    Женски
    Систина има можност да се проверат антителата IgG и IgM ама се чека две недели резултат затоа што се праќа за Турција примерокот.